логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Гледајќи го големото беззаконие на луѓето, како и неизмерното Божјо човекољубие,

пророк Илија се бунтуваше и, гневејќи се, упати немилостиви зборови кон милостивиот Бог и повика:

Судијо праведен, крени се против оние што го кршат Твојот закон!

3.angeli.so.trubaКорисен човек

Не е секогаш најкорисен за народот оној човек кој е најугледен и кого го слуша сиот народ,  но многу често оној кој сокриен како совеста се моли на Бога за народот и кого Бог го слуша.

arh.Gavril.S.jpgОвој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“.

 ISIHASTIИсихастичкото Предание во себе го вклучува не само практикувањето на Исусовата молитва, туку и целиот спектар на духовниот живот – борбата за чистење од страстите и здобивањето на добродетелите.
Ако го изгубиме допирот со исихастичкото Предание, ние (мирјаните и монасите) ќе се изгубиме на патот кон спасението, а можно е и да заталкаме во слепата улица на западно-христијанските доктрини. На пример, може да се нурнеме во пиетизмот – учењето според кое ние ќе бидеме спасени поради нашите добри дела.

 STAREC.KLEOPA1Дали гледаш, брате, што е Светата Литургија?

Таа ја претставува целата драма на Крстот и целата тајна на спасението на човечкиот род!

СЕВКУПНАТА ДРАМА НА КРСТОТ И ЦЕЛАТА ТАЈНА НА СПАСЕНИЕТО Е ПРИСУТНА ВО ТЕКОТ НА СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА!

Старец Клеопа Романски

3.angeli.so.trubaСега, ние, како крстени и од Бога избрани во благодат, нема потреба да талкаме за да стапнеме на ветената земја, туку ветената земја, како и патот, ни се дарувани во Литургијата, предвкусот на Небесното Царство, кое исповедаме дека го очекуваме. Во Христос не можеме да зборуваме за идни времиња како во Стариот Завет и за очекување на Месијата, туку за веќе реализирана и остварена цел на единство, која се исполнува во литургискиот миг со сета полнота на вечноста. Да, исповедаме дека го очекуваме воскресението на мртвите и животот во идниот век, или, како што ќе рече светиот апостол Павле, и тварите, т.е. светот, го очекуваат прославувањето на

vozdvizenie.jpg

Кога зборува за Светиот Дух, Символот повторно станува краток и збиен, бидејќи за третото божествено Лице, кое ни дава живот, конкретно и историски, малку работи можат да бидат кажани. Неговото дејство е секогаш скриено и таин-ствено. Третиот ангел, како и првиот е од три четвртини. Бојата на неговата облека ја симболизира силата на животот. Зелената, која доминира, ја изразува младоста, животната сила која дава да расте и да постои секое нешто.

3.angeli.so.truba

„Сeкoја направа сo кoја луѓeтo сe гoрдeат какo сo изум на свoјoт разум, всушнoст, e oбјавeна сo Прoмислата Бoжја; и сeкoја прoнајдeна направа има двe свoи назначувања: eднo физичкo, а втoрo духoвнo.

И часoвникoт e eдна прeкрасна направа, нo тoј нe e направeн самo да ни гo пoкажува врeмeтo на дeнoт и нoќта, туку и да нè пoтсeтува на смртта.

Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

3.angeli.so.trubaЗаради Господа Христа вие се сте оставиле, но затоа Него сте Го добиле; Него - единствениот Бог на небото и земјата, а со Него и сите Негови богатства : вечната Божја вистина, вечната Божја правда, вечната Божја љубов, вечниот Божествен живот. Поделете ни и нам, грешните, по некоја трошка од Неговата Божја вистина, од Неговата Божја правда, од Неговата Божја љубов , од Неговиот Божествен живот, па и од нас, безобзирните, да побегне секоја лага, секоја неправда, секоја омраза, секоја злоба, секоја пакост, секоја гордост, секоја алчност, секој гнев, секој јад, секоја завист, секоја лукавост, секоја страст, секое зло, секој грев, секоја смрт, секој ѓавол, секој пекол.

О, преславни апостоли Петар и Павле, вие целиот евангелиски пат од земјата  до небото незадржувајќи се сте го поминале, бидејќи на него не можеше да ве запре, ниту да ве принуди од него да скршнете: никаква неволја, никаква мака, никаква, тага, никакво патење, никакво старадање, никакво гонење, никаква закана, никаква опасност, никаков страв, никаков меч, никаково мачење, никаква смрт.

Со какви пофални венци да ги овенчаме Петра и Павла? Разделени телесно, а соединети духовно, први меѓу проповедниците на Бога; едниот како началник на апостолите, а другиот како оној што се потруди повеќе од другите, зашто нив, навистина, достојно, со бесмртна слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.

3.angeli.so.trubaДухот на овој свет од овци прави волци, додека Духот што иде од Бога од волци прави овци.
Апостолот уште додава дека сме примиле Дух Божји затоа ,,за да знаеме што ни е дарувано од Бога“.
Значи да дознаеме што е во нас од Бога и што не е од Бога,и да ја осетиме радоста од она што е од Бога и горчината од она што не е од Бога туку од духот на овој свет.

TVITerЦелиот паднат свет е глупост квалификуван за досетливост. Глупоста е измама, самозалажување. Ѓаволот е лажго уште од почетокот. Тој вечно се лаже и себе и другите. Па неговите отровни лаги изгледаат интелигентно, најмногу зашто овозможуваат брзо задоволување. Глупоста е секогаш задоволна, а задоволството секогаш импресивно...

3.angeli.so.trubaШeст мeсeци прeд свoeтo јавувањe вo Назарeт на Прeсвeтата Дeва Марија, вeликиoт Гаврил, архангeлoт Бoжји, му сe јавил на првoсвeштeникoт Захариј вo eрусалимскиoт храм. Прeд да гo oбјави чуднoтo зачнувањe на нeискусoмажната Дeвица, архангeлoт гo oбјавил чуднoтo зачнувањe на бeздeтната старица. Захариј нe им пoвeрувал вeднаш на збoрoвитe на гласникoт Бoжји и затoа јазикoт му сe врзал нeмилo, и oстанал нeм сè дo oсмиoт дeн oд раѓањeтo на Јoван.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 819
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…