vozdvizenie.jpg


Б) ВИДЕНИЕТО (ВИЗИЈАТА) ЗА БОГА

Повторно да се вратиме на анализата на иконата напоредно со Евангелието. Иконата е направена во два плана: три личности горе и три долу. Има голема разлика во држењето меѓу двете групи На горниотдел од планината, Мојсеј и Илија стојат крај Христа; тие се влезени во светлиот круг и земаат удел во Славата Божја, во полна хармонија со Него. Додека апостолите, кои се во долниот дел од иконата, во подножјето на карпата, збунети се и нивното држење изразува неред, збрка. Овој контраст не потсетува дека човекот не може да Го види Бога со своите телесни очи.
Мојсеј и Илија стојат таму, на планината, и ја поднесуваат Светлината на Бога, зашто за време на нивниот земен живот, тие биле заедно со Исаија, ед инствените луѓе по падот на кои Бог им дал можност да Го видат (Излез 33,18-23 и Прва книга на царевите 19,9—13). Освен тоа, тие се преминати во другиот свет и нивните очи не се повеќе ограничени на материјалниот свет. Мојсеј умрел во пустињата пред да д ојд е во Ветената земја (Повторени закони 34,1-7), Илијасевознел на огнена кола и неговиот премин од земјата на небото останува таинствен (Втора книга на царевите 2,11 -13).
Илија слегол сд небото на гората Тавор за да Го набљудува (созерцава), Бога Кој станал човек, додека Мојсеј, собран преку смртта со своите татковци, ги претставува оние што го очекуваат доаѓањето на Христа во адот. Мојсеј и Илија се поклонуваат пред Христа. Мојсеј го изобразува (претставува) законот, Илија, пак, доаѓа во името на пророците за да сведочи, заедно со него, за божеството на Христа Кој е „Исполнување на Законот и на Пророците".

Прегледајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене; но не сакате да дојдете при Мене, за да имате Живот!... Всушност. ако бевте му верувале ма Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако пак не верувате на неговите Писанија, како ќе им поверувате на Моите зборови? (Јован5,39-40, 46-47).

В) ОД ПРЕОБРАЗУВАЊЕТО ДО КРСТОТ

Си се преобразил на гората, Христе Боже,
Твоитеученици ја видоа Славата Твоја,
колку што поднесуваа, закогаќе Те видатраспнат,
да разберат дека Твоето страдање е драговолно
ида му проповедаат на светот
дека си Ти навистина Светлината на Отецот.

(Кондак на празникот.)

Родителот: Дали забележа дека во расказот на Лука има едно прецизирање. Мојсеј и Илија зборуваат со Исуса за Неговото скорашно заминување што требаше да се исполни во Ерусалим. За кое заминување станува збор, што мислиш?
Детето: Исус умрел во Ерусалим и таму е Неговото заминување.
Родителот: Добро одговори. Исус ги подготвува апостолите за Својата смрт, зашто Он ќе поднесе страшна и навредлива смрт, смртта на крстот. Повеќе не ќе има слава. Затоа ги избира Петра, Јакова и Јована за да Го видат во слава и да не паднат во очајание во моментот на искушението. Дали се сеќаваш на еден друг момент кога истите овие тројца апостоли беа избрани од Исуса за да Го придружуваат?
Детето: Ами да, настанот на Маслинската Гора.
Родителот: Што правеа тие таму?
Детето: Спиеја со тежок сон.
Родителот: Всушност, тие и овде се наземи, и овојпат се заспани, бидејќи не можеле да го поднесат страдањето. Тие не си спомнале за Христа во Слава, иако Исус ги подготвил за тоа. Дури и Петар, кој беше Го исповедил Христа за Син Божји, во Кесарија, (Матеј 16,15-16), се исплашил и заборавил се, па дури и се одрекол од Исуса.
Апостолите ќе сфатат дека Исус Христос е Бог дури по Воскресението; а по Педесетницата ќе го објават божеството на Синот, како сведоци очевидци на Неговата Слава, бидејќи Духот ќе им помогне да ја познаат целата Вистина. Никој не може да исповеди дека Исус Христос е Син на Оца, вистински Бог од Бога вистинскот, ако Светиот Дух не го научи (1 Коринтјаните 12,3).
Детето: Тројцата апостоли присутни на Преображението ја заборавиле Славата Христова и се успале во моментот на агонијата; значи, Исус си го губел времето на Тавор!
Родителот:Сета надеж што апостолите ја имале во Царството Небеско се урнала кога Го виделе Христа на Крстот. Во тој момент сите тие ја доживеале бездната на очајанието. Во извесна смисла, тие минале преку смртта заедно со Христа и го почувствувале напуштањето на Бога. „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?" (Марко 15,34 и Псалм 21 /22/). Тука е целиотживот на христијанинот, по образот на крштението: да мине преку смртта со Христа за да воскресне со Него. За време животот на секој човек, Бог секогаш му дава мало видување на Неговата Слава за да го подржи во искушението. Сигурен сум дека го знаеш тоа, уште од твоето детство. Има денови кога Бог ни изгледа сосема близу и нашата молитва е вистински разговор со Него. Понекогаш дури и мошне силно го чувствуваме Неговото присуство и Неговата љубов кон нас. Он интервенира со сила во нашиот живот преку чудеса. Потоа настапува молчење и се ни изгледа мрачно, свет без радост и Бог рамнодушен кон нашата несреќа. На тој начин во нашиот живот секојдневен живееме една последователност од смрт и воскресение. Во денот на искушението, да се обидеме да си спомнеме за Христа во Слава и да ја повикаме Неговата светлина во нас, во мракот на нашата душа:

Ја набљудувам Твојата празнична палата, Спасителе мој,
А немам облека за да влезам во неа.
Осветли ја облеката на мојата душа.
Ти Кој даваш светлина (Светодавче) и спаси ме.

(Песна од Светлата седмица.)

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

Бог е жив - ИКОНАТА НА СВЕТА ТРОИЦА