логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Vinjeta1a.jpg
  
 
СЛОВО ГОРКО, СЛОВО ЖАЛОСНО
Ете, конечно ја пронајдовте кутивката со ова мое слово во гробот на мојата единствена ќерка Џола. 
  Сега читајте; вака се случи тоа:

Стариот охридски свештеник Апостол Мизо ја отвори црквата ‘Свети Климент‘ за да влезат охридските првенци Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј.Тогаш, во времето на архиепископот Арсениј, тие беа богати ќуркчии, па поголемиот дел од годината поминуваа во Цариград.Сите се залагаа да го протераат Арсениј од Охрид, а само првите двајца беа шпиони на везирот.

Додека палеа свеќи пред иконата на Богородица Троеручица измислија подла итрина; набавија фалсификувани пари и закопаа дел од нив во дворот на архиепископијата, а остатокот го растурија низ градот. По неколку дена сами ја известија власта дека во чаршијата се трошат некакви лажни пари на патријархот. Власта го пребара домот на Арсениј и ги најде парите закопани во дворот.

Сега читајте, вака се случи тоа:

Иако Арсениј не беше тргнат веднаш, неговиот крај веќе беше близу. Само, Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј сакаа тоа да се случи веднаш. И затоа се послужија со нова итрина.Управник на градот беше Селим Ери паша, кој владееше со зулум и со рушвет.За да го спасат народот од него, истите првенци што го направија она со лажните пари, испратија молба до султанот да го тргне пашата од Охрид.Се разбира, молбата беше само злобна измама: таа не беше против пашата туку против патријархот.

Сега читајте, вака се случи тоа:

Молбата против Арсениј беше напишана на турски, а охриѓани не го знаеја тој јазик па беа прелажани. Веднаш по барањето да се смени пашата, стигна заповед да се тргне Арсениј, па оттука беше јасно каква молба од охриѓани стигна во Цариград.Патем, Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј си ја завршија работата како што треба. Оној Чалеби и оној Станче-за пари, а оној Лигдо и оној Малечко-за ќеиф. Но, да се разбереме, тоа што не знаела што праќа за Цариград, не ја оправдува рајата за подлоста што му ја направија на својот патријарх Арсениј. Стариот беше многу изненаден: се противеше на таквата заповед, но на крајот мораше да замине.Значи, сакам да кажам, внимавајте какви молби праќаат во ваше име оние што можат да ве продадат со измама.

Сега читајте, вака се случи тоа:

Пред да се тргне за Цариград, летото 1767 година, Арсениј служеше во црквата ‘Свети Климент‘ пред многу народ, а ниту тој, ниту народот не знаеше дека служи на предавници.Последниот охридски патријарх јавно ги проколна само Нејко Челеби, Станче беј и Бујар Лигдо, а потоа, по две недели, кога цариградските пратеници со патријархот и неговиот внук Георги Беласчев, стигнале кај Топ-капи, гавазите веднаш ги опколиле на мостот пред портата и со еден ќумурџиски кораб ги испратиле на Света Гора.

Десет години подоцна, старец од Зографскиот манастир ми раскажа малку поинаква вистина, покажувајќи ја ќелијата каде што умрел Арсениј. Потоа, под една смоква, најтивко што може ми кажа дека патријархот бил многу тажен, разочаран од укинувањето на архиепископија, и затоа со својот внук Георги сам тргнал за Цариград за да ги заштити своите права и да го спаси својот народ од пропаста за која не е свесен.Кој народ? Оној што го предаде, а не знаеше дека го предал? Со себе носел разни хрисовули и цел товар други ракописи. Одејќи кон Цариград, скршнал за кратко на Света Гора, за да се помоли, и таму бил задржан неколку месеци,чекајќи да го повикаат од Цариград. Еднаш стигнал некаков ќумурџиски кораб, но тој не заминал со него. Коработ дошол само да провери дали Арсениј уште е жив. Неколку дена подоцна, патријархот почина во ќелијата во Зограф; истата ќелија што ми ја покажа старецот, иако јас добро ја знаев пред тоа. Сега знаев дека тргнал во Цариград за да се бори, да ја спаси Охридската архиепископија, ако може, но ете, никогаш не стигна кај султанот; беше заробен до смрт во манастирот Зограф на Света Гора.

Сега читајте, вака се случи тоа:

Кога се вратив во Охрид, веќе пееја песна за него. Во неа патријархот плаче пред народот во дворот на црквата ‘Свети Климент‘ а по брадата му течат жешки солзи. И народот, значи, плачел; тој ги гушкал сите, еден по еден, тие му бакнувале рака а од раката како од извор се лееле солзи. Тоа траело неколку часа, а потоа Арсениј ги склопил рацете, погледнал во небото и ги проколнал Стамче беј, Бујар Лигдо и Нејко Челби. Истиот миг плачот на народот го распарал небото, а Арсениј го јавнал својот коњ и заминал засекогаш од Охрид. А потоа, како што вели песната, одеднаш, како да не биле, исчезнале семејствата на проколнатите; во нивните куќи пајаците ткаеле пајажина а по стреите пееле утки. И, да не должам, зашто вие бездруго забележавте, во песната се споменуваат само тројца од трговците што го предадоа Арсениј.Зошто не се спомнува четвртиот?

