логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Зошто престанав да извршувам утробно чедоморство?

Со основно лекарско образование се здобив за време на студиите на Факултетот за медицина во Белград, во периодот 1951 – 1957 година. Според тогашната важечка доктрина, ме учеа дека детето е живо дури со првиот плач. Од катедрите на разните насоки на Факултетот за медицина секогаш го слушав истото: „Детето е живо дури со првиот плач. Пред тоа, тоа е само орган на мајката, како што е, на пример, забот, слепото црево или бубрегот. Да ѝ извадиш на една мајка заб или слепо црево, е исто што и да ѝ ја прекинеш веќе започнатата бременост. Со тој чин, артефицијален абортус, вие ѝ отстранувате само еден орган на мајката. Причината поради која тоа не е дозволено да се направи без одобрување од комисија за прекин на бременост, е за тоа да не биде извршено од нестручни лица и за да не се доведе во опасност животот на жената. Тоа мора да се изврши во опремени установи и до одреден период на бременост, додека тоа е релативно безбедно. Секој вид прекин на бременост мора да се одобри од специјална комисија и да се направи во некоја поголема установа“.

            Така нѐ учеа во времето на комунизмот, а и пресудите на тогашните судови се темелеа на кривичниот закон, кој истото го застапуваше: плодот е „жив од моментот на првиот плач“. По судска медицина ни беа читани дури и некои пресуди во кои се спомнуваше дека тој што со убод од нож во стомакот на бремена жена ќе го убие и плодот и ќе предизвика породување со мртов плод, ќе одговара само за лесна телесна повреда, бидејќи кога не е повредена ниту една коска на мајката, тоа се смета за лесна телесна повреда, а при повредата плодот не се ни спомнува. Тој што не е роден, не може да биде убиен.

            Така образован и поучен од своите професори се запишав на специјализација по гинекологија и акушерство, и храбро почнав да извршувам утробно чедоморство – артефицијални абортуси. Најпрво, тоа го вршев под будното око на постарите колеги, а потоа и самостојно. Бев убеден дека работам нешто правилно, и се трудев тоа „вадење на заб“, или утробно чедоморство, што помалку да ја боли жената и да помине со што е можно помалку компликации.

            Еден ден, мислам дека веќе бев млад специјалист, сретнав еден свештеник, кој го знаев од видување. Бидејќи патот нѐ водеше во ист правец, по патот се зазборувавме. На неговото прашање дали извршувам утробно чедоморство, гордо му одговорив: „Па, како не?! И тоа со локална анестезија, така што жената е свесна, јас разговарам со неа, а таа и не забележува (ако добро сум ѝ ја дал анестезијата) дека веќе сум го направил абортусот, и се изненадува кога ѝ кажувам дека е готово, а таа сѐ уште го очекува почетокот на зафатот“. На тоа тој ме праша дали знам дека тоа се живи битија; дека убивам живо човечко создание? Со потсмев му одговорив: „Ма, дајте, Ве молам, какви глупости! Тоа се неинформирани маси луѓе!“

            Времето поминуваше, се појавија нови научни достигнувања и се појави и ултразвук со своја дијагностика. Почнав често да го користам и во него да се восовршувам. Ми донесе еден куп изненадувања. Го видов плодот, работењето на неговото срце, неговите движења, отворање уста. Кај постарите плодови забележав и појава на цицање палец, а потоа, бидејќи дијагнозата за бременост беше поставена, таа жена, на нејзино барање, одеше во аборт салата – т.н. киретана, за да се изврши утробното чедоморство. Раката што пред малку се движела, после тоа често лежеше на работниот инструмент, неподвижна, мртва; палецот што плодот пред малку го цицаше, беше тука, но мртов. Почнав да размислувам: па ова сепак е живо – има уста, цица палец, се движи. Експериментите ни покажаа дека при длабоки продорни тонови плодот реагира со забрзани движења, што може да се види на ултразвук, а потоа тоа исто човечко битие лежи распарчено на работниот инструмент, или одредени негови делови се наоѓаат во тегла во вакуум-апарат.

