ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на света
Параскева
14 октомври / 27 октомври

Пустинскиот и самотен живот си го засакала,
и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала
и благиот Негов јарем од младоста си го зела,
со крстот си се наоружала против враговите на душата,
со пост, молитви и капки од солзи си ги угасила
страстите многуславна Параскево.
Во небесните живеалишта со мудрите девојки
кога стоиш пред Христа моли се за нас,
кои го празнуваме чесниот ти спомен.



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светите
Христови маченици
Гервасиј и Протасиј
14 октомври / 27 октомври

Од утробата света на Виталиј и Валерија
изнедрени бевте и душите ваши за Христа обручени
ги сочува благодатта Господова,
о, Гервасие и Протасие. Затворот ви стана
предворје на Царството Небесно,
а мачеништвото крилја молитвени
кои небесата ги освоија.
Радувајте се сега и за нас молете се
кои поклон пред моштите ваши свети принесуваме
и Христа Бога во веки Го прославуваме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Назариј и Келсиј
14 октомври / 27 октомври

Животот земен минлив на Бога го посветивте,
усрдно служејќи на вистината.
Патиштата ваши станаа патека
О, Назарие и Келсие, која од мачител до мачител
кон Господа ве поведе, закрилени од благодатта
која сила даваше на вашето мачеништво и исповедништво.
Венец на слава вечна добивајќи, спомнете си
за нас кои денес ве честуваме и Бога Го прославуваме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
отец Никола свјатоша
14 октомври / 27 октомври

Татковината и славата на твоето кнежество
си ги оставил на Кнезот на смирението,
Христа ревносно си Го следел,
преподобен оче Николае,
затоа од Него си примил вечно Царство
и слава на Небесата, каде ликувајќи,
спомни си за нас кои верно го славиме
светиот спомен твој.


7.Vselenski.sobor 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на светиот
Христов маченик
Петар Авселамски
14 октомври / 27 октомври

Силата твоја телесна, иако по зборовите
на проповедникот малакса, под ударот на времето,
не ја поколеба духовната, со која ти пред светот и лагата,
цврст исповедник и маченик за Христа стана.
Молитвите за мачителите и љубовта кон ближниот,
нека бидат и за нас залог, о, Петре пред Бога Живиот,
Кој дава опростување на гревовите.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче



Православен календар за 26/10/2023

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

 

Esen.manastir1.jpg

Преподобна Параскева (Петка)

          Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост.

Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват.

Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.