Тропар на светиот
Методиј Солунски
6 април / 19 април

Словото Божјо, слово земно подаде,
 кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,
а Он Началникот на животот устрои заради апостолските подвизи –
празник на твоето кон Животот восходење,
Господи слава Ти.


Извор МПЦ-ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

Тропар на светите
сто и дваесет
Христови маченици Персиски
6 април / 19 април

Кандило запалено сте за нас пред Христа Бога
о свети маченици Персиски, оган непрестан е молитвата ваша
која го исушува морето на нашите прегрешенија.
Радувајте се вие чија жртва непорочна,
Агнецот ја прими и ве подигна на престолот
закитен од верата ваша во живот бесмртен.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 



 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Тропар на светиот
патријарх Цариградски
Евтихиј
6 април / 19 април

Евтихие пастиру Божји,
Евтихие чудотворче кој смирено
заради Христа врлинско трпение покажа,
радувај се ти наш огнен молитвениче,
примеру на епископите и слaво на Црквата Господова,
од чии молитви и денес паствата се спасува.

Aleksandar.N.sv.Haralampij




Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

Тропар на преподобниот
и богоносен отец
Григориј Синаит
6 април / 19 април

Твојот подвиг Григорие свети стана мирна вода
која со Изврот се соедини,
од земниот живот твој ангелите столб благодатен
кон небото подигнаа. Срцето за Христа припремено,
светлината на Духот да ја скрие не можеше пеејќи непрестано,
незапирливо – Господи Исусе Христе помилуј нé.
И нас сега спомни нé од местото на Светлината нетлена.

Aleksandar.N.sv.Haralampij
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Тропар на преподобната мајка
Платонида
6 април / 19 април

При бањата на повторното раѓање,
ревноста те поведе кон преумување
о Платонидо мајко наша преподобна,
светот го остави, за да на Бога угодиш
во војската на светите пустиножители.
Моли се за нас света девственичке која
ширината на небото ја достигна
 хранета со благодатта Христова.
Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (19.04.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

 

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

Свети Евтихиј, патријарх Цариградски

Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците на Црквата, како со својата ученост така и со благочестието. Кога настана препирка за тоа можат ли еретиците после смртта да бидат предадени на анатема, тој го застапуваше мислењето дека можат, повикувајќи се на 3 Книгата Царства 13, 1 - 8 и на 4 Книга Царства 23, 16. Многу му омиле на царот Јустинијан и на патријархот Мина. Царот често го прашуваше за совет, а Мина (кој во тоа време беше мошне богат) го назначи за свој наследник и го замоли царот тоа да биде спроведено и во дело. Така и беше. Свети Евтихиј мирно управуваше со Црквата дванаесет години. Но тогаш ѓаволот крена бура против него. Оваа бура го зафати и самиот цар Јустинијан. Имено, царот се опрелести и падна во монофизитската ерес на автартодокетите, која учеше дека Господ Исус и пред Воскресението имал Божествено и нераспадливо тело, без чувство за глад, жед и болка. Евтихиј одлучно стана против оваа ерес, заради што царот го протера во прогонство во неговиот прв манастир. Овде тој поживеа дванаесет години и осум месеци и се покажа голем чудотворец. Исцелуваше од разни болести со молитва и помазувајќи со елеј. Јустинијан се покаја и умре, а него го наследи Јустин, којшто го врати Евтихиј на патријаршискиот престол, на кој светителот остана до својата смрт мирно управувајќи со Црквата Божја. Во својата седумдесетта година, во 582 г. се пресели во Царството на Господ Христос, Кому верно и храбро Му служеше сиот свој живот.

Светите Сто и дваесет маченици
коишто пострадаа во Персија

Кога персискиот цар Сапор ги ограби византиските земји, одведе во ропство сто и дваесет христијани. Откако залудно ги присилуваше да се одречат од Христа и да му се поклонат на огнот, ги фрли во оган и живи ги изгоре. Меѓу овие маченици имаше и девет девици посветени на Бога. Сите пострадаа чесно меѓу 344 и 347 година.