П. Што е грев?
О. Грев е прекршување на Божјите заповеди.
О. Грев е прекршување на Божјите заповеди.
П. Со што ние грешиме?
О. Првенствено со збор, дело и помисла, а исто така и со петте сетива: поглед, слух, мирис, вкус и допир
.
П. Како се делат гревовите?
О. Според Светото писмо, некои гревови водат во смрт, а некои не.
П. Како се делат гревовите?
О. Според Светото писмо, некои гревови водат во смрт, а некои не.
П. Што е смртен грев?
О. Смртниот грев е непокорен бунт на човекот против Божјата волја и таквиот грев го одделува човекот од Божјата благодат и уништува секое добро во душата.
П. Како се делат смртните гревови?
О. Смртните гревови се делат на прародителски и лични.
П. Што е прародителски грев?
О. Прародителски грев е прекршување на Божјата заповед што му беше дадена на Адама во рајот
.
П. Со што се истребува овој грев?
О. Со крвта на Синот Божји, во Светото крштавање.
П. Со што се истребува овој грев?
О. Со крвта на Синот Божји, во Светото крштавање.
П. Што е личен грев?
О. Личен грев е онај којшто ние сме го направиле по Светото крштение со својот разум и волја во зрела возраст, а против Божјиот и моралниот закон.
П. Со што се истребува овој грев?
О. Со чисто и вистинско покајание и со Крвта на Синот Божји.
П. Што е несмртен грев т. е. којшто се простува?
О. Несмртен грев е онај којшто не нè лишува од благодатта и може лесно да биде простен.
П. Колку несмртни гревови има?
О. Не е можно да се избројат несмртните гре- вови, според Псалтирот: Паѓањата во гревови кој ќе ги разбере (Пс. 18, 13)?
П. Колку смртни гревови има?
О. Гревови смртни, изворни и главни има седум 1) гордост, 2) лакомост, 3) блуд, 4) завист, 5) стомако- угодие, 6) злопамтие, 7) мрзливост. Сите овие гревови се нарекуваат главни, почетни зашто од нив произлегуваат сите други гревови.
П. Со што се победуваат овие гревови?
О. Со спротивните на нив добродетели и тоа:
1) гордоста се победува со кроткост и смиреност,
2) скржавоста со дарежливост,
3) блудот со противење на телото и со чистота,
4) зависта со љубов,
5) стомакоугодието со воздржаност и трезвеност,
6) злопамтието или гневот со трпение и кроткост,
7) мрзливоста со ревност и трудољубие.
П. Уште какви гревови има?
О. Следуваат шест што се нарекуваат гревови против Светиот Дух:
1) неоснована надеж на Божјата милост,
2) очајување за своето спасение,
3) противење на знаена, утврдена и несомнена вистина и отфрлање на Православната христијанска вера,
4) завидување на духовните дарови што нашите ближни ги примаат од Бога,
5) пребивање во гревови и соучествување во злобата,
6) немар за покајание сè до крајот на својот живот.
Има уште четри гревови што викаат до небото за одмазда. Тоа се:
1) намерно убиство на човек,
2) неприроден блуд,
3) угнетување на сиромашните, особено на вдовици и сирачиња,
4) неиздавање и закинување на заработката на оние коишто се трудат за нас.
1) намерно убиство на човек,
2) неприроден блуд,
3) угнетување на сиромашните, особено на вдовици и сирачиња,
4) неиздавање и закинување на заработката на оние коишто се трудат за нас.
П. Со што се победуваат овие гревови?
О. Со добродетелите и со вардење на Божјите за- поведи, со скрушување на срцето, со покајание, испо- вед и епитимија.
П. Кои добродетели христијанинот е должен да ги врши и упражнува постојано?
О. Следниве: на прво место, ден и ноќ да се поучува Божјиот закон, како што вели Псалмопевецот во првата псалма, и како второ, да се моли на Бога во секое време, како што Христос ни објавува во Евангелието: Чувајте се, вашите срца да не отеж-нат од разузданост, пијанства и претерани грижи за животот; и да не дојде на вас овој ден одненадеж како примка; ќе дојде имено на сите кои живеат по сета земја. Туку бидете будни и молете му се на Бога во сето време, за да сте кадри да го избегнете сето тоа што ќе се случи за да застанете пред Синот човечки (Лк. 21, 34 - 36).
СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ
ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј
Издава
Издавачка установа К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид
Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј
Лектура: Д-р Стојан Ристески
О Х Р И Д
1995