Тропар на светиот   Христов исповедник
Теофил Струмички
10/23 октомври

Глас 1.
Исповедниче на вистината,   
 истоимениче на Божјата мудрост,
   длабочино на познанието,
 тебе Теофиле Христос Спасителот  
  Ти го откри Својот Лик,  
 во длабочината на твоето срце,      
 и оттаму ти ги исповедаше Иконите  свети.    
 Моли се за нас оче свети, пред Божјиот Престол,          
 душата наша како Икона чиста,       
 да се претстави пред Неговото Лице.

 

 Тропар на блажениот
преподобен отец Андреј Тотемски
 јуродив заради Христа
10 октомври / 23 октомври

Презирајќи го светот со неговата суета,
ја надмина минливоста со верата во Христа,
умирајќи за земноста, пред времето да го потроши твоето тело.
Затоа од Господа облагодатен свет подвижнику,
моли се пред Него да се удостоиме,
на она што око не видело и уво не чуло.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
двестe маченици
10 октомври / 23 октомври

По нивните молитви Господи,
по застапништвото на оние кои во крвта своја
се крстија, поверувајќи во Твојата вистина,
посведочени од верата Евлампиева и Евлампиина света,
за живот вечен во вечното Царство Небесно,
каде стигнаа двестe кандила неугасливи
со мирис на темјан непрестан.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Евлампиј и Евлампија
10 октомври / 23 октомври

Чест и поклонение денес кон вас покажуваме,
маченици свети Евлампиј и Евлампија,
бидејќи ревност за верата Христова покажувајќи,
нѐ научивте како на Господа да се принесе,
не жртва сепаленица иако мноштво маки претрпевте,
-    туку срце очистено, за Бога спремно положивте
во вашето пред светот исповедништво.
По нивните молитви свети, Господи спаси и помилувај.




Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Васијан Сириски
и Константинополски
10 октомври / 23 октомври

Пример на добродетели за сите постана,
преподобниот Васијан, Христе Господи,
на чии молитви денес се надеваме.
Пастир на овците словесни постана,
сведочејќи го животот по Твоето евангелие
и благодат Божја преку него се раздаваше,
во чудеса кои преку него, Ти Господи ги твореше.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик Теотекн
10 октомври / 23 октомври

Спомни Си за нас Господи по молитвите Теотекнови,
кој венец маченички доби, за ближниот
животот свој положувајќи го,
и Тебе прославувајќи Те,
до крај останувајќи во вистината Твоја,
за која срцето си го врза.
Затоа сега се радува во Небесната татковина,
војник Твој постанувајќи, за спасение на родот човечки.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобните
дваесет и шест Христови
Зографски маченици убиени од Латините
10 октомври / 23 октомври

Трοјновеликите светилници,
Богоизбраниот полк на дваесет и шесте отци
на Божествената Зографска обител,
кои латинската прелест ја изобличија и насилно во оган завршија:
Тома пастироначалникот, свештениот Варсануфиј,
достојнославниот Партениј и останатите подвижници,
собрани со песни да ги почитуваме, зашто тие
Пресвета Троица, секогаш за нас ја молат.

 
Извор МПЦ – ОА

 

 


Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 2310/2022

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2022 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Преподобен Теофил Исповедник

По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.