логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 nektarios aigina

Светиот митрополит Нектариј, кој починал во 1920 г – повеќе од една недела служел во еден храм во Грција!

Веќе ни е познато, дека свети Нектариј го почитуваат во Грција како голем чудотворец. Во Грција дури има и народна поговорка „Нема ништо неизлечливо за свети Нектариј“.

– Пред неколку години, жителите на едно од планинските села во Егина останале без свештеник. Времето врвело, а нов свештеник не назначувале. Започнал Великиот пост и селаните се загрижиле.

Во Грција, во првата и последната недела од Светата Четириесетница – не се работи и не се учи – Елада се моли.

Насекаде се поставуваат знамиња како траур за распнатиот Христос, луѓето секојдневно стојат на долгите Великопосни служби, прават крсни входови по целата парохија, држат строг пост – без масло, а многумина и воопшто не вкусуваат ништо. Да се остане во тоа време без свештеник, за парохијата е нешто незамисливо.

Советувајќи се, селаните решиле да напишат молба до надлежниот епархиски архиереј. „Владико свет, – молеле жителите на селото, – испратете ни свештеник барем за време на Страсната недела и Велигден. За да можеме достојно да се подготвиме, да се покаеме, да се помолиме и радосно со сиот свет да го дочекаме Светото Христово Воскресение. Не оставајте нè сираци, Владико свет, не заборавајте за нашата мака. Испратете ни свештеник, кој ќе го благослови Вашето Високопреосвештенство“.

Епископот го прочитал писмото и на првото епархиско собрание, меѓиу другите прашања ја огласил прозбата на мирјаните од Егинската населба: “Отци, кој може да отиде во тоа село?“ Но, секој од присутните ја објаснувал својата зафатеност и кажувал причина, поради која што не можел да замине. Потоа собранието преминало на други прашања, и писмото на селаните се засипало од други хартии.

А потоа, на него едноставно – заборавиле, заради многуте грижи и подготовки околу претстојниот Велигден.

Конечно, дошол Великиот ден на Христовото Воскресение, кој во Грција многу празнично и торжествено се пречекува од сите. Православието – е официјална религија на Елада, и затоа тоа е уште и државен празник. Поминала првата празнична седмица, епархијалните вработени се вратиле на работните места и наскоро владиката на својата маса нашол ново писмо од планинското село. „Владико свет! – пишувале селаните. – Немаме зборови, да ја искажеме сета наша благодарност и срдечна признателност за Вашето пастирско учество и помош кон нашата парохија. Вечно ќе ви бидеме благодарни на Бога и на Вас, Владико свет, за благоговејниот свештеник, кој ни го испративте, за да го дочекаме Велигден. Никогаш досега не сме се молеле со толку благодатен и смирен слуга Божји…“

Епархијалното собрание на архиерејот, започнало со прашањето: „Кој од свештениците отиде во селото, од кое претходно добивме писмо?“ Сите молчеле, никој – не се одѕвал, затоа што никој – НЕ ЗАМИНАЛ да служи во горното село. Голема недоумица и уште поголемо љубопитство го опфатило епископот. После неколку дена, по каменистите планински патишта на островот Егина се кренала прашина – во таинственото село се искачувал архиерејскиот конвој. За првпат во животот на тоа заборавено село дошол Владика со голема свита на луѓе. Со пасхални колачи, пасхалии и цвеќиња ги пречекувале жителите во полн состав, од стари до мали, и торжествено ги провеле до малиот стар храм.

Во Грција, сите свештеници се сметаат за државни службеници, и секој е обврзан да се потпише во црковната книга, дури и ако служи само еднаш во храмот.

Архиепископот се поклонил пред целивната икона и веднаш влегол во олтарот. Низ отворените Царски Двери сите виделе, како ја зел книгата и се приближил до тесниот прозор. Брзо прелистувајќи ги страниците, застанал со прстот на последниот ред.

„Нектариј, Митрополит Пентаполски“ – било испишано со убав ракопис. Владиката ја испуштил
книгата и паднал – на колена, каде што стоел.

potpis

Веста за ВЕЛИКОТО Божјо чудо како гром од небото ги поразило сите кои стоеле во храмот!

Долгата гласна тишина ја прекинале восхитувачки чувства. Луѓето паѓале на колена, ги кревале рацете горе, се прегрнувале, плачеле, гласно Му благодареле на Бога и на светиот Нектариј. Дури сега секој од присутните почнувал да сфаќа што се случило.

Господ Седржителот, ја чул топлата воздишка на срцата на Своето верно стадо, оставено во тага во далечното малечко село на врвот на планината и го испратил кај нив великиот пастир – од Царството Небесно.

Владиката, по земна слабост заборавил за довереното мало стадо, но не заборавил на него Владиката на Небото и Земјата.

Цела недела – во 2001 година, свети Нектариј, починат – во далечната 1920 г., бил ЖИВ – со простодушните пастири и нивните семејства, СЛУЖЕЛ во храмот, ги ВОДЕЛ нивните – крсни литии, го возглавувал во ноќите на торжествените траурни входови – епитафи со Гробот Господов, ги ПЕЕЛ со нив химните и молитвите, ИСПОВЕДАЛ, утешува, поучувал. Никогаш и од никого претходно не слушнале такви зборови за Бога. Изгледало, како тој старичок геронда со мек глас – да Го познавал лично.

Дури тогаш, народот сфатил зошто сето тоа време, неземна радост ги преполнувала нивните срца. Зошто солзите на покајание и умиление течеле како река, и никој не ги запирал и не се срамел. Зошто не сакале да јадат, не сакале да спијат, а само да се молат со тој прекрасен добар свештеник. Иконата на свети Нектариј се наоѓала во нивниот храм на почесно место, но никој од нив не го препознал. Тоа, Господ – го сокрил од нив.

nektarios

Извор: http://subscribe.ru/group/bliz-pri-dvereh/11115602/

 

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1027
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 993
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

« »