Тропар на светиот
Апостол Христов Филип
11 октомври / 24 октомври

Апостоле Христов Филипе,
тебе Господ ти дарува пород од телото,
и преку тебе Духот Свети
приведе мнозина кон спасение,
Христов чудотворче,
на ангелите собеседниче,
моли се пред Спасителот
во борбата да не омлитавиме.


 Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 Тропар на светите
Христови маченички
Зинаида и Филонила
11 октомври / 24 октомври

Отфрлени од светот како болест неизлечлива,
но обележани од ангелите како жртва жива
на Господа угодна, свети маченички Зинаидо и Филонило,
поука станавте на сите кои евангелска мудрост побараа,
и Господа Го прославуваат по вашите свети молитви,
Кој со венец маченички ве закити.

 


Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 24/10/2020

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

 vozdvizenie.jpg vozdvizenie.jpg

Светиот апостол Филип    

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

vozdvizenie.jpg

 Светите маченички Зинаида и Филонида

Родени сестри, родум од Тарс. Велат дека му се роднини на Св. апостол Павле. Како девојки се одрекоа од светот заради Христа и се повлекоа во една пештера на подвиг. Ја познаваа лекарската вештина и им помагаа на многумина болни. Особено Филонида, заради големиот пост, се удостои со дар на чудотворство. Но некои неверни ги нападнаа ноќе и ги убија со камења.