логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaЌе сведочиме за преданискиот пат на обнова и обожение на човекот низ светите тајни, преку покајание и исповед,пост, молитва, Литургија и причест, а некој ќе дава нереална и празна рецепта: “ Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат“
Колку бедно и понушувачки! Манастирскиот клисар и некој/некои со него, ја узурпираат светињата, за лична корист. Бесплатно? Како да не: по “сеансата”се нудат да се купат икончиња со молитва,а луѓето фрлаат пари вез каменот

Продолжувам таму каде што застанав минатиот пат: го поставив прашањето дали може и интелигенцијата да биде разочарана од својот народ, а не само и постојано (како што е состојбата на социјалните мрежи) народот од неа. И ако вистинската интелигенција има постојана обврска да го кажува своето мислење и со тоа да го води својот народ, нема ли и народот барем една обврска – во време кога секој има компјутер (ама ретко кој чита книга), да биде просветен и заинтересиран барем за државотворните моменти од сопствената историја, кога со гласање треба да си ја реши својата судбина?

MEDENA.ZEMJA3Медената земја - во која се зема само нужното и сѐ што живее се сфаќа како фамилија и целина - останува недостижна за човекот на технологијата и моќта.
Без медената земја човекот станува осуден на неавтентичен живот, парцијални задоволства од своите професионални и фамилијарни успеси, земајќи секогаш сѐ повеќе и сѐ што му треба.

 Но, сепак, Горан знаеше дека писател што се отцепил од проблемите и суштината на својот народ – нема особена вредност. Па, велеше: Можеби зад „отворените порти“ на македонската куќа (надалеку прочуеното гостопримство) се крие обична сервилност, дури и пресметливост, смисла за извлекување ќар. Погрубо речено (и повторно генерализирано!): сме ги отворале портите и сме постилале килими како која војска поминувала овде.

Судирот меѓу западниот и источниот начин на живот, за кои се напишани стотици брилијантни книги и од источни и од западни мудреци, на теренот на семејството станува многу подраматичен одошто на теренот на општеството. На општествен терен работите се разбистрија, барем површно погледнато (каков што е впрочем, површен денес и светот): постојат „прогресивна“ и „конзервативна“ општествена тенденција. „Прогресивната“ се вика либералкапитализам или глобализам, а „конзервативната“ – национализам (под што се сведува неправедно и патриотизмот, особено на Балканот).

Hristos.preubavo.bebeЗошто воопшто би го празнувале Христовото раѓање, ако пред Бадник и на Бадник сме дел од сите „традиции“, а на Божиќ наместо црквата ја избираме кафеаната?Божиќ е празник на оние што му се радуваат на Христос, а не на оние што им се восхитуваат на народните традиции, но како и да е. Христос ќе се роди пак за сите.Треба да се фокусираме на она што е еднакво важно за секој граѓанин, без разлика на верата и етничката припадност. Дали може да им се стави крај на поделбите, на омразата, на општество, кое е како со нож поделено?

Гледам: штом напишам колумна за тоа што треба секој човек да поправи кај себе, читаноста ми паѓа. Штом напишам идеолошки калорична колумна, читаноста расте. Ама тоа не ме радува: тоа значи дека народов е навикнат на идеолошки фаст фуд, а не на здрава човечка, морална и антрополошка храна. И интересно, многу повеќе сака заблуди, одошто вистини. И многу заблуди прогласува за вистини, зашто така му е полесно. Алибито да не се слушне вистината е болест на нашата доба. Јас си продолжувам, па кој чита – чита.

Како живееме, знаеме или не знаеме? Го живееме ли она што го знаеме, или не знаеме како да го живееме? Дали живееме вистински – со љубов, со срце и со душа, со насмевка, со радост, во мир, со трпеливост, со добри дела, со добра мисла, со проштевање, во скромност, со милост, во смирение, трудољубиво, со почит, со послушност, без злоба, без немир, без завист, без љубомора, без презир, без гнев, без озборувања, без осудување.

Сме сретнале разни раскази, ама ваков не бевме биле прочитале, во кој авторот го раскажува сопственото раѓање, точно како да бил присутен на настанот!

Го објавуваме на роденденот на главниот лик, а во спомен на дедо Сотир, со коскестиот нос и убавото име.

Ера на кариера, секој по свое си тера, гордоста е мера. Во тоа евангелие според себе и предрасудите се исполнети, не постојат, оти станале и остануваат само осуди. Во една рака бројаницата, Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот, а во увото „милно„ брмчи фарисејот, фала му Бога што не сум како оној митар. Ај што брмчи, ама умот го впива побрзо од ритамот на молитвата,...

Што толку длабоко допира до нас? Дали е тоа ревноста за Бога или ревноста за нашата професија? Како денес, и не само денес, се брани Црквата, со што? Ако Црквата може и треба на светот да му ја понуди Евхаристијата, присуството на Царството Божјо во овој свет, односно благодарењето што треба да го опфати сиот свет за да му Го принесе на Творецот – Твоја од Твојих...

Се разбира, тие лицемери забораваат дека чкрапалото на револверот на челото од самоубиецот не го повлекува самоубиецот, туку целото општество. Ние ги самоубиваме луѓето, без разлика што најлицемерно го сфаќаме самоубиството како „нивен личен избор и чин“. Повторувам: сите ние ги самоубиваме, во драма полна одвратни интриги, во кои повлекувањето на чкрапалото е само спуштање на завесата откако сите заедно сме го одиграле последниот чин на нивно понижување.

pimen.pokaen.jpgНо, тоа не е само обврска на клерот и на Црквата, туку и на секој човек што сака нешто да направи за својата вера и црква. Од нас зависи каква вера ќе им предадеме на идните генерации. Вера што станала компилација од вера, адети, национализам, верски фанатизам, омраза кон другите вери, фолклор, форма без суштина, а која, пак, нема да биде интересна за нив, или, пак, вера во живиот Бог, која води кон спасение и живот вечен.

Во овој момент на целата планета постојат петнаесет Православни цркви. Ако ги исклучиме четирите древни Патријаршии (Константинопол, Александрија, Антиохија и Ерусалим) Кипарската црква, сите останати влегуваат во истиот кош. Тие се „ќерки“ на Константинопол. Русија, Србија, Романија, Бугарија, Грузија, Грција, Полска, Албанија, Чешка и на крај Украина, за првпат во Константинопол „заплакаа“ како автокефални цркви и нивните 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Не повишувај го гласот кога разговараш со луѓе. Со Бога тоа и можеш да го правиш, но само ако си од позиција на Јов. Зад видливото го гледам невидливото. Но, видливото го сакам повеќе.
Ако човекот наутро е нерасположен, а навечер е ведар  и полн со надеж, тоа е сигурен знак дека се  работи за глупав човек. Ако е обратно, се работи за просечен човек. А добри луѓе, како што е познато - нема.

Сите го знаеја Т. Џ. Припаѓаше секаде ама и никаде. Сите сметаа на него, но никој премногу. Со никого се немаше замерено. Имаше две деца Г. и З. Гледајќи ги како си играат низ дворот му светна идеја да тркнат до една од преспанските плажи. Не дека е времето за бањање туку така децата да си поиграат, а тој под сенка да си прочита некоја книга.

Кога животот ви е тежок велите живот кучешки. Море јас не би го сменил мојот кучешки живот со вашиот ниту за еден ден. Ниту со тебе што ќе ме спасуваше мене, а ќе му ја кршеше главата на стариот, ниту со тебе девојко што мислиш дека јас сум душа, а ти немаш душа па викаш обезбедување да извади душа некому. Ниту со тебе што имаш единица музичко, а коментираш за музика, ниту со тебе што не проверуваш дали има вистина во коментарите на ФБ и Твитер,

Така деновиве си спомнавме и за страдањата на Христа и за неговото Воскресение. Скоро два милениуми повторуваме секоја година, но ретко учиме да им проштеваме на непријателите, а самиот Христос го замоли Отецот Небесен, да им прости на оние коишто го предадоа и го распнаа. Со спомнувањето на Воскресението секој Велигден и секоја недела, повторувајќи многупати, требаше да научиме да не го користиме прашањето:

Треба да знаеме дека секоја од овие серии која не подлежи на сериозна критика, и која не носи некоја порака која би нѐ натерала да се преиспитаме себе во своите постапки, не може да се смета за никакво културно достигнување, бидејќи станува збор само за инфлација на ТВ и филмската индустрија, која е далеку од она што го подразбира филмската уметност.

Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда. Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 387
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Наместо смирено да Му се заблагодари на Оној, од Кого е секое добро и секој совршен дар; наместо да Му благодари на Бога што му дал можност да ги изврши...

« »