
Во Соборниот храм беше донесена честица од светите мошти на св. Климент Римски
На 31.10.2025 година, во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” беше донесена честица од светите мошти на светиот свештеномаченик Климент Римски (+101) , небесниот заштитник на свети Климент Охридски.
Честичката е дар од епископот Георгиј од Австралиската епархија на Руската Задгранична Црква.
Во недела, на 2.11.2025 година, по завршувањето на Божествената Литургија, верниот народ ќе може да ја целива честицата од светите мошти.

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/cestica-od-sv-mosti-sv-kliment-rimski-2025/