Тропар на Водокрст
 5јануари/18 јануари
                                 
Глас4 

Кога се вознесе Илија,  
се поврати тогаш реката Јордан
  од кожувот Елисеев,  
и се разделија водите на две страни
и водениот стана за него сув пат,
   како праслика на вистинското Крштение,
   со кое текот на овој живот го поминуваме:
     Христос се јави на Јордан, за да ги освети водите.

 
Извор МПЦ-ОА

 

Тропар на светата
Христова девственица
блажена Синклитикија
5 јануари / 18 јануари

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана,
милосрдието – солза со која
ги миеше душите на натажените,
подвигот телесен ја покажа силата Христова во тебе.
Ние тоа гледајќи го верата ја засиливме
и со благодат се напоивме од твоите свети молитви,
кои и сега ги вознесуваш пред Бога
за спасение на родот човечки.

 Staroslovenski.SV.Sinklitikija

Извор МПЦ – ОА
манастир свети Јован Претеча Слепче


•    Од Македонската земја

 

 

Тропар на светата
Христова девственичка
Аполинарија
5 јануари / 18 јануари



Благословен си Ти Господи Боже наш,
Кој демонот го посрами преку девственицата
твоја – света Аполинарија,
блажена си ти мајко наша преподобна,
која со благодатта природата ја надмина
и пример мажествен ни остави,
сведочејќи дека со надеж во Бога сѐ е можно.
Затоа моли го Господа насекаде да долева вода жива,
за оние од кои ти си чествувана, во слава Негова.

Staroslovenski.SV.Apolinarija

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите маченици
Теопемт и Теона
5 јануари / 18 јануари

Staroslovenski.SV.Teopemt.Teona

Силата Господова во твојата немоќ се покажа
о свети Теопемте, кога од желбата
за светот откажувајќи се
единствено на Бога му служеше.
Преку тебе Теона беше поведен кон спасение,
а непријателот човечки посрамен,
молете се вие пријатели Христови
да се спасат нашите души.

SV.Teopemt.Teona 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (18.01.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:    

Богојавленски Голем водосвет

 

Преподобна Аполинарија

Ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј Помладиот. Таа му беше постарата ќерка, а помладата беше луда. Аполинарија не сакаше да се мажи, туку во срцето стана Христова свршеница и замина во пустината Мисирска. Во машка облека и под машкото име Доротеј, стапи во машки манастир, каде се подвизуваше вознесувајќи го непрестајно својот дух кон Бога и горејќи од љубов кон Создателот. Некој му посоветува на царскиот намесник да ја испрати неговата луда ќерка кај пустинските монаси да ѝ прочитаат молитва. И по Божја Промисла се случи постарата сестра со својата силна молитва да ја исцели својата луда сестра. Дури кога Аполинарија се упокои, се објави тајната дека не беше машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица остана за пример и поттик на многумина низ вековите. Се упокои во 470 година.