логоFacebookTwitterYouTubeeMail

И ви велам: секој што Ме признае (посведочи, исповеда) Мене пред луѓето,

и Синот Човечки ќе го призне пред Божјите ангели. (Лука 12, 8)

 

На секој од степените од духовното растење, оние што правилно се подвизуваат Го сведочат и исповедаат Христос на соодветен, различен начин. Нема иста сила на сведоштво оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите со оној што веќе го просветлил својот ум, а да не споредуваме со оној што се обожил. За да сфатиме како треба да Го сведочиме и исповедаме Богочовекот Христос уште додека се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст – на степенот од очистување на срцето од страстите – (знаење што треба да ги интересира повеќето од нас), претходно треба да сфатиме како треба правилно да се подвизуваме на истиот степен. Вистинското сведоштво на Христос е неразделно од правилниот начин на подвиг.

o.naum.admin5.jpgНо, како знаеме или како одредуваме на кој од степените на духовен развој се наоѓаме? Нашата духовна возраст најлесно и единствено се одредува според квалитетот на молитвата. Ќе се согласиме сите, користејќи ја природната логика што ја имаме, дека не е возможно иста молитва да имаат оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите, оној што сѐ уште го просветлува својот ум и оној што е обожен. Затоа, според светите Отци, молитвата на првиот е усна и умна, на вториот е умносрдечна, а на третиот е непрестајна умносрдечна. Исто така, на ова место да се потсетиме дека не треба да мешаме интелектуалност и просветленост. Ѓаволот е најголем интелектуалец ама нема ни трошка просветление.  Значи, кога скоро сите ние, преку гореопишаната проверка, ќе се пронајдеме себеси на првиот степен, добро е да го знаеме и ова што следува...

На првиот степен од духовниот развој правилниот подвиг, според нашите Отци, се состои во: прво, непоистоветување со помислите, желбите и чувствата и нивна редовна проверка со духовниот отец; второ, правилна исповед, во која воглавно ги откриваме реакциите на нашето срце при падот во искушението и не обвинуваме никој друг освен самите себе; и трето, континуиран аскетско-исихастички подвиг (пост, метании, редовно присуство со стоење на богослужбите, бдение, молитвен подвиг итн.)  до моментот на отворање на срцето или до моментот на откривање на местото на срцето, преку кој исто така ги газиме нашето самољубие и навиката на самоугодување на паднатата природа и ги поставуваме рамките, основата, амбиентот за плач, со што ни се отвора и патот кон дарот на солзите на покајание. Целта на овие правила е ставање на нашиот ум во состојба на потчинетост на друг ум, односно ставање на нашиот горд, расеан и затемнет ум во процес на исцелување и просветлување, а срцето во процес на очистување од страстите.

Секако постојат и неправилности и пречки на патот. Прва пречка е непослушанието кон духовниот отец, која стои наспроти правилото за послушание, односно наспроти правилото за непоистоветување со нашите желби, помисли и чувства и нивната редовна проверка со духовниот отец. Втора пречка е судењето и осудувањето на ближниот, а е наспроти правилото за правилна исповед, чие пак начело гласи: ‘јас сум виновен за сѐ’. И третата пречка е неконтинуираниот аскетско-исихастички подвиг во периоди на повлекување на благодатта, наспроти правилото за континуираност во подвигот токму во тие периоди, со што покажуваме синовски, а не наемнички однос кон Бог и со што го користиме тој од Бог даруван период за наше духовно растење и восовршување.

Откако веќе ги знаеме правилата, можеме лесно да ги опишеме и пројавите на правилниот и пројавите на неправилниот подвиг, односно пројавите на правилното сведоштво (и исповед) на Исус, Синот Божји, и пројавите на неправилно проповедање или сведочење на Бог.

Како треба да се однесува, на пример, оној што треба своите помисли, желби и чувства да ги провери со својот духовен отец и што треба правилно да се исповеда, односно да се исповеда без и најмалку да обвини некој друг за настанатиот грев или за настанатото искушение? Односно, како треба да се однесува оној чиишто ум и срце се сѐ уште заробени од страстите и затоа го нема дарот на умносрдечната молитва и просветленоста? Нели таквиот треба да се смирува, да послушува, да прашува, да се проверува, да се советува, повеќе да молчи и да слуша, да се подучува, самиот себеси да се обвинува, да се подвизува....? Сите овие претходно опишани пројави се и пројави на вистинско сведоштво и исповедање на Богочовекот Христос! Со вистинско сведоштво и исповедање и оној што се наоѓа на степенот од очистување може да привлече кон Христос и да придонесе за спасението на оние што го гледаат неговиот начин на живот.

 А како се однесува оној што духовно неправилно живее? Нели таквиот има високо мислење за самиот себе, не слуша никого, не прашува, не се проверува со духовниот отец, не се советува, многу зборува, се самодокажува, се самооправдува, озборува, суди и осудува, другите ги подучува, не е трпелив, се расправа, се служи со лаги, неосновано или прекумерно критикува, а вообичаено не се подвизува туку евентуално само интелектуално се надградува...? Има и такви, од истата сорта, кои слабиот интелектуален капацитет го компензираат со навидум построг подвиг, но во сѐ друго се слични... Нормално, нивната тема за дискусија се обично каноните и „чувањето“ на православната вера... Има и разни типови помеѓу. Сите претходно опишани однесувања што произлегуваат од нивниот неправилен начин на живот се детално објаснети од светите Отци. Сите пројави и однесувања од неправилниот начин на живот се само храна за страста на гордоста, на високото мислење за самите себе, на суетата... Наместо да се исцелуваме, ние стануваме полоши и поштетни за Црквата и од неверниците. Зошто?

Сите овие претходно опишани однесувања се и пројави на погрешно сведоштво и исповедање и проповед на Богочовекот Христос! Ваквиот начин на однесување, кој произлегува од неправилен подвиг, ги предизвикува сите останати искушенија, непријателства, поделби, раздори, расколи и ереси од кои страда Црквата Христова. Обемот на штетата зависи само од позицијата што оној кој така постапува ја има во Црквата. Еден вид штета може да предизвикува оној што нема свештенички чин, друг вид штета оној што е во некој од пониските свештенички чинови, а најголема штета може да предизвика оној што го има епископскиот чин.

Се наметнува едно најнормално и најобично логично прашање: добро деца, како ги правиме сите овие работи без просветленост на умот, односно без постојано да го просветлуваме нашиот ум во длабочината на срцето, таму каде што пребива Божјата благодат на Крштението, преку повеќечасовна умносрдечна молитва? Како без просветленост на умот толку самоуверено дискутираме, убедуваме, упорно тврдиме, подучуваме, објаснуваме итн., она што е да речеме „дозволено“? И уште полошо, како толку лесно озборуваме, судиме и осудуваме? Или токму заради непросветленоста тоа го правиме... А да не зборуваме за зависта, лагата, клеветата и сите слични гревови. Зарем не ни е јасно дека, без просветленост на умот, светот и сѐ во него гледаме преку своите страсти од кои сѐ уште не сме очистени? Зарем не ни е јасно дека без просветленост немаме јасна слика или, уште подобро, зарем не ни е јасно дека имаме погрешна слика за нештата околу нас. Зарем не сфаќаме дека сето тоа што го правиме е само храна за нашите страсти? Зарем не гледаме дека имаме влезено во еден бесконечен круг на самовалкање и себеразболување?

Не сакам со ова да речам дека не треба човек да си го каже своето мислење. Не дај Боже! Но треба да внимава на неколку работи, особено кога разговара со еднакви на себе... Прво, на својата внатрешна состојба, за да може своето мислење смирено да го изложи, а не во моменти на нервоза и возбуда. Второ, ако веќе не може смирено тогаш барем да внимава да не ја помине црвената линија на христијанско однесување. И трето, да не настојува по секоја цена да го наметне своето мислење, колку и да е тоа точно. Еве што за последново вели свети Јован Лествичник: „Оној што во разговор со другите упорно настојува да го наметне своето мислење, макар било тоа и точно, нека сфати дека боледува од болеста на ѓаволот. Ако го прави тоа во разговор со еднакви на себе, можеби и сѐ уште може да го излечи казната на постарите; но ако така се однесува и со постарите и попаметните (поопитните) од себе, тогаш таа болест луѓе не можат да ја излечат“.

Оној што нема просветлен ум со многу напор го исполнува светоотечкото правило: гревот да го мразиме, а грешникот да го љубиме. Вообичаено суетата нè завлекува во обратен правец: да ги поистоветиме грешникот и гревот и на злото да вратиме со зло...  Добро е ако и отпосле се покаеме, но штетата е направена. Од горенаведеното, мислам дека на сите ни станува јасно зошто нашите дискусии, без оглед на кој начин се случуваат и како започнуваат честопати се сведуваат на едно многу ниско ниво: на разговор за световни работи, на озборување, на клеветење, на судење, на осудување, на самопофалби, на подлажнувања и лаги, на враќање со зло на зло... Особено кога се случуваат надвор од рамките на должната почит заради непосредната хиерархиска потчинетост.

P.S.

Затоа, на пример, ако се сеќавате на прашањето од пред десетина дена на форумот од Преминпортал „каков форум сакаме?“, не би требало ништо друго да значи, според мене, освен „каков форум на верните им треба?“. А на верните, кои се наоѓаат на степенот од очистување на срцето од страстите, им треба форум со правила, како што на младото стебло му треба силен колец на кој ќе биде прицврстено. Ем да не порасне накриво, ем силниот ветер да не го скрши. Растењето накриво е задојување со погрешно учење и практикување на погрешен живот, а кршењето од силниот ветер е соблазната која ги одбива луѓето од Црквата. На верните им треба форум што нема да ги храни нивните страсти; форум што ќе одговара на нивото на нивната духовна возраст; форум што ќе го помогне процесот на нивното очистување; форум што ќе им помогне и интелектуално да се надградуваат; форум што ќе сведочи дека се вистински Христови ученици (пред сите оние кои првпат ќе го посетат); форум во кој ќе се учат и да љубат – прво аскетски, а потоа благодатно... Или треба да се обезбеди таков форум за верните или нема потреба од никаков... Ако мене некој ме праша...

 

Оваа беседа со голема љубов и голема почит за вложениот труд им ја посветувам на уредниците на Преминпортал.

Митрополит Струмички Наум 

 

 

 

 True Testimony ( 01.02.2008 )


“Also I say to you, whoever confesses (bears witness to) Me before men, him the Son of Man also will confess before the angels of God.” (Luke 12:8)

 

            At each stage of spiritual growth they who properly struggle confess and bear witness to Christ in the respective different way. He who still purifies his heart from the passions does not have the same power of witness compared to him who has already illumined his mind; not to draw a parallel with him who is deified. So that we understand how we should confess and bear witness to the Godman Christ as early as at the first stage of spiritual growth—the stage of purification of the heart from the passions—(knowledge that should interest most of us), we must first realize how we should properly struggle at the same stage. True testimony to Christ is inseparable with the proper mode of struggle.

            Yet, how do we know or how do we determine at which of the stages of spiritual growth we are? Our spiritual age is most easily and solely determined by the quality of prayer. We will all agree, using natural logic we have, that it is not possible the same prayer to be practiced by one who still purifies his heart from the passions, one who still illumines his mind, and one who is deified. Therefore, according to the Holy Fathers, the prayer of the former is oral and of the intellect, while of the latter it is mind-and-heart prayer and unceasing mind-and-heart prayer, respectively. Let us also recall here that we should not confuse intellectuality with illumination. The devil is the greatest intellectual, yet he does not have a grain of illumination. Hence, when almost all of us, through the above-described examination, find ourselves at the first stage, it is good for us to know the following, too…

            At the first stage of spiritual growth, according to our Fathers, proper struggle consists in: first, non-identification with thoughts, desires, and feelings, and their regular checking with the spiritual father; second, proper confession, at which we mainly reveal our heart’s reactions at the fall into temptation and do not blame anyone else but ourselves; and third, continuous ascetical-hesychastic struggle (fasting, prostrations, regular attendance with standing at the church services, vigil, prayerful struggle etc.) until the moment of opening of the heart or until the moment of discovering the place of the heart—struggle through which we likewise trample on our self-love and the habit of self-indulgence of our fallen nature and we set the framework, the foundation, the atmosphere for mourning, by which the road to the gift of tears of repentance is opened to us. The aim of these rules is to place our mind in a state of submission to another mind—that is, to put our proud, distracted, and darkened mind into a process of healing and illumination, and our heart into a process of purification from the passions.

            Certainly, there are also anomalies and obstacles on the road. First obstacle is disobedience to the spiritual father, which stands opposite the rule of obedience i.e. opposite the rule of non-identification with our desires, thoughts, and feelings and their regular checking with the spiritual father. Second obstacle is judging and condemnation of our fellowman, which is opposite the rule of proper confession, the principle of which is: ‘it is all my fault’. Third obstacle is non-continuous ascetical-hesychastic struggle in periods of withdrawal of grace, opposite the rule of continuity in the struggle exactly in these periods, by which we show a son’s rather than a hired servant’s relation to God and use this by God granted period for our spiritual growth and perfection.

            Now that we already know the rules, we can easily describe also the manifestations of the proper and the incorrect struggle—that is, the manifestations of the proper witness (and confession) to Christ, the Son of God, and the manifestations of the incorrect preaching or witness to God.

            For instance, how must he behave who ought to check his thoughts, desires, and feelings with his spiritual father and ought to confess properly—meaning, ought to confess without blaming even a little bit anyone else about the sin committed or about the temptation arisen? In other words, what should be de conduct of him whose mind and heart are still captured by passions and he therefore does not have the gift of the mind-and-heart prayer and illumination? Should not such one humble himself, obey, ask, examine himself, seek counsels, strive all the more to be silent and listen, learn, blame himself, struggle…? All the previously described manifestations are also manifestations of true testimony and confession of the Godman Christ! By true testimony and confession even he who is at the stage of purification can draw others towards Christ and contribute to the salvation of them who watch his way of life.

            Now then, how does he behave who does not lead a proper spiritual life? Does not such one have a high opinion of himself; does he not listen to no one, ask no one, not check himself with the spiritual father, not take advice; does he not talk a lot, show off, self-justify himself, slander, judge and condemn, teach others; is he not impatient, argues, uses lies, unfoundedly or exceedingly criticizes, while he usually does not struggle but—if at all—only intellectually builds up himself…? There also such, of the same kind, who compensate their poor intellectual capacity with seemingly stricter struggle, yet they are alike with the former in everything… It goes without saying, their subject of discussion are usually the canons and the “guarding” of Orthodox faith… There are likewise various types in between. All the previously described kinds of behaviour, which arise from their incorrect way of life, have been explained into details by the Holy Fathers. All the manifestations and kinds of behaviour of the wrong way of life are only food for the passion of pride, of high self-esteem, of vanity… Instead of getting healed, we become worse and more harmful to the Church even than the unbelievers. Why?    

            All the previously described kinds of behavior are also manifestations of wrong testimony and confession and preaching the Godman Christ! Such a way of behavior, which arises from incorrect struggle, causes all other temptations, enmities, splits, discords, schisms, and heresies, from which the Church of Christ suffers. The extent of harm depends only on the position in the Church of him who behaves in that way. One kind of harm can cause he who does not have a priestly rank, another kind he who has some of the lower priestly ranks. The greatest harm can be caused by one who has the episcopal rank.

            A most normal and simplest logical question imposes itself: all right children, how do we do all these things without illumination of the mind—that is, without us constantly illumining our mind in our heart’s depths, where Divine grace of Baptism resides, through several-hour mind-and-heart prayer? How do we, without illumination of the mind, so self-confidently discuss, persuade, persistently claim, teach, explain etc. what is—let us say—“allowed”? Even worse: how do we so easily slander, judge, and condemn? Or is it exactly because of our non-illumination that we do it… Not to mention envy, lie, libel, and all other similar sins. Is it not clear to us that without illumination of the mind, we look at the world and all in it through our passions, of which we are still not purified? Is it not clear to us that without illumination we do not have the clear picture or, even better, is it not clear to us that we have the wrong picture about the things around us? Do we not realize that all we do is only nourishment for our passions? Do we not see we have entered into an endless circle of self-defilement and self-affliction?

            By this I do not wish to say one must not air his opinion. God forbid! However, he must be careful about few things, particularly when he talks with his equals… Firstly, it is his inner state, so that he can express his view calmly, not in moments of irritation and anxiety. Secondly, if he cannot do it calmly, then let him at least mind not to cross the red line of Christian behavior. And thirdly, he must not seek to impose his opinion at any expense, however correct it may be. Here is what Saint John of the Ladder says about it: “He who in a conversation with others stubbornly insists on imposing his opinion, be it even correct, should realize he is ill with the devil’s illness. If he does it in a conversation with his equals, he might still be healed by the elders’ punishment; yet, if he behaves that way also with the elder and smarter (more experienced) than him, then this illness cannot be healed by people.”

            It takes a great effort for the one who does not have illumined mind to fulfill the patristic rule: hate the sin, yet love the sinner. Usually vanity carries us away in the opposite direction: to identify the sinner with the sin, and respond with evil to evil… It is good if we repent afterwards; the harm has been done, though. From the above-mentioned, I think it becomes clear to all of us why our discussions, regardless of how they happen and how they start, often boil down to a quite low level: talking about worldly things, slander, libel, judging, condemnation, self-praise, cheating and lies, retaliation for the evil with evil… Particularly when these happen outside the frames of due respect because of the immediate hierarchical subordination.

           

P.S.

            Therefore, for instance, if you remember the question from some ten days ago at Preminportal’s forum, “What kind of forum do we want?”, in my opinion, it should mean nothing else but “What kind of forum do the faithful need?”. And the faithful, who are at the stage of purification of the heart from the passions, need a forum with rules, just as young stem needs a strong stake to be fixed to, so that it neither grows askew or the strong wind breaks it. Growing askew is being imbued with wrong teaching and practicing a wrong way of life, while being broken by the strong wind means the scandal that alienates people from the Church. The faithful need a forum that will not nourish their passions; a forum that will match their spiritual age; a forum that will help the process of their purification; a forum that will help them build themselves up intellectually as well; a forum that will bear witness they are true disciples of Christ (before all who visit the forum for the first time); a forum in which they will learn how to love—first ascetically, and then gracefully… There is either a need to provide such a forum for the faithful, or there is no need of any other… If one should ask me…

 

I dedicate this homily with great love and great respect for their investment of effort to the editors of Preminportal.

 

Metropolitan Nahum of Strumica

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1007
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 972
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

« »