
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, деновиве излезе од печат ново издание од богатата издавачка дејност на мисионерско-хуманитарната дејност „Ѓаконија“. Станува збор за книгата „Пастирска помош на душевно болни“ од Игумен Евмениј, чијшто превод на македонски јазик го направи презвитерот Игор Никовски.
Книгата обработува многу болни прашања од духовниот живот на современиот верник. Оваа книга може да се препорача како на психолозите и пастирите кои секојдневно се соочуваат со опишаните во неа психолошки типови на луѓе и растројства во психата на современите новообратеници, така и на верниците на кои оваа книга треба да им помогне да ја разберат својата душа, своето однесување кон духовникот, за да можат, разоткривајќи ги и анализирајќи ги своите грешки, да се потрудат да ги поправат.
{moshits}