Tome.Z.jpg

Скопје, 20-ти август 2014 год.- храм на св. Петка

Tome.Z.jpg

Tome.Z.jpg

 

 Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 54)

Во она време, влезе Исус во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово. Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.“

Tome.Z.jpg

 sv.Pimen.Mnogubolezen.jpg

Преподобен Пимен Многуболезнен

Од малечок болежлив и од малечок желен за монашки живот. Во Печерската лавра го донесоа заради исцеление, но тој остана таму до смртта. Повеќе Му се молеше на Бога за болест одошто за здравје. Ноќе му се јавија ангели и го потстрижаа за монах. Тогаш му рекоа дека ќе боледува до смртта и дека пред да умре ќе оздрави. Така и стана. Дваесет години лежеше на постела. Правеше големи чуда за време на животот и беше голем проѕорливец. Пред смртта стана од постелата наполно здрав и веднаш почна да си подготвува гроб. Се упокои во Господ во 1110 година.

Tome.Z.jpg

 

  • На празникот на Преподобниот маченик Дометиј, Светите маченици Марин и Астериј, Преподобен Пимен Многуболезнен, во десеттата недела по Педесетница, во храмот на св. Петка, во Скопје, старешината на храмот, отец Томе велјановски  отслужи Утрена богослужба.

Tome.Z.jpg

Tome.Z.jpg

Tome.Z.jpg

 Tome.Z.jpg







 

 Tome.Z.jpg

 Преминпортал (к.т.)