Сега читајте, вака се случи тоа:

Значи, Арсениј заминал; народот го гледал дури можело да се гледа и плачел, го цепел небото. Дали плачел за него, или плачел за себе, оставам сами да одлучите. Седмиот ден Арсениј скршнал од Виа Егнација и стигнал на Света Гора. Не верувам дека тоа го направил по своја волја, затоа што со него биле дванаесет пратеници на султанот кои жив требало да го спроведат во Цариград. Најверојатно тоа било некаков план подготвен од некого однапред, а двете писма што ги најдов во ќелијата во манастирот Зограф по смртта, зборуваат дека тој бил свесен оти нема да се врати жив во Охрид. Додека старецот го палеше кандилото во ќелијата, јас, без да ме забележи, се разбира, ги зедов писмата скриени во еден процеп во карпата. Станува збор за оставката од местото Охридски архиепископ, и за отстранувањето од Пелагониската епархија, каде што по симнувањето од охридскиот трон требало да се повлече и да живее. Второто писмо го напиша пред да тргне кон Цариград, но може и на Света Гора, што значи дека знаел што ќе се случи со него по пат, или токму во манастирот Зограф. Иако на крајот на двете оставки напишани со неговиот чист краснопис пишува дека дава доброволна и непринудена оставка, буквите сами зборуваат за нешто сосема друго; сите се малку накосени наназад, како некој да го туркал перото да пишува побрзо. Еве вака: „Со оваа доброволна и непринудена оставка, јас, долупотпишаниот Арсениј, изјавувам дека немам сила да ги средам и поправам потребите на Охридската архиепископија, кои се јавија“...го чкртнал ‘јавија‘ и допишал ‘се случија‘, па продолжил ‘една по друга пред нас и во наши дни, и дадоа многу поводи злодејците да ја нападнат архиепископијата и да им наштетат и навредуваат потчинетите митрополии и нивната бедна раја, и бидејќи не може поинаку да се извлече од таквите раце мојот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата, се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија, која ќе ја имам додека сум жив за да се прехранам и да ги покријам другите нужди. При таква согласност со светите собраќа архијереи се направи оваа доброволна и непринудена оставка, која треба да се стави во светиот кодекс на Великата христова црква, и преку тоа пред блажениот ерусалимски патријарх Партениј‘. Под писмото стои датата, 16 јануари 1767 година.

Ако внимателно се чита ова што е напишано, веднаш ќе се забележи дека во писмото двапати, на почетокот и на крајот, Арсениј ги повторува истите зборови: доброволно и непринудено. Кој барал двапати да биде напишано токму тоа, и токму така, во неговото последно писмо како прв човек на Охридската архиепископија, која по осумстотини години некој одеднаш решава да ја укине? И зошто подоцна не е укината ниту една друга архиепископија доброволно и непринудено?

Второто писмо е оставката на Арсениј од неговата Пелагониска епархија, каде што планирал да живее, ако се врати од Цариград: ‘Со оваа доброволна оставка изјавувам дека не можам да заминам таму поради недоверливите потези на големците, па затоа доброволно и непринудено се откажувам од мојата Пелагониска епархија во име на високопреосвештениот мегленски митрополит, возљубениот ми брат Натанаил, како достоен и способен да ја управува таа епархија. И затоа искрено молам сесветиот и чесен господар, и сесветите архијереи на Светиот синод да се согласат со ова мое самоволно решение и да го назначат неговото високопреосвештенство за таа митрополија, но не друго лице. Како доказ и поткрепа за тоа ја давам оваа доброволна оставка, поткрепена со своерачен потпис и печат‘. До печатот стои датата, 24 јуни 1767 година, а веднаш под неа забелешката дека писмото го пишува бившиот пелагониски владика Арсениј.

Осум дена подоцна тој е веќе мртов.

Сега читајте, вака се случи тоа:

Јас го отрув Арсениј. Три дена пред да пристигнат бев испратен од Цариград во манастирот Зограф. Ми беше кажано да се преправам во монах-испосник, и јас да го примам, да му ја покажам ќелијата и да му бидам на услуга секогаш кога ќе треба. Тој не смееше да стигне до султанот, затоа што ќе се дознаеше вистината за укинувањето на Охридската архиепископија. За таа услуга, за чајот со кукуда, бев добро платен од ромејскиот патријарх Јеремија, кој веќе беше договорен нејзиното место да го заземе Пеќката патријаршија. Дента кога Арсениј умре, јас заминав со еден ќумурџиски кораб во Цариград, а на мое место донесоа старец од манастирот Хиландар. Тоа е истиот старец што ме пречека десетина години подоцна за да ми ја покажа ќелијата на патријархот Арсениј во манастирот Зограф.

Сега, по толку години, гледајќи ги овие писма на Арсениј, знам дека за нас, против нас, не ни треба никој, освен ние.И затоа наскоро пак ќе дојде оној ќумурџиски кораб за да каже што да се направи за да не постои веќе ништо.И ќе направите. И пак ќе им верувате на оние што зборуваат во туѓо име, а оној што зборува во туѓо име, тој секогаш лаже. Сепак, вистината еден ден мора да излезе на видело.Еве, како оваа кутивка што ја ставам во гробот на мојата единствена ќерка Џола. Останав сам, а бевме големо, богато семејство; бев ктитор на три цркви во Охрид, а сега пајаците плетат пајажина во нашата куќа; утката пее под стреата а јас умирам слушајќи ги брановите на езерото. Ах, слово горко, слово жалосно!

Сега молчете, вака се случи тоа:

Јас сум Малечко беј; еден од четворицата трговци што го предадоа Арсениј.Мене чесниот патрик не ме спомна во црквата Свети Климентова, а постоев и јас, и горко, и жалосно.
 
Автор: Блаже Миневски

Извор: Нова Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1363
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1698
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1572
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/05/2024 - понеделник

Воскресение Христово (втор ден);

Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная