логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.
Затворањето на Храмот било одлучено по средбата што се одржала меѓу претставници на израелската полиција и претставниците од црквите, рекол Уади Абу Насар, претставник на Синодот на католичките епископи на Светите Места, откако израелската влада претходно донесла построги мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.

Денес, 9 март 2020 година, Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги прогласи за преподобни светите Старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиски и Ефрем Катунакиски.
За време на својата посета на Света Гора минатата есен, Патријархот Вартоломеј ги навести овие канонизации.

На 10 февруари 2020 година, во првиот православен манастир во Танзанија беше отслужена првата Божествена Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Агатоник, Митрополит на Аруша и централна Танзанија, во Кидамали, во сослужение на танзаниски свештениц и грчки јеромонаси.
Манастирската црква е посветена на светиот архангел Михаил и свети Паисиј (Величковски), бидејќи неколку манастири и парохии од епархијата Јаши донираа за изградба на црквата.

Во Грузиската Патријаршија беше организирана втора по ред округла маса на духовници и експерти, посветена на општествените опасности од сè популарните игри на среќа. Целта на средбата беше да се разработи стратегија за намалување на тешките последици од учествувањето во игри на среќа, кое ги разнебитува семејствата и самата личност. Разгледани беа мерки на претпазливост кај зависност од хазардни игри кај млади лица.

TviteR30„Го почитувам тежнеењето на науката и здравствената заштита да понудат решение за некои неодложни човекови проблеми, но не можам а да не ја забележам семантичката замена што настанува при т.н. сурогат мајчинство. Забрането во многу земји, а во Русија достапно само за богатите (би сакал да го нагласам ова), процедурата, всушност, ги искористува жените, па дури и го охрабрува продавањето на деца“, изјави Патријархот на собирот.

На настанот беа собрани 11.000 долари, а истиот беше отворен од Неговото Блаженство, Архиепископот Волински Натанаил, кој ја нагласи значајноста на настанот за верните во Волин, бидејќи цели генерации пораснаа со овој настан.
На концертот учествуваа голем број хорови од епархијата: хор на свештеници, хор на семинаристи, како и разни групи, ученици од веронаука, и други бројни изведувачи.

3.angeli.so.trubaНеговата Светост Патријархот Илија, возљубениот духовен отец на цела Грузија,

ја изврши 62-та групна крштевка во соборната црква посветена на Света Троица, во Тбилиси,

на 14 јануари 2020 година.
Овојпат Грузискиот Патријарх стана кум на 521 дете,а досега вкупно има крстено 40.909 деца.

Старец Ефрем бил роден во Волос, Грција, на 24 јуни 1927 година. На 26 септември 1947 година, на 20-годишна возраст, пристигнал на Света Гора, каде што бил пречекан од Старец Арсениј, кој му рекол: „Пречесниот Претеча синоќа му се јави на Старец Јосиф и му рече: ’Ти носам едно мало јагне. Прибери го во своето стадо‘“.

Оттогаш останал во послушание на Старец Јосиф Исихаст сè до неговото упокојување во 1959 година, каде неуморно се подвизувал во пост, бдение и непрестајна молитва.

Поттикната од сострадална грижа за своето паство, Албанската Православна Црква, заедно со Неговото Блаженство Архиепископот Анастасиј, реагираше веднаш и пожртвувано се посвети на мисијата за помагање и духовна поткрепа на жртвите од земјотресот. Целата структура на Албанската Црква не ги штедеше своите ресурси и време во процесот на обезбедување привремени засолништа за бездомните и олеснување на болките на луѓето

Претставнците на албанската црква изразија огромна благодарност кон Неговото блаженство г.г. Стефан, кон донаторите и кон МПЦ – ОА. Митрополитот Никола покрај благодарноста испрати благослов до сите донатори и до целиот наш народ. Од оганизацијата искажуваат голема благодарност до компаниите и поединци кои се одѕвале на хуманитарната акцијата за помош и најавуваат дека продолжуваат со активности за собирање помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

7.Vselenski.soborСветиот Синод на Вселенската Патријаршија, откако доби позитивна препорака од Комисијата за канонизација, донесе одлука да го канонизира Старецот Ероним Симонопетриски, беше игумен на Симонопетрискиот манастир, како и економ и духовен татко на метохот посветен на Светото Вознесение во Вирон, Атина, и архимандритот Софрониј Сахаров, игумен и основач на патријаршискиот ставропигијален манастир, посветен на свети Јован Крстител во Есекс, Англија.

Неодамна имаше радосен настан во Албанија, кога 12 деца беа крстени во Христос, во едно село близу Берат.
Според о. Илија Макос, „лицата им светеа како сонце, срцата им станаа бели како светлина, а нивниот дух ликуваше“.
Децата сами пројавиле желба да бидат крстени, а пред да биде извршена Светата Тајна Крштение, тие биле поучени во верата. Тие „се подготвени да ги сносат последиците од тоа што ќе кажат дека веруваат во Христос и Го љубат“, вели о. Илија Макос.

7.Vselenski.soborСоветот на Владата на Турција донесе одлука древната црква посветена  на Христа Спасителот, наречена Хора, да биде пренаменета во џамија. Веста беше објавена од сите про-владини медиуми. Сега православните христијани и католици стравуваат дека оваа одлука би можела да биде најава и за Света Софија на која ѝ се заканува истата судбина.

Основата за функционирањето на помесните цркви е Апостолското правило 34: „Епископите на секој народ треба да го познаваат првиот помеѓу себеси, когошто ќе го признаваат како глава, и да не вршат без негово расудување ништо коешто ја преминува нивната власт, а секој да го прави само тоа што се однесува до неговата епархија и подвластените на неа места. Но и првиот епископ да не врши ништо без расудувањето на сите епископи,

Со ескалирањето на протестите во Оромија, Етиопија, сѐ повеќе се зголемува и бројот на христијански жртви. Последната бројка зборува за околу 90 мртви, повеќе од 300 повредени, многу христијански домови запалени, а бројот на Христијаните што се принудени да го напуштат својот дом одамна ја помина бројката од неколку десетици илјади. Во тоа страшно безредие кое започна со протести против Владата,

„Христијанството е вера на љубов и дијалог, и единствениот придонес на Црквата кон ова современо општество е токму неговата отвореност за средби и дијалог“, изјави Патријархот Вартоломеј во едно неодамнешно интервју за романскиот портал Евз.ро.„Ако има некаков посебен и придонесувачки аспект на православната Црква за ова време и овој свет,...

Овде лежи тајната на божествениот начин на живот, кој е самиот живот на Христос – смирението, што сесрдно го подражаваше и Старец Софрониј во текот на целиот свој живот. „Смирението на аскетско ниво – објаснува Старец Софрониј – се пројавува кога човек се смета за најлош од сите грешници, додека пак, на ниво на обожение, смирението се открива како љубов, која се дава слободно и целосно“.

„Старец Јосиф беше духовен генерал и учител на умно-срдечната молитва, поучен од Бог. Имаше недостижна љубов кон Пресвета Богородица. Заради Неа сè поднесуваше со трпение, и од Неа го доби великиот дар на молитвата на срцето. Се удостои многупати да Ја види во неговиот краток, но ангелски живот. Каде има денес луѓе како него да изречат благодатни зборови? Неговото чисто срце непрестајно ја кажуваше молитвата: ’Господи Исусе Христе, помилуј ме‘, и во него пребиваше Светиот Дух“.

„Има околу 53 000 христијани во источен Ерусалим и северно од западниот брег“, изјави Ават, нагласувајќи дека ваквиот пад е резултат на таканаречените „израелски окупаторски мерки, меѓу кои е предвидена и забрана за слободно практикување на верата“. Ават упати апел до Палестинската Влада да нема дискриминаторски однос кон христијаните.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 493
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »