логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Image may contain: outdoorОние што не сметаат дека се должни да ги извршуваат сите Христови заповеди, тие Божјиот закон го читаат телесно; „не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат“ (1. Тим. 1,7). Затоа, мислат да го извршат со дела.
Неговото совршенство не барај го во човечките добродетели зашто во нив го нема она што е совршено

Знакот на крстот да се става на „царската диадема"на украси на војниците, на делови на телото, и тоа: на главата, на градите, на срцето, а исто така на жртвениците и на постелите. Ако е потребно да ги изгониме демоните, ние го употребуваме крстот, а исто така тој помага за исцеление на болести.
Свети Бенедикт ја осенил со крсен знак чашата во која имало отров и стаклото прснало како да е удрено со камен.

 HRISTOS.na.Krstot1Вистинското поклонување на Крстот започнува во моментот кога, иако во мал степен, иако суптилно, ќе почнеме да работиме на својата душа и да се бориме со нашите страсти - завист, гордост, лутина; кога ќе почнеме да работиме на себеси за да може во нас да се роди нов став кон нашиот ближен. Затоа што односот кон ближниот е вистинското дело, за кое дојде Христос. Ова е вистинскиот подвиг и во тоа се изразува христијанството.

О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и Приснодева – единствена и по ум, и по душа и по тело, секогаш дејствувачка.

Умствената молитва за мене е како за секој човек неговиот занает, бидејќи во неа се вложувам себеси повеќе од 36 години. Кога дојдов на Света Гора веднаш ги побарав пустиножителите што се подвизуваа во молитвата. Пред 40 години ги имаше многумина што имаа живот внатре во себе. Луѓе со добродетели! Старци! Од нив одбиравме старец и го имавме за патеводител. Значи, практиката на умствената молитва е да се присилуваш себеси да ја кажуваш молитвата гласно и непрекинато.

3.angeli.so.truba„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини  што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро,

Кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, Ирод четворовласникот[1] го побара Младенецот за да го убие. Но ангел Господов му јави на Јосифа да Го земе Младенецот и Неговата Мајка, и да оди во Египет.[2] Јосиф така и направи. Кога тој отиде таму со Детето и со Мајка Му, бидејќи Исус не беше најден, Ирод нареди да бидат убиени децата во Витлеем.[3]

3.angeli.so.trubaНикој не може сам да оди по патот на спасението ако одбива да биде воден од невидливата рака на Спасителот, Кој дејствува преку Неговите видливи слуги, свештенослужителите на Црквата. Оти, во Светото Писмо се вели: „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима оној што Ме пратил“ (Матеј 10, 40). Следствено, не можете да одите по патот на Светиот Дух без раководство на свештеник. Разнообразноста на искушенијата, лукавството на невидливиот ѓавол, кој се бори преку видливи луѓе, може во кое било време да ги застрани Божјите ученици од патот на спасението и да ги одведе во пропаст...

Стоејќи помеѓу Бог и целиот човечки род, единствено Она го направи Бог Син човечки, а луѓето синови Божји, ја направи земјата небо, и го обожи човештвото. Единствено Она меѓу жените стана Мајка Божја по природа надминувајќи ја секоја природа. Преку нејзиното неискажливо раѓање Она стана Царица на сето создание во овој свет и повеќе, и преку себе ги издигна тие под Неа и ги направи небесни наместо земни...

TVITer52До колку нешто работиш, обиди се тоа дело да го извршуваш со мисла за Бога Творецот Кој се создал со бесконечна премудрост, со Својата добрина, Својата семоќ, Кој и тебе те створил по својот образ и подобие. Ако добиеш или поседуваш пари или некое богатство, помисли дека нашето неисцрпно богатство, од кое потекнуваат сите богатства на душата и телото, нашиот Извор од кој непрекинато истекуваат сите богатства е Бог, а тогаш заблагодари Му од се срце и не го заклучувај своето богатство кај себе, за да не си го заклучиш и влезот во твоето срце за непроценливото и живо богатство за Бога. 

3.angeli.so.trubaКога некој прославува именден, посакајте му го следново: Да живееш многу и богоугодни години.

- Здрав е оној кој добро џвака, а не оној кој многу јаде (ова се однесува на духовното учење).

- Ние треба да правиме се што е во човечките можности. Она што ја надминува нашата сила, треба да го оставиме во Божји раце.

- Колку ќе беше среќен Бог, ако ѓаволот се покаеше!

3.angeli.so.truba·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.

 3.angeli.so.trubaСветителот Теофан Задонски вели: „Целата благодат што доаѓа од Бога преку светиот Крст, светите икони, светата вода и др. – има сила само за оние, кои се достојни за таа благодат преку покајание, молитва, смирение, служење на луѓето, преку милосрдни дела и пројавување на другите христијански добродетели. Значи, благодатта не спасува и не дејствува автоматски, таа е бесполезна за нечестивите и лажните христијани (без добродетели).”

SV.Ana.UkrainaВо овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш.

SV.SILUAN.ATONSKIДа се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто.

 TVITer2Животот е голема искуствена наука. Ништо не е потешко од поминувањето низ таа наука, низ тесниот пат и низ тесната врата. Кој во мајчиното или во основното училиште не се навикнал на вера, на страв Божји или на благочестив живот, нему ќе му биде особено тешко да учи во училиштето на животот. Дури и ако во училиштето во кое се изучуваат науки биде умен и учен, и ако би уживал големо почитување поради своите способности, во училиштето на животот ќе се покаже како незнајко, и не само тоа,

sv.Jovan.Kronshtatski„ Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).

За да можеме цел ден да го поминеме совршено свето, мирно и безгрешно, единствено средство за тоа е најискрена, пламена молитва наутро, штом станеме од сон. Таа во срцето го воведува Христа со Отецот и Светиот Дух и на тој начин и дава на душата сила и крепост против нападите на злото, но неопходно е да го чуваме своето срце.

TVITer109

Ископајте бунар или јама што ќе служи како извор на вода за консумирање, на место каде што ќе видите птици да гнездат.

Одете на спиење и разбудете се со првите петли, за да не пропуштите ниту еден момент од денот...

Јадете безброј суров зеленчук и овошје, свежо за да имате моќ, енергетска моќ во телото и умот и еластично лавовско срце.

 Sv.Serafim.Sarovski.dachaНе треба никого да осудуваме, па дури и со сопствените очи да видиме како некој прави грев или загинува поради нарушување на Божјите заповеди, по зборовите Божји: "Не судете, за да не ви се суди. (Мт. 7.1)", и уште:" Кој си ти, да осудуваш туѓ слуга?" Пред својот господар тој стои или паѓа; но ќе стои, зошто Бог е моќен да го исправи" (Рим. 14,4).
Многу подобро е постојано  на ум да ги имаме  овие зборови на Апостолот:

TVITer35„Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака. Спротивно, поради слабата волја, буквално би загинал.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1041
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1002
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…