Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

Празникот Богојавление и
почеток на живописанието во Хамилтон, Канада
 
     Во неделата на 22 Јануари, на денот кога ги празнуваме светите Полиебкт и Евстратиј, во Македонската православна црква Свети Наум Охридски во Хамилтон, Канада, свештеникот Здравко  Пејковски отслужи Божествена Литургија.
    За еден дел од парохјаните кои поради работните обврски  и одалеченоста не беа во можност да присуствуваат на празникот Водици, денешната  служба имаше Богојавленски карактер, по која отец Пејовски прекрасно беседаше за значението на овој празник  и во црковната сала изврши Богојавленски Водосвет.
    Управата на оваа црква многу успешно организира една акција за “лицитирање” на икони, која всушност е многу важен извор на приходи за нашите цркви во дијаспората.
    По службата беа извршени последните консултации и дополнувања на иконографскиот проект. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски г. Методиј, по благослов на отец Пејковски и во договор со Црковниот Управен Одбор
се започна со живописанието на овој Божји храм кое ќе го изведува Иконографското Студио АРТСОМЕ.
 

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 Zlatko.Bogojavlenie.jpg

 

 

Известува: Г. С.