Нема веќе ни Јудејци, ни Елини          
         [Македонци или Албанци или Власи итн.],
ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски;
                зошто сите ние сmе едно во Христос Исус.
                                                                                                              (Гал. 3, 28)
 
 
 Какво значење има националноста во христијанството?

Христос дојде за да го спаси човекот – личноста. Во Стариот завет во овој поглед мислењето е дефинирано со некои општи категории (вклучувајќи го и факторот народност), личноста не беше ослободена, друштвото во голема мера имаше власт над личноста. По Христовото доаѓање на земјата дојде и до ослободување на самата човечка личност, на човечкиот дух. Поради тоа доброто и злото сега се разгледуваат како личносни категории, патот до совршенството е отворен за сите, но исто така и патот до погибел.

Националноста, културата и цивилизацијата се земски категории, а категоријата вечност е духот. Самата нација настанала во времето, таа е плод на одредени историски, географски, психолошки супстрати во кои се развива и постои, при што не постои изолирано, самостојно, туку само во заемно дејство со другите нации. Но сето тоа се категории на душата, не на духот. Духот пак е еден и токму затоа Господ им рече на апостолите: Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух (Мт. 28, 19).

Нацијата не може да се одрече од Бога – Бог може да се одрече од личноста. Нацијата не може да биде христијанска, христијански може да бидат одреден дел на луѓе кои претставуваат дел од таа нација. Кога се споменува „христијанска држава“ тоа е само условно, но не и прецизно: државата не може да биде христијанска затоа што и државата и нацијата не ги обединуваат луѓето. Нацијата пред се’ е културно заедништво поврзно преку одредена традиција, обичаи, начин на живот, односно со се’ она што носи земен белег и и’ припаѓа на земјата. Христијанството не го негира она што припаѓа на земното битисување, но тоа дава друга скала на вредности. Најголема вредност за нас е Боженственото и Богоопштењето, но христијанството при тоа не уништува други вредности, туку ги одухотворува.

Ние сме само гости на земјата и секоја татковина за нас е туѓина и секоја туѓина за нас е татковина. Како тоа да се разбере?
 
Повеќе