логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопската калдрма е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно, кој е трајно останат во спомените на жителите на Скопје. Не може ништо да се напише или да се зборува за автентичноста на градот на Вардар, за неговите маала, плоштади и улици, без да се спомене калдрмата. Од некогашната калдрма секој камен е бисер што блеска и им дава топлина на нашите сеќавања. Се разбира, заедно со коцката. Замислете го градот во лето – во босоногото детство требаше да се поминат повеќе улици со калдрма или со коцка, кои ги гореа стапалата, заедно со жешката, жолта прав врз светнатиот и мазен камен. Така најчесто се стигнуваше до плажите, објавува Нова Македонија.

По земјотресот калдрмата не исчезна сосема, како што целосно не исчезнаа сите маала. Мали улици и оази од калдрмата дури и денес постојат во Маџир Маало, Ново Маало, но и во некои од другите маала. Ако минувате низ Кисела Вода, кај месноста Припор, тогаш свртете кон храмот „Св. Ѓорѓи“. На делот од Водно, над црквата, до неодамна се забележуваа необични траги. Тие траги, во вид на прави линии, се спуштаа од планината, кон подножјето. Тоа беа траги од некогашните шини по кои се движеле вагонетките од каменоломот. За какви вагонетки и за какви шини станувало збор?


 


Вагонетките со кој бил спуштан каменото во подножјето на Водно

Секој камен од калдрмата е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно. Во дваесеттите години од минатиот век, Скопје доживува голема трансформација во инфраструктурата, особено во изгледот на улиците. По Балканските и по Првата светска војна, се заменува дотраената турска калдрма, а се става нова коцка на плоштадот и на главните улици. Скопје добива нов, модерен лик. Се калдрмисуваат и дел од улиците во Буњаковец и во Дебар Маало. Помалку е познато дека обработениот камен и коцката од каменоломот, со специјални мали вагони и локомотива се транспортирале низ Скопје. Шините биле расклопувани и поместувани по потреба, а според сведоштвата што сум ги забележал од повозрасните, превезуваниот камен низ градот стигнувал дури и до подалечните маала. Првата, и главна станица каде што се складирале камењата, најпрвин била месноста Чешма, а потоа на просторот на паркчето во центарот, денес познато како парк Жена-борец.


Машините со кои е обработувана коцката и каменот за калдрмата

Сите овие обновувања направени се благодарејќи на каменоломот и на рудникот во Кисела Вода, кој се наоѓал во делот од Водно, над црквата „Св. Ѓорѓи“, во Кисела Вода. Тој каменолом, по иницијатива од тогашната скопска општина и нејзиниот претседател, свечено бил отворен на 13 август 1923 година. Подготовките за неговото отворање почнале порано, во април 1922 год. На почетокот на август наредната година сите технички работи биле завршени. Покрај механизмот за вагонетките со кои каменот се спуштал (наречен бремзберг), постоеле и канцеларии, ложилница, две дробилици за каменот и друга техничка опрема. На ридот, рудникот имал две главни окна, наречени Шевајц и Карпузица, а имало и други помали отвори.
Бремзбергот можел да спушта до подножјето од 80 до 100 вагонетки дневно, бидејќи Скопје во тоа време имало голема потреба од обнова на улиците. Како службеници во каменоломот работеле и руски емигранти, како стручен кадар, и тие со семејствата биле населени во Кисела Вода. Нивни потомци и денес живеат на тој крај од Скопје. Неодамна открив ретки фотографии, кои се многу вешто направени, а на кои се гледаат дел од каменоломот и од неговите раководители. Каменот од подножјето се товарел во вагони што формирале композиција што ја влечела мала локомотива со колосек 0,60, но треба да се посочи и на фактот дека пред тоа, вагоните низ градот се движеле по шини со коњска влеча. Некои од вагоните на ова вовче, кои биле со коњска влеча, ги користеле и службениците на рудникот од Кисела Вода, за рано наутро да појдат на работа. Вовчето од рудникот се користело и за излети на граѓаните за време на Ѓурѓовден.

И коцката од плоштадот потекнувала од Кисела Вода

Пред повеќе години, постарите скопјани ми раскажуваа дека со ова вовче и со малата локомотива, повремено можеле да се превезуваат и граѓаните, особено за празникот Ѓурѓовден. Тогаш цело Скопје се собирало на прослава кај црквичето „Св. Ѓорѓи“ во Кисела Вода. Тие прослави долго се паметеле. Традицијата да се оди на излет за Ѓурѓовден кај црквичето „Св. Ѓорѓи“ во Кисела Вода, сочувана е сѐ до денес.

Постарите жители што денес живеат тука, убаво се сеќаваат на времето кога стариот рудник бил активен. Тие велат дека и по војната каменот се спуштал во подножјето, до зградата во близината, која некогаш била затвор и полициска станица. Во каменоломот работеле и затвореници. Имало специјални мајстори што ја изработувале убавата коцка и таа со вагонетките била спуштана до просторот на зградата од затворот. Дел од каменот се носел и на другиот крај од подножјето на ридот, до денешниот мал плоштад во месноста Припор, каде што се наоѓале специјалните машини за обработка на материјалот. Се произведувале и полукоцки, како и кршен камен за посипување на улиците.

Превземено од Нова Македонија.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 237
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 691
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 912
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »