логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Одбележани 10 години македонско-француската соработка во областа на културното наследство

Скопје, 1 јуни (МИА) - Република Македонија е земја со големо културно-историско богатство, низ кое се кали постоењето на македонскиот идентитет. Токму затоа Владата и Министерството за култура како примарна цел  ја имаат  заштитата и вреднувањето  на ова поле на престиж,  кое ни обезбедува афирмација на меѓународен план, со силата на материјалните факти ископани од рацете на вредните археолози, рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска на одбележувањето по повод 10 години македонско-француска соработка во областа на културното наследство.

- Во овие десет години, голем број на македонски и на француски архитекти, историчари, историчари на уметноста, археолози, љубители на културното наследство и старите урбани јадра, заеднички размислуваа и работеа во служба на  културното наследство, изјави инистерката Канческа-Милевска во Музејот на Македонија.

Таа потенцира дека проектот започнал со партнерската соработка со Град Скопје, со Битола, a од неодамна и со Велес, како седиште на Асоцијација на градови со архитектонско наследство.

Канческа-Милевска посочи и на трите потпишани договори (2002/2004, 2005/2007, 2008/2010) меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на Франција, кои, како што рече, се основа и правен доказ за нераскинливото партнерство и пријателство што владее меѓу две земји.


Амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро, изјави дека во последните 10 године е воспоставена солидна база за соработка и оти се потпишани повеќе спогодби кои се применуваат. 

Според него, многу е значајно што во проектите секогаш имале поддршка од Министерството за култура на Македонија и биле вклучени повеќе градоначалници, кои на локален план оствариле добра работа.

Амбасадорот Валеро најави дека и во иднина имаат намера да продолжат да соработуваат со македонските општини.

Градоначлникот на Скопје Коце Трајановски изјави дека овој мал јубилеј е уште еден показател за добрите односи меѓу Македонија и Франција, чиј резултат е и остварената соработка меѓу градовите и организациите од областа на културата. Тој потенцира дека за 10 години, со помош на ова партнерство се реализирале проекти и иницијативи за подобро управување и вреднување на чаршиите и старите градски центри.

Еден од резултатите од оваа соработка, како што истакна Трајановски, е формрањето на Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство, во која членува 41 општина.

- Преку Асоцијацијата се отворија можности за соработка и размена на искуства со Националната асоцијација на градови и региони на историја и уметност и градови со заштитени зони од Франција, рече Трајановски. Според него, во поголемиот дел од градовите од Македонија се зачувани старите градски јадра кои се средиште на градскиот живот и се вредни и бесценети показатели на идентитетот, на традицијата и на минатото.

На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на Битола Владимир Талески и на Велес Горан Петров, кој е и претседател на Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство. мд/са/13:02



 

 Обраќање на министерката Канческа-Милевска по повод 10 годишнината од француско-македонската соработка на полето на културно-историското наследство

1 јуни

Говор на министерката за култура, м-р Елизабета Канческа-Милевска на прославата по повод 10 годишнината од француско-македонската соработка на полето на културно-историското наследство.

Почитуван г. Бернар Валеро, амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Почитуван г. Жан Руже, потпретседател на  Националната асоцијација на градови и региони на историја и уметност и градови со заштитени зони, градоначалник на Сент, Франција,

Почитуван г. Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје,

Почитуван г. Владимир Талевски, градоначалник на Битола,

Почитуван г. Горан Петров, градоначалник на Велес и претседател на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство,

Почитувани гости,
Дами и господа,

Република Македонија е земја со големо културно- историско богатство, низ кое се кали постоењето на македонскиот идентитет. Токму затоа Владата на Република Македонија и Министерството за култура како примарна цел  ја имаат  заштитата и вреднувањето  на ова поле на престиж,  кое ни обезбедува афирмација на меѓународен план, со силата на материјалните факти ископани од рацете на вредните археолози.

Токму затоа, ми претставува особена чест и задоволство што денеска, во присуство на нашите големи поддржувачи и партнери од Република Франција, можеме да ги изложиме на вреднување плодовите од десетгодишната соработка во областа на културното наследство, кое ја потврдува автентичноста на историјата  и цивилизација на двете земји во светот.

Вистинскиот приод кон расветлувањето на мистичните длабочини на историјата на Република Македонија и Република Франција започна во 1999 година. Од тогаш до денес, реализирани се бројни активности, за автентично спојување на многу историски мозаици. Во овие десет години, голем број на македонски и на француски архитекти, историчари, историчари на уметноста, археолози, љубители на културното наследство и старите урбани јадра, заеднички размислуваа и работеа во служба на  културното наследство.

Проектот започна со партнерската соработка со градот Скопје, со Битола, а од неодамна и со Велес како седиште на нашата Асоцијација на градови со архитектонско наследство. Својата партиципација и ангажман вложија и  Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот културен центар во Скопје, Градот Ангулем, Асоцијацијата Виа Патримуан (Ангулем) и Националната Асоцијација на градови и региони на уметност и историја и градови со заштитени зони. Тука есенцијална беше поддршката и од француското Министерството за култура и комуникација и Министерството за надворешни и европски работи.

Во овој десет годишен период потпишани се три договори (2002/2004, 2005/2007, 2008/2010) помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на Франција, кои се основа и правен доказ за нераскинливото партнерство и пријателство што владее меѓу нашите две земји.

Навистина е голем бројот на реализирните проекти, кои за заеднички именител го имаат вложениот труд од двете држави. Започнувајќи од научни сознанија до сигналитика, од инвентаризација на куќите на старите центри до легислатива и прописи прилагодени на историските квартови, од изложби за културен туризам, размена на експерти и советници во градовите до размена на искуства на европско и светско ниво. Сите овие реализирани активности во изминатата една деценија придонесуваат за продлабочување на знаењата, заштитата на културното наследство и негово значење, во промовирањето на двете држави како интересни туристички дестинации.

Голема е поддршката што ја добивме од француските партнери околу сигналитиката и создавањето на еден нов пристап кон нашето Скопје. Беше изработена студијата за историјата и урбаниот развој на градот, која го истакна значењето на богатото културно наследство,  доближувајќи го истото до туристите преку поставените јарболи, паноа, плочи со текст, слика и цртеж.

За Република Македонија извонредно значаен зафат е и проектот за инвентаризација на Старата скопска чаршија. Оваа активност која   ја реализира Министерството за култура на Република Македонија со Конзерваторскиот центар Скопје и Заводот за заштита на спомениците за култура и музеј во Битола придонесе за дефинирање на  заштитените зони и усогласување на  правната регулатива. Првата фаза од проектот е финансирана од страна на француските партнери, втората фаза ќе ја финансираат француската асоцијација и Министерството за култура на Република Македонија, а третата ќе биде финансирана исклучиво од македонското Министерство за култура.

Токму во насока на заштита на големата вредност на Старата скопска чаршија како културно богатство, во 2008 година беше  донесен и Закон со кој се уредуваат клучните праша-ња во поглед на практичните аспекти на заштитата на споменичната целина, а формиран е и Национален совет , како  координативно и советодавно тело на Владата на Република Македонија, чија задача е донесување на петгодишна програма за ревитализација на овој значаен предел.

За одбележување е и македонско-француската соработка во областа на размената на експерти, идеи и искуства, размена на советници во општините и на стручни лица, како и одржувањето на регионални семинари кои придонесоа за навистина големо продлабочување на нашата соработка.

Во оваа прилика, би ги поздравила и одличните резултати од формирањето на Асоцијацијата на градови во Македонија со архитектонско наследство, чија што цел беше обединување на повеќе градови, заеднички ангажман за изнаоѓање средства и субвенции за реставрација, заштита и промовирање на културното наследство, а со тоа и развој на локалната економија.

Партнерството со Република Франција до толку е позначајно и поради фактот што денес со напливот на различните толкувања за она што е „модерно”, на  квалитетните урбани јадра преку нови градби и лоши реставрации им се заканува вистинска преобразба.Затоа заедничката работа врз правната регулатива, документите за урбанизам и инвентаризација се приоритетните активности на  Министерството за култура во оваа партнерство.

Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите пријатели од Франција, г-ѓа Марилиз Ортиз, директор на Националната Асоцијација на градови и региони на уметност и историја и градовите со заштитени зони, Асоцијацијата Виа Патримоан за валоризација на културното наследство на градот Ангулем и областа Ангумуа, на Францускиот културен центар во Скопје, Министерството за култура и комуникација на Франција, Амбасадата на Франција во Скопје за досегашната успешна соработка, која убедена сум дека ќе продложи и во иднина. Бидејќи грижата за културното наследство е наша заедничка обврска, наш белег на препознатливост, она што не прави и различни и посебни, но и она што не зближува и не поврзува со светот.

Ви благодарам на вниманието.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1306
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1638
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная