ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Crkva.Vegoshti

Тропар на свети Наум
 Охридски чудотворец

23 декември / 5јануари

 Глас 4
Прилепувајќи се кон Христа, си го оставил светот;
плотта распнувајќи ја живееше по Духот, преблажен Науме.             
 Трудејќи се да се подвизуваш апостолски,
го улови кон верата безбројното мизиско множество.

Така и нас со твоите молитви избави н# од искушенија.

 Извор МПЦ-ОА

И друг:
Тропар на свети Наум
Охридски Чудотворец

23 декември / 5 јануари

О снисхождение Господово,
о љубов Божја излеана,
за народ небесна копрена,
преку тебе велик Науме,
надеж наша во Господа полагаме,
име ти именуваме, срце си очистуваме.
Моли се за нас ангелу на Црквата која те прославува,
за народ кој пред тебе колена преклонува.


Crkva.Vegoshti 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче

 

 

 

Тропар на светиот
Христов епископ
Нифонт Кипарски
23 декември / 5 јануари

Crkva.Vegoshti

Благословен си Господи Боже наш,
Кој најде сокровиште во срцето,
на Нифонт пастирот твој.
Блажен си ти Нифонте примеру на покајание,
Миленику на Пресветата, собеседнику на Ангелите,
 застапнику на грешниците,
кој и сега се молиш за нас неокајаните,
да припаднеме сите кон Христа,
и по твоите молитви,
од Него милост да измолиме.

Crkva.Vegoshti

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
епископ Христов
Павле Неокесариски
23 декември / 5 јануари

Crkva.Vegoshti

Глас 1
Блажени се рацете твои Павле епископе,
со кои благословот одозгора
во молитва за простување се подава,
над главата на оној кој се кае,
и благословен е нашиот Бог
Кој преподобието твое во
пастирство епископско го приведе,
во слава Негова и за наше спасение
во Небесната Црква.


Crkva.Vegoshti

Crkva.Vegoshti
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
десет Критски
Христови маченици*
23 декември / 5 јануари

Crkva.Vegoshti

Глас 1
Ревноста ваша од последни – први ве доведе
до слободата, о маченици свети,
кои верата за патеводителка кон Христа ја имавте.
Радувајте се во небесните градини
и за нас молете се достојнославни воини,
кои во малку верни – вечноста ја добивте.

 
*Теодул, Сатурнин, Евпор, Геласиј, Евникијан,
Зотик, Помпиј, Агатопус, Василид и Еварест

Crkva.Vegoshti

Crkva.Vegoshti

Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча, Слепче




 


Православен календар за 05/01/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 Bogorodica.Modenska.jpg

 Свети Нифонт Чудотворец    

Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на мноштво гревови и порорци. Заради гревовите не можеше да Го моли ни Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои Бог! Не постои Бог!“ Но кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од тешките искушенија. Беше толку проѕорлив што ги гледаше ангелите и демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се препираше. Ѝ подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на Кипар. Во тоа време Свети Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта го посети Св. Атанасиј Велики, архиѓаконот на александриската Црква и му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.

 

 Преподобен Наум Охридски Чудотворец   

 

Тропар, глас 4.

Откако се соедини  со  Христа, си го оставил телото, Науме  преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави не од искушенија. 

sv.Naumohridski.jpg

Преподобен Наум Охридски Чудотворец    

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.