            Еднаш се случи да извршам утробно чедоморство, а едниот член од тој пар беше моја блиска роднина. Самоуверено почнав да работам, го отворив грлото на матката и зграпчувајќи ги клештите, првото нешто на што наидов и што го извлеков беше рака. Ја фрлив на работниот инструмент, и нервот од раката падна на компресата натопена со јод. Јодот го надразни нервот и раката почна да мрда. Нормален ефект што многупати сме го изведувале на вежбите по физиологија, со жаби и нивните нерви, кога ја проучувавме физиологијата на мускулите и нервите. Бидејќи ова многу ретко се случуваше, а мене ми се имаше случено само еднаш, ѝ реков на сестрата: „Види, се мрда како нервен мускулен апарат. Сестрата ми одговори: „Ух, како да е живо“. Повторно влегов во матката и зграпчив нешто, и сега извлеков нога. Си реков во себе: „Внимавај сега нервус ишијадикус да не ти падне на јодот, па сега и ногата да не почне да мрда“. Внимателно ја спуштив ногата на сосем спротивниот крај, но некоја изненадна врева – паѓањето на некој железен предмет во соседната соба ме стресе, па ногата се извитка, одлета и нервот падна на јодот. Ногата почна да се мрда. Сега, целиот напнат, опцув, зашто првпат ми се случи такво нешто во мојата пракса (а во тоа време веќе имав богато искуство) и полугласно реков: „Сега само фали да извлечам срце што сѐ уште чука“. Влегов со клештите, зграпчив, и... навистина, извлеков и на компресата фрлив срце што сѐ уште чукаше. Престанав со тоа што го работев, одеднаш сфатив дека тоа е убиство, бидејќи пред малку на ултразвук го видов тоа живо срце како чука, раката и ногата како се движат, додека сѐ уште беа една целина. Не знам како сум изгледал, но одеднаш го чув гласот на сестрата: „Докторе, што ви е, да не ви е лошо? Да викнам ли некој друг да заврши?“ Се поттргнав. Во себе се помолив: „Боже, извади ме сега од ова во кое западнав“. Повторно почнав да работам и без никакви компликации го завршив тоа што нашиот наивен народ го нарекува „чистење“.

            Оттогаш почнав да размислувам и да сфаќам дека без оглед на тоа што не работам приватно, што не работам директно за пари, сепак вршам убиство, и не сум само џелат туку и судија што тоа го одобрува и пресудува... Се самооправдував дека сум само специјалист-војник снајперист, а не платен убиец, приватен и илегален абортер, кој убива за пари. Но, тоа не ми вредеше.

            Почнав да имам чудни соништа со ноќни кошмари. Како резултат на сето тоа, созреа мојата одлука да престанам со вршење на утробно чедоморство, кое го извршував повеќе од дваесет и пет години. И тоа по десет-петнаесет часа дневно, а понекогаш и по повеќе. Причината – моето сознание дека човечкиот плод од самиот свој зачеток е жив и е живо битие, и дека не е ни таткото, ни мајката, туку нешто трето, не е плод на некаква теолошка индоктринација, како што тоа сакаат да го прикажат атеистите и феминистите, туку чисто искуство стекнато од познавање на биологијата, на биолошките и медицинските закони и ултразвукови. Тоа што моето сознание се совпадна со теолошкиот став дека човечкиот плод е жив од самиот свој зачеток, односно од самиот зигот (оплодена јајце клетка), е само стигнување до истата цел на два различни начина.

            Сметам дека фактот што човечкиот плод е жив од самиот зачеток треба што повеќе и што почесто да се изнесува како во масовните медиуми така и преку проповеди и специјални предавања пред овој наш напатен народ што изумира сотрен од белата чума. Истото важи и за ставот дека утробното чедоморство е многу поголем и потежок грев од обичното убиство, зашто човечкиот плод во матката е немоќен да се брани, а целосно е изложен; тој е единствениот без лична вина во човечкиот род, бидејќи сѐ уште не е роден. Ова мора да се прави за брачните и вонбрачните парови да сфатат колкава е нивната одговорност во моментот на нивниот брачен-вонбрачен полов чин и да ги сфатат последиците што произлегуваат од него – и пред Бог и пред самите себе. После мојата 35-годишна пракса, особено сметам дека фактот што човечкиот плод е жив од самиот зачеток е факт што мора особено да им биде објаснет на студентите на Богословските факултети за тоа добро да го сфатат и да го воведат и во својата приватна и во својата идна пастирска пракса. (...) Предавањата од тој вид секако мора да се темелат не само на богословскиот пристап туку и на последните достигнувања во биолошките и медицинските науки. Како што сознанието дека човечкиот плод е жив од самиот свој зачеток може да се докаже на два начина – со теолошка и позитивна фактографија, така и тие предавања за почетокот на човечкиот живот мора да се објаснат од тие две гледишта. Тие две гледишта не се спротивставуваат, како што тоа сакаат да го докажат атеистите, сатанистите, феминистите и останатите непријатели на Божјата волја; тие две гледишта не се исклучуваат, тие хармонично се дополнуваат и едно со друго се потврдуваат. Но, за да може така замисленото предавање да се одржи на Богословските факултети, потребни се и соодветно оспособени предавачи. Дипломираниот студент по богословие, вооружен со знаењето на проверената позитивна фактографија, е способен активно да ѝ се спротивстави на материјалистичката индоктринација, која, сакале ние или не, постојано и понатаму се врши во нашата средина.

Д-р Стојан Адашевиќ

Преземено од: МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1302
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1633
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная