логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СКИЦИ ЗА ЧОВЕКОТ

Пред некој ден на улица поминуваше старец, со маска на лицето, навлечена до очите. Во најлонско ќесе носеше млеко. Две момчиња, не постари од дваесетина години, седеа на клупа, без маски и коментираа: „Глеј го, жити мајка, старион. Се плаши да не умре, зашто уште од млеко не се одбил“. И се смееја. А јас се сетив на „Шега со Станец“ од Марин Држиќ. Младите отсекогаш им се потсмевале на старите. И мојата генерација, кога беше млада, знаеше неумесно да се шегува со староста. Будалеста младост: мисли дека таа, шишето вотка и 20 рубли траат вечно, вели руската поговорка. Кога е човек млад, младоста си ја смета за трајна заслуга, а не за минлив дар.
Случката со старецот ме врати на темата што отсекогаш ме интересирала: кој владетел е подобар? Младичот или белокосиот старец? Јувентус или сенекс (оттаму и уваженото – „сенатор“)?

Мојата пиеса „Бунт во домот за старци“ ја постави Бранко Ставрев во 1994 година, во МНТ, кога имав 29 години. Во неа играа сјајно две генерации, едната на заминување од сцената, другата допрва во доаѓање. Старците ги играа доајените – легендата на македонскиот театар и хрватското казалиште Илија Џувалековски, потоа – Душко Костовски, Кирил Ќортошев, Димитар Костов, Петар Арсовски (иако беше во средни години), а од друга страна, младите ги играа Никола Ристановски, Тони Михајловски и Весна Петрушевска. Претставата беше алузија на геронтократијата во тогашното општество: како млад човек, сметав дека општество во кое сите политичари се во добра или длабока старост, не може да оди напред, сè додека млади луѓе не дојдат на врвните општествени позиции.

Заплетот на драмата беше метафора за тоа: во еден старечки дом доаѓа млад управник. Решен е да направи промени. Но старците се спротивставуваат и на најситна промена. Меѓу другото, управникот доведува и една млада аматерска дружина, која, бидејќи нема простор, токму во Домот подготвува претстава на Цепенкова тема: младите го носат стариот татко во планина да го изедат ѕверови, затоа што станал немоќен и веќе е товар за семејството (тема позната и од светскиот фолклор). Ситните промени во воспоставениот ритам на старечкиот дом, како и „скандалозната“ претстава што ја готват младите, се причина да почне невидлива војна меѓу старите и младите: еден вид геронто-бунт, преку сцени на заканувачко и повеќе предупредувачко отколку отворено насилство. Старите не им пуштаат пат на младите.

Така мислев со 29 години. А денес? Денес се срамам од младоста на мојата политичка генерација, иако се гордеам со уметничката и спортската. Зошто се срамам?
Затоа што по таа драма (не ПОРАДИ неа!), во серија, за кормилари на државниот брод доаѓаа исклучително млади луѓе, некои и пред напонот на својата животна сила. Мислам на премиерите, но тоа важи и за претседателската функција, од Киро Глигоров наваму. На некои министри во владите, како и на еден премиер, тоа им беше ПРВО вработување. Еден мој студент, само што ја зеде дипломата, одлета за амбасадор во милионска земја. Се оствари идејата од „Бунт во домот за старци“: старите им го оставија светот на младите. И? Каде е напредокот? Па токму младите од мојата генерација и по неа го потопија бродот, кој, каков-таков, старите македонски волци го чуваа и од најсилни бури.

Ги чувам уште моите тогашни писателски белешки, кои требало да бидат колективна карактеризација на ликовите на старците од старечкиот дом. Се сеќавам дека користев и една книга за старечката психологија, за да не измислувам јас особини. Еве што сум запишал: „Како човек старее, својот крај го доживува и како крај на светот. Затоа старите се радуваат на можна апокалипса. Тоа е добропознатата старечка себичност, патологија, која вели: по мене – потоп. Човек е стар кога ќе почне да дава отпор и за најситни промени, на пример, влезната врата од Домот за старци да се помести лево, наместо десно. (Во драмата на едно место сум напишал реплика: ’На Балканот е доволно да се смени еден збор во народна песна, па да почне војна‘). Конзервацијата и одржувањето статус кво се идеали на староста. Староста ги засилува особините што во младоста биле под контрола: посесивноста, себичноста и каприциозноста. Со старечката деменција, сопирачките откажуваат. Себичниот станува скржавец, посесивниот – поробувач. Старечката параноја е чувство дека некој те поткраднува, те лаже, ти мести игри, те следи, прави заговор за да те отруе или убие. Тоа е знак на напредната деменција.“

И, што сега? Сите симптоми на староста што сум ги забележал во оваа белешка, низ годините ги гледавме и кај нашите млади владетели, иако немаа деменција. Кој од нив не го сметаше својот политички крај за крај на светот? Кој од нив не нè плашеше дека Македонија ќе ја снема ако не го избереме него? Кој од нив не мислеше дека по него ќе настане потоп? Што е лакомоста на вештачката вилица наспроти оваа брутална, хормонална лакомост за власт, оваа материјална похота на младешката челуст? Кој од младите фараони дозволи СУШТИНСКИ да се помести макар и една врата, лево или десно? Кој од нив ги разбра младите (а и самите беа млади!), им отвори перспектива и им даде леб? Затоа и речиси сите што не беа „партиска младина“ се иселија. Кој од нив не вложи максимум напори да се одржи статус кво (конзервирана ситуација) околу меѓународната положба на Македонија, зашто сакаа спокојство и раце во (туѓи) џебови додека им трае мандатот? Кој од нив не покажа посесивност, особено кон „народот“, таа машина за гласање со милион раце? Кој од нив ја победи параноичната идеја дека некој ги поткраднува, ги прислушува, прави заговор за да ги убие? Па и на маникир одеа (и одат) со црни „чистачи“ пред нив.

Сега знам дека тоа беа младичи со душа на старци, посебични и од старците од мојот Дом. И не само што си ги однесоа предците во планина да ги изедат ѕверови, туку и децата (не нивните, нашите) ги однесоа да ги изедат ѕверови, по туѓини-јабани. Младите од мојата генерација ја посрамотија нашата младост, а сега ја срамотат, молчејќи, и нашата зрелост. Факт е дека Македонија последниве години помина низ сцила и харибда. Без нив. А тие се сега во години кога се веќе зрели, и беа должни да ѝ помогнат на татковината што ги исхрани и одгледа. Но речиси ни глас не им се слушна. Младоста очигледно им служела само за да остарат низ страсни уживања и да си го обезбедат органот за седење. Се зборува дека живеат идилично, по ранчеви, со ергели коњи, свртени кон природата и кон Бога. За природата не знам, ама за Бог сум убеден дека кренал раце од нив: тој како најстар старец е аматер за нивната старечка похота.

Но не сум песимист. Уште верувам во младоста – денешна или утрешна. И јас имам деца. Немам право нивната младост да ја идентификувам со младоста на неколку слабо или формално образовани луѓе со тенко човекољубие. Познато е: човек без занает се занимава со партиско шарлатанство и магиско искуство (прави „чуда“, а продава…). Еднаш, не знам кога, младите со занает и чест, ќе му стават крај на тој магиско-шарлатански принцип, убеден сум.
Мојот гимназиски професор по математика, Младеновиќ, често ни велеше: „Малолетни сте, не малоумни. Не мора да бидете мудри, доволно е да не бидете малоумни“. Мојата генерација ни во тоа не успеа. Ама по нас не е – потоп. Има кој ќе успее.

23.06.2020 г.

Извор.

 https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d0%bc%d0%be%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%b8-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be/?fbclid=IwAR0XLQT48ksozJ7Yk8UBjhONwyVR5sa5fgUJ7LhD4tgU4SCUQLv44ear9KU

 

 Друго?

Венко Андоновски: Скици за човекот ...

Венко Андоновски: Капитулизам на материјата, капитализам на духот! ...

Венко Андоновски: Петре и идиотите ...

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 825
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »