metodij.vindzor1.jpg

Во неделата, на 17 фебруари 2008 година, на денот кога ги празнуваме Преподобните Исидор Пелусиот и Николај Исповедник, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија.

metodij.vindzor2.jpg

metodij.vindzor4.jpg

metodij.vindzor3.jpg

metodij.vindzor5.jpg

metodij.vindzor.jpg

metodij.vindzor6.jpg

metodij.vindzor8.jpg

На богослужбата чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Протојерејот-ставрофор д-р Александар Мустеников и Архиѓаконот Стефан Барјактаров. Митрополитот Методиј  кој срдечно беше пречекан од стотина парохјани на многу приемчив начин  беседаше за Митарот и Фарисејот. Потоа ги нагласи важноста на простувањето и припремањето за Велигденскиот пост. Отец Мустеников зборуваше за братската љубов и слога кои придонесоа да оваа заедница покаже видлив матерјален и духовен напредок.

metodij.vindzor7.jpg

По Литургијата и братската трпеза нашиот Владика ги разгледа новоизгрдените и реновираните објекти и со верниците разговараше за идните планови и иницијативи на оваа црковна општина која всушност е една од најнапредните ви Американско - Канадската Епархија.

 

Текст Г. Стефанов Фото: И.Јанчев

 

Посети:{moshits}