Возљубени,

со особена радост го споделуваме 79. број на списанието „Православна Светлина“, трет број во јубилејната 20-та година од неговото печатење и духовно мисионерство.

Овој број, традиционално, пристигнува во благословениот период меѓу празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден и Соборот на сите македонски светители, исполнет со молитва, духовна радост и благодарност кон Бога.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Агатангел, „Православна Светлина“ продолжува да ја исполнува својата мисија – да го шири словото на верата, да ја негува православната духовност и да сведочи за богатото духовно и културно наследство на Македонската православна традиција.

Нека овој број биде уште една светлина на патот кон верата, љубовта, молитвата и духовното единство.

 

Православна светлина бр. 79

 

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

02.10.2026