s.Pajsije.Svetogorac.jpg

 

Старец Паисиј Светогорец

Светите Отци во старо време најпрвин бегаа во пустината и во подвиг ги опустошуваа своите страсти. Без свои планови и програми преку послушанието се предаваа во рацете Божји. И покрај тоа што достигнуваа успех во мерата на светоста, ги одбегнуваа чиновите и власта, освен ако Мајката Црква имаше потреба од нив.

Тогаш, тие ѝ се покоруваа на волјата Божја преку нивниот свет живот да се прослави Името Божјо. Значи, откако ќе постигнеа една добра состојба на духовно здравје, преку добра духовна храна во пустината и преку будното следење на Отците, тие стануваа духовни крводарители. Во наше време за жал, многумина од нас под влијание на световната љубов која нема духовно покритие, сакаат наводно да сторат добро, да даруваат крв, а таа е полна со духовни микроби, со што причинуваат поголема штета.