Stefan.Petkovden.jpg

„Македонија за Бигорски“ - отворена ТВ програма на МТВ,  за хуманитарната акција со која ќе се помогне во  возобновувањето на Бигорскиот манастир.

Stefan.Petkovden.jpg

На 29 ноември (недела),   со отворената програма на МТВ, од 14 до 22 часот,   ќе се реализира хуманитарна емисија , насловена „Македонија за Бигорски“. Организаторите на проектот МТВ, „М-2“ и „Томато продукција“ најавиа  учествуво на   уметници, музичари, спортисти  и  јавни личност кои ќе одговараат на телефонските повици преку што ќе се донираат средства за обновување на Бигорскиот манастир,  а  ќе се одвива и аукција на разни предмети и дела. 

Stefan.Petkovden.jpg

Емисијата е дел од напорите за помош на обновата на манастирот, а големата љубов и посветеноста на уметниците, резултираше и со снимената  песната „Исцеление“, во која учествуваат повеќе имиња од естрадата. Како дел од проектот за помош  на Бигорскиот манастир  ќе биде и првиот солистички и донаторски концерт на Ламбе Алабаковски, што ќе се одржи на 28 ноември, во Универзална сала во Скопје.

Stefan.Petkovden.jpg

Отец Партениј:

- Благодарен сум им на уметниците од естрадата кои ширум ги отворија своите хумани срца и сочувствуваат со трагедијата во манастирот и прават многу за нашата порака за солидарност да стигне до колку што е можно повеќе луѓе - кажа архимандритот Партениј и им се заблагодари на Иво Јанковски, „М2“ како и авторите на песната „Исцеление“, Дарко Димитров и текстописецот Огнен Неделковски и пејачите што ја отпеаја.

Игуменот на манастирот им се заблагодари и на Ламбе и на граѓаните на Македонија кои и во услови на криза донираат средства за манастирот.

Иво Јанкоски од „М-2 продукција“:

 -  „По несреќата на 30 септември, го посетив манастирот и во разговор со монасите дојдовме до неколку идеи за проекти со кои можеме да помогнеме во обновувањето. Првичната идеја беше да се направи песна, следуваа контакти со Дарко Димитров и Огнен Неделковски и така настана песната ’Исцеление‘“, изјави Иво Јанкоски од „М-2 продукција“ .

 Директорот на Македонската телевизија, Ефтим Гаштов, апелираше до  сите телевизии да се приклучат во акцијата и да го преземат сигналот од емисијата која ќе се снима во „Томато продукцијата“.

На крајот од пресс-конференција беше промовиран и спотот за песната „Исцеление“, која ја пеат Вања Лазарова, Калиопи, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, малата Катерина Бадаровска, Ламбе, Јован Јованов, „Некст тајм“, Влатко Лозаноски, Влатко Илиевски и Врчак.

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg