Стара коледарска византиска песна

 

Koledarcinja.jpg

 

   Нека Господ ни дари смелост и љубов, великодушност за да бидеме Негови возвестници и свидетели, и нека биде Господовиот благослов на вас, преку Неговата благодат и човекољубие, непрестано, сега и секогаш и во вечни векови Амин.

Митрополит Сурожски Антониј Блум

 Koledarcinja.jpg

 БАДНИКОВО КОЛЕДАРСКО ДВИЖЕЊЕ СО ПЕЕЊЕ НА КОЛЕДАРСКИ ПЕСНИ

 Почитувани пријатели,вие кои го очекувате рагањето Христово, секако во срцето го имате секавањето за пеење на коледарски песни со кои се објавува Рождеството Христово, посебно кај помладата популација. Со желба да се поучиме за добро на вистината и да се прикаже како некогаш вистински се празнувал преубавиот бадников обичај на пеење побожни коледарски песни (каланди).  Да го проследите трудот кој го направија поголема група на млади благовесници заедно со своите родители, баби, дедовци и пријатели со своето бадниково коледарско движење низ делови од главниот град на Македонија Скопје, пеејки коледарски песни.Со благослов на своите духовни пастири, групата на околу 150 православни верници на МПЦ, ја започнаа својата благовесничка коледарска патека во раните утрински часови од населбата Илинден ,со присуство на Божествената Литургија во храмот Св.Илија во село Кадино.Причестувајки се се со Телото и Крвта Христова ,како вистински Христови војници го започнаа својот духовен подвиг, објавување на радосната вест за РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО.

 Koledarcinja.jpg

 За да се доживее радоста на малите коледари кои се припремаа да ја започнат својата патека,не се доволни зборови,ниту фотографија, тоа може да се види од нивните лица, чекори, од нивните насмевки,возбудени погледи,од нивните силни и громогласни гласови со кои ја објавуваат РАДОСНАТА ВЕСТ.
Малата пештера, која ја симболизирала Витлеемската пештера, која со голема љубов ја направија сестринството на Раичкиот манастир , од Бигорската обител,во нивните рачиња се носеше како најскапоцен бисер, во кој со голема љубов посебно се внимаваше пламенот од кандилото на Витлеемската пештера да остане до крајот на нивната патека,до Рагањето на Богочовекот Христос.

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

  Тадоста и восхитот веше взаемен,како на децата така и на возрасните,РАДОСНАТА ВЕСТ ЗА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО предизвика такво блаженство во просторијата да неможе да се каже кој во тој момент беше дете а кој возрасен.

Во целата просторија се чувствуваше духот на христијанството,радост воскресна,умиление на душата,детско милување,џагор на разиграни детски дофрлувања и љубопитен но срамежлив поглед кон преполната трпеза,спремна да ги дарува коледарските благовесници.Спомените ке останат во нашите срца, но сепак една заедничка фотографија еден ден ке биде потсетување за оние кои можеби на своите деца ке им раскажуваат за нивното коледарско искуство.

  Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Визбудата беше преголема.Средбата со Пресветата Мајка Богородица,радоста да се сподели со Неа Радосната Вест за Рагањето на Нејзиниот Син,Богочовекот Христос,сите го чувствуваа како нешто повисоко од овоземно пеење песнички.

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Право коледарско пеење и пред отворените маркети.Воодушевени продавачите обилбо ги даруваа невообичаените коледари.И насекаде постојано прашања.љуботни за каков вид на коледарско пеење се работи.Секако секој беше задоволен од објаснувањето и многумина посакаа да ја научат коледарската песничка.Радост...радост...погледи преполни со љубов и восхит од граганите кои ја следеа коледарската колона а понекои посакааа да ни се придружат.

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Целта на нашето бадниково коледарско движење беше Соборниот храм посветен на нашиот патрон Свети Климент Охридски.
Не прчека громогласна музика,на поставената бина се лееше гласот на бадникари кои пееја народни македонски песни,се делеа бадникови гранчиња и се точеше врука ракија.Некој ке помисли дека се обесхрабривне.НЕ,верувајте дека силата на коледарските гласови за момент ја надмина громогласната музика и орото на насобраниот народ.Чудење,љубопитност но и висхит,радост.Измешани емоции,но свештенството со љубов ја прими нашата поворка и благословот нивни не пратеше цело врем.Во Климентовиот дом,колона од поклоници кои трпеливо се движеа кон Витлеемската пештера за да се поклонат и да принесат дарови и молитви.Кога на едно место ке се соберат верници кои во срцето имаат иста љубов и почит кон Бога,тие стануваат едно,несамо што не прифатија со огромна радост и љубопитност,дури и заеднички со нас пееја и го славеја Бога.


Во денешните времиња на христијанинот му е сѐ потешко да се подготви себеси за пососредоточено доживување на овој празник. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e eдна тeмна пeштeра, штo самo eдинствeнo Oн мoжe да ја oсвeтли. Намерата на овие ново-стари бадникови коледари со голема љубов сакаа да им помогнат на сите случајни намерници во храмот( секако и на себе си), да доживеат еден поразличен начин од стекнатите, со кое би им се овозможило да го примат вистинските начини на прославување и пеење на коледарски песни за раѓањето на Богочовекот Христос.

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

 Неочекувано за нас беше повикот на старешината на храмот,групата млади коледарчиња да земат учесто на поставената бина на која настапуваа многу естрадни народни и забави мејачи.

 Koledarcinja.jpg

 Koledarcinja.jpg

  Koledarcinja.jpg

 Радостта која извираше од нивните мали срца се огледаше во силината на коледарската Радосна вест која му ја отпејава на својот Дедо Стефан.А Тој,толку мило и топло ги пречека,ги погали со својот умилен и пастирски глас и им раскажа колку неговото срце е радосно и поносно што има таква омладина и посака до година нивниот број да биде многу поголем.Секако Неговиот благослов го надополни и малиот дар со кој коледарчињата ја збогатија својата торбичка,но овој дар имаше силна духовна вредност.

Спомен во срцето како голем благословен печат ,спомен и на фотографија, повторно еден ден со неа да можат на своите деца да им раскажуваат за убавината и радоста на едно вистинско коледарско благовестење.

O Гoспoди Исусe, прeвeчeн Синe на Живиoт Бoг, и Синe на Дeва Марија, oсвeтли нè нас и нахрани нè сo Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

Koledarcinja.jpg

  АЈДЕ ДА УЧИМЕ,ДА ГИ НАУЧИМЕ НАШИТЕ ДЕЦА ДОСТОЈНО ДА БЛАГОВЕСТАТ ЗА ДОАГАЊЕТО НА НАШИОТ ИСУС ХРИСТОС

 Koledarcinja.jpg

  

Автор: Душанка Бојаџиева

 

 Друго     Стара коледарска византиска песна

 http://www.youtube.com/watch?v=IBZ1EEpi_3Q