логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Презентиран проектот „Публикации за најзначајните вредности на културното и природното наследство“

Скопје, 13 август 2009(МИА) - Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја презентираше програмата за проектот „Публикации за најзначајните вредности на културното и природното наследство“, кој опфаќа печатење на сто и педесет публикации и научно-популарни книги, поделени во четири едиции и една посебна книга за Скопје.

Секоја публикација во тираж од 2.000 примероци, ќе биде испечатена на квалитетна хартија, со високо професионални фотографии и популарни текстови кои ќе бидат напишани од познати и признати македонски експерти од соодветни области.

Министерката Канческа-Милевска рече дека пред започнувањето на проектот била извршена сеопфатна анализа на состојбата со застапеноста на научно-популарни публикации преку кои се презентира културното и природното наследство кое го поседува Република Македонија. - Беше воочена една загрижувачка ситуација со навистина мал и незначителен број публикации и книги, преку кои сите домашни и странски туристи можат да дознаат нешто повеќе за сето она што е карактеристично за нас, рече Канческа-Милевска.

Таа додаде дека затоа се решиле за реализација на овој проект и оти тој ќе ја промовира Македонија како атрактивна дестинација. Преку овие публикации, како што посочи  таа, на светот можеме да му го презентираме нашето богатство и да му дадеме шанса да не запознае и да го почувствува духот на Република Македонија.

- Проектот „Публикации за најзначајните вредности на културното и природното наследство“ е мошне значаен проект, од научен и од туристички аспект и предвидува печатење на сто и педесет публикации, научно-популарни и добро опремени книги, во кои во интегрален вид ќе бидат прикажани најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство, рече Канческа-Милевска.

Таа објасни дека проектот опфаќа четири едиции, археолошко културно наследство, сакрално културно наследство, едиција за ризниците во црквите и манастирите во Македонија и природното наследство.

Во едицијата посветен на археолошкото културно наследство ќе бидат презентирани публикации посветени на голем број археолошки локалитети низ Република Македонија, датирани од различни периоди, како Стоби, Скупи, Тумба Маџари, Бонче, Антички театар, Цареви Кули, Виничко Кале... Во втората едиција за сакралното културно наследство ќе бидат презентирани христијанските и османлиските споменици, за црквата Света Софија, Марков Манастир, манастирот во Зрзе, Јени Џамија, Исхак Џамија во Битола, Мустафа Пашина Џамија, Шарената Џамија.

- Во третата едиција се ризниците во црквите и манастирите во Македонија, каде ќе биде претставен избор на најрепрезентативните ризници, фрески и икони на бројните манастири и цркви, меѓу кои и ризниците на црквите „Благовештение“ и „Преображение“ во Прилеп, Галеријата на икони во Охрид, ризницата на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово и многу други, рече Канческа-Милевска.

Во едицијата за природно наследство ќе биде претставена Македонија како земја со ендемична флора и фауна, национални паркови, езера, острови, водопади, кањони. Ќе бидат претставени националните пракови Маврово, Пелистер, Галичица, Охридското Езеро, Смоларските водопади...

Во посебната книга за Скопје, како што потенцира Канческа-Милевска, ќе бидат презентирани сите репрезентативни културни знаменитости кои се белег и симбол на препознатливост на македонската метропола.

Авторите на публикациите треба да крајот на годинава да ги реализираат сите текстови, а идејното графичко и ликовно решение за корицата на книгите за проектот „Публикации за најзначајните вредности од културното и природното наследство“ ќе биде избран на Конкурс за избор на идејното решение, кој  е веќе објавен, и тој ќе биде доставен до избраната издавачка куќа која ќе ги реализира книгите од проектната програма.

Изданијата ќе бидат преведени на 15 јазици, англиски јазик, француски, германски, руски, италијански, јапонски, албански, турски, арапски јазик...мд/скс/14:03

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1365
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1700
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1577
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/05/2024 - понеделник

Воскресение Христово (втор ден);

Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная