Patrijah.2010.jpg

„Уништувањето на традиционалните вредности денес исто така влијае врз меѓуличносните односи“, изјави Неговата Светост, Патријархот Кирил, на средбата со членките на социјалната организација „Жени во бизнисот“. „Познато е дека се оспорува и самиот факт дека бракот претставува заедница меѓу еден маж и една жена, и дека родовиот избор не е интелектуален или волен, туку божествен избор. Децата веќе ги учат на ова. Ним им се вели: ‘Ти самата треба да избереш дали си момче или девојче’; односно, она што Бог го дава се уништува од луѓето, наводно поради слободата“, продолжи во ист тон Патријархот.

На крајот, тој нагласи: „Тогаш, каква е слободата? Ако слободата ја нарушува Божјата промисла , тогаш таа не е слобода, туку ропство. А ние знаеме дека ѓаволот го заробува човекот, затоа што најопасно ропство е она кога не сме ослободени од гревот, кога личноста не може да живее во согласност со неговиот или нејзиниот повик“.

Извор: Pravmir.ru

Преземено од Кумановско- осоговската епархија