логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое очајнички е потребно да му се стави крај. Во основа, луѓето кои си го одземаат животот не сакаат да умрат, туку сакаат да ја запрат големата болка, страдање и притисок што го чувствуваат, а самоубиството го гледаат како единствена опција. Дури и најтешките случаи имаат измешани чувства во однос на смртта и до последен момент имаат внатрешен конфликт во однос на тоа дали сакаат да живеат или да умрат. Затоа, погрешна е претпоставката дека ако некој решил да се убие, ништо не може да го запре. Суицидалната личност може и да не побара никаква помош, но тоа не значи дека помошта не и е потребна или пакдека е бесполезна.
Оттаму, за превенција на самоубиството неопходно е најблиските луѓе да ги препознаат предупредувачките знаци и отворено да зборуваат за нив без разлика на тоа колку истото им делува застрашувачки и колку не сакаат да го прифататтоа што се случува. Меѓу луѓето, се уште постои митот дека доколку ја покренат оваа тема со личноста која се сомневаат дека е суицидална, тие на некој начин ќе и дадат идеја, односно ќе ја поттикнат да изврши самоубиство. Напротив, суицидалната личност има потреба да зборува со некого отворено на оваа тема и нејзиното покренување може само повеќе да го опесни отпочнувањето на ваков разговор кој се уште претставува голема стигма во општеството. Давајќи и можност на личноста отворено да ги изрази своите чувства придонесува да не се чувствува толку осамено, а со тоа и да се спречи обид за самоубиство.
Во некои случаи, пак, луѓето кои се одлучуваат на самоубиство може и никогаш да не покажат некаков знак за тоа, па дури ден претходно, ипи пак час пред да го сторат тоа, да изгледаат како се да е во ред. Впрочем, еден од знаците кои треба да служат како предупредување е ненадејната смиреност и манифестирање на среќа кај личност која веќе подолго време се борела со депресија. Тоа може да кажува дека таа личност нема веќе никакво колебање и дека одлуката е веќе донесена.
Но, поголемиот број случаи даваат некаква појасна најава која треба да се сфати многу сериозно. Може да станува збор за вербални знаци како експлицитни изјави дека личноста сака да си го одземе животот. или пак понеодредени изјави кои укажуваат на безнадежност и беспомошност, на кои треба да им се даде еднаква важност како и на експлицитните. Покрај тоа, и некои знаци при однесувањето како повлекување од социјалниот живот, изместени навики за јадење и спиење, разни облици на самодеструктивно однесување и слично, би требало да ја алармираат околината.
Во посериозни случаи каде личноста е дојдена до стадиум да раскажува во детали за своите самоубиствени планови, потребно е да се повика дополнителна помош, а во најмала рака да не се остава сама за да не и се даде шанса да го изврши самоубиството. Исто така сето она што би можело да и користи како средство да го стори тоа, би било полезно да се отстрани од нејзин дофат.
Она што треба да се избегнува е да се разубедува личноста дека има за што да живее. дека нејзиното самоубиство би ја скршило нејзината фамилија или пакдека треба да гледа на светлата страна. Овие зборови не само што нема да бидат од корист, туку може да предизвикаат уште поголема вина. притисок, фрустрација и чувство на помала вредност. Некогаш е доволно само да се ислуша со емпатија и без осуда за да се укаже некаква помош.
Често и не е толку потребен некаков особен и конкретен совет колку што е потребно некој да е покрај таа личност, бидејки во суицидалните мисли постои искривена перцепција дека е таа е сама, изолирана, дека сите подобро функционираат без неа и дека никому не му е важна.
Исто така и понудата да чита лични приказни на луѓе кои имале обид за самоубиство или имале суицидални мисли може да е од голема помош, бидејќи со луѓето кои поминале низ слично искуство личноста би можела полесно да се поврзе, да се почувствува повеќе разбрана, а пред се да не се чувствува дека е сама во сето тоа. Сепак. пред се од исклучителна важност е личноста да се охрабри да побара стручна помош па дури и да и се понуди контакт од конкретен психолог или психотерапевт.
За крај, не смее да се заборави дека суицидалната личност е многу повеќе од нејзините суицидални мисли и не можеме и не смееме да ја сведеме само на тоа. Во неа има дел кој сака да живее. има кревок, ранлив дел кому му е потребна помош. разбирање и поддршка, дел кој можеби сака нешто да каже.

Текстот е подготвен од терапевт.

СОС-линија за кризни состојби на Клиниката за психијатрија (24/7): (02) 3136 400 

 

 

 Извор:

http://maktel.mk/News.aspx?id=117384&fbclid=IwAR1ka1Zj_Gf_pJEWn9lB2GVYTTlZ5K7B2nTZ0WrXYcgSKX8RPf0wSXUqmbU



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 533
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 603
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 556
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »