Како ме гледаш, чедо?
По три години станал монах, и духовникот пак го прашал:
„Како ме гледаш, чедо?“
Младиот монах одговорил:
„Како ангел Божји“.
По три години станал монах, и духовникот пак го прашал:
„Како ме гледаш, чедо?“
Младиот монах одговорил:
„Како ангел Божји“.
Дарот на простувањето е поголем од дарот на исправување со казнувањето. Немој поради сето тоа да ставаш забелешки - помалку и трпи премолчувајќи, и гледај го тоа низ прсти: „Љубовта сè покрива и сè трпи“.
Сепак, ако детето се плаши првпат да му пристапи на свештеникот за исповед, што да правиме?
- Мислам дека би било добро однапред да разговараме со отецот, за да му посвети посебно внимание на ова мало зајаче, на кое ушите му се повлечени наназад и шепите
Целоноќната служба на Велики четврток ѝ е посветена на Тајната Вечера, на којашто Спасителот ја востанови Тајната на Светата Евхаристија, оставајќи заповед Пасхата на Новиот Завет да се вкусува во Негов спомен, на Неговото Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Во богослужењето на овој ден се говори и за предавството на Јуда.
Поклади идет, се чудиш колку манџи да направиш. Пак ce берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни coблазнителни, да jaдете до ден, да се oпиете и скверна безделија да чините за три дни. Heмојте, xpистиани, не губите си душите, не празнујте погански. Caм поклади си со своата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто yтре Велик Пост.
Со зборовите „освети ги со Својата вистина“ (Јован 17:17) – објаснува св. Кирил Александриски – Христос „јасно укажува на потребата од восприемање на вистината преку просветлување со вистината. Причината за тоа е што никој не може да дојде до познание на вистината без просветлување од Духот, ниту да ги усвои точно Божествените догми – се
– Мене, бедниот Серафим, од Господа ми е предодредено да живеам многу повеќе од сто години. Но, бидејќи во тоа време свештенството толку многу ќе се обесчести, што со својата нечистотија ќе ги надминат и архиереите од времето на Теодосиј Помладиот, така што веќе нема да веруваат ниту во главната догма на Христовата вера, на Господ Бог Му е благоугодно да ме земе, мене, бедниот Серафим, од овој привремен живот, а потоа да ме воскресне, и воскресението мое ќе биде како воскресение на седумте момчиња во пештерата Охлонска во деновите на Теодосиј Помладиот.“
Значи, целта на досега напишаното е една: да ја загреам вашата душа, да ве поттикнам на ревност и да ви побудам желба за најслаткиот наш Исус, како што во војската генералите им раскажуваат за подвизите на храбрите војници така што ги поттикнуваат да се борат бестрашно. Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел.
Ние го поимаме Бога единствено од христијански аспект и Он никогаш не е предмет на наше физичко разгледување, туку внатрешно чувство кое во себе содржи вера, надеж и љубов од коишто љубовта е најголема, така да Бог во својата суштина е Љубов, и кога христијанинот тврди дека има вера во Бога, он сака да каже дека верува во Љубовта и се труди да го избегнува злото, така што во своите дела или личносни односи со другите луѓе он неминовно и постојано...
Ти го судеше, па кажи ми го неговиот суд.“ Подвижникот смртно се нажалил, и до крајот на животот просел прошка од Бога.... Видете, тој осудил многу грешен човек, но сепак, осудувањето е осудување. Наместо тоа, тој требало да се моли: „Боже, Те молам, смилувај се на него. Боже, Те молам, заштити го.“
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.
Односно над целиот Адам.
И кога сега тие се молат, се молат за целиот род човечки, без исклучок, поучувајќи се од Христа Кој се даде Себеси за измена на смртта, и тоа го направи за секој човек праведник или грешник, роб или слободен.
Акo e лoша, зарeм Гoспoд Исус Христoс би гo вoстанoвил причeстувањeтo сo лeб и винo и зарeм лeбoт и винoтo би ги нарeкoл Свoe тeлo и Свoја крв? Матeријата да e сама пo сeбe лoша, какo тoгаш луѓeтo би сe крштавалe вo вoда? Какo апoстoлoт Јакoв би запoвeдал бoлнитe да сe пoмажуваат сo маслo?
Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално. На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме. Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.
Според мене, ако човекот не чувствува некакви тешки гревови што би го принудиле да побара полноцена исповед, тој не треба задолжително да се исповеда пред секоја Причест. Светата тајна Покајание е важно самостојно таинство, „второ крштение“ и недозволиво е да се сведува на некој задолжителен додаток кон Евхаристијата.
Секогаш моли се со болка. Не е доволно свештеникот на Проскомидија само да ги извади честиците и формално да ги прочита имињата, туку треба со болка да се моли за секого; тогаш ќе види чуда. Еднаш некој демонизиран човек отишол кај еден свештеник и го замолил да отслужи Божествена Литургија. Кога требало да го спомнат на Проскомидија, пред да извади честичка за него свештеникот со болка рекол: „Господи, Ти...
Старче, кога нашата молитва за ближни Му е поугодна на Бога?
-Кога ја чувствуваме молитвата. А ќе ја почувствуваме ако се ставиме себеси во положбата на ближниот. Доколку се ставиме себеси, да речеме, во положбата на некој болен или некој упокоен, тоа ќе ни помогне да се молиме со болка; болката слегува во срцето, па нашата молитва станува срдечна.
За да можеш да ја видиш болката на другите луѓе, би требало, на некаков начин, прво себеси да се доведеш во ред. И кога се молиш за себе, длабоко свесен за својата паднатост, тогаш и едно Господи помилуј, што ќе го кажеш за другите, и тоа Господи помолуј ќе има голема сила, бидејќи во себе содржи многу смирение, кое ја привлекува милоста Божја.
...Старецот нагласуваше дека е неопходно да се има доверба во Божјата промисла, наместо да се прифаќаат човечки програми, бидејќи децата ги дава Бог. Он единствен знае дали ќе ги даде, кога ќе ги даде и колку ќе ги даде - и тоа не го знае никој освен Него. „Бидејќи животот стана тежок, некои се трудат да имаат само едно дете и внимаваат да немаат други", велеше старецот.
Ако го спречеше, Бог ќе се вмешаше и ќе го лишеше човекот од слободата со која Тој го даруваше. Ако Бог му ја одземеше слободата на човекот, тогаш човековото поведение и спасение ќе беа задолжителни. Човекот ќе ја изгубеше својата личност и ќе беше битие без волја. Бог претпочита да ја смени промислата наменетаза човекот место да му го одземе најзначајниот елемент од неговата личност, слободата.
Но, понекогаш страстите кај христијанинот можат да живеат долги години, а понекогаш се продолжуваат дури до самиот крај на животот и Св. Игнатиј ја гледа во тоа премудроста на промислата Божја, насочена кон полза за нашата душа. „Опасно предвремено бестрастие! Опасно предвремено стекнување на насладите на божествената благодат.