логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Православна психотерапија                        

Проф. д-р Дмитриј А. Авдеев е православен лекар-психијатар, психотерапевт, медицински психолог, доктор по медицински науки. Завршил последипломски студии на Богословскиот факултет на Универзитетот „Лукијан Благо“ (Романија). Од 1991 година активно работи во правец на формирање христијански однос кон психичките заболувања, т.е. на моделот на православната психотерапија. Ја разработува православно ориентираната програма за рехабилитација на лица што страдаат од наркоманија и алкохолизам. Член е на руски и на меѓународни професионални здруженија и асоцијации. Автор е на повеќе од 300 духовно-просветни, научни публикации и мултимедијални проекти, во кои спаѓаат над 60 книги, издадени освен на руски и на повеќе светски јазици. Основач е и директор на Институтот за проблемите на формирањето христијански однос кон психичките заболувања, каде што е и редовен професор. Во текот на своите дваесет години работа им укажал помош на илјадници луѓе.



                
ЛЕК ПРОТИВ СТРЕСОТ

„Стресните ситуации“ се неодвоив дел од современото живеење; невозможно е да се избегнат или да се заобиколат. Затоа, пак, можеме да го измениме својот однос кон нив и да ги преживееме со минимални загуби по здравјето. Токму за тоа разговараме со психотерапевтот, медицинскиот психолог, професор Дмитриј Авдеев.

Докторе, која психичка и физичка состојба кај човекот се нарекува стрес?

Самиот термин „стрес“ потекнува од канадскиот физиолог Ханс Сеље. Во 1936 година тој го дефинирал стресот како „реакција на организмот на специфичните, неповолни животни фактори“, кои можат да бидат: физички, физиолошки и психолошки. Неговата теорија не е нова. Многу пред него, извонредниот руски терапевт, Сергеј Петрович Боткин, ги опишал реакциите на организмот на одредени неповолни животни фактори. Но, за нас, праизвор по ова прашање е наследството на Светите Отци на Православната Црква – употребувајќи некои зборови-формулации, како што се „душевна болка“, „страдание“, „искушенија“; тие нѐ учат како е правилно да реагираме на тие појави, ставајќи акцент не на физиолошките, туку на духовните аспекти на проблемите.

Излегува дека човекот што верува е позаштитен во стресните ситуации од оној што не верува?

Секој од нас има скала на вредности: она што е за еден човек значајно, за друг нема никакво значење. За православните луѓе, животот е незамислив без вера, без духовна компонента на битието. Човекот што верува сфаќа дека живее во непрестајниот тек на светата Промисла Божја и дека во неговиот живот ништо не е случајно, па така ни влакно од главата нема да му падне случајно. Затоа, верата во Промислата Божја, молитвата и учеството во Светите Тајни на Црквата и се заштита од тие неповолни фактори, кои нѐ опкружуваат во животот.

А што ако стресната ситуација трае долго?

Може да се случи, надворешните околности на некој човек долго време да не се менуваат. Тука се поставува прашањето: заради што еден човек треба тоа да го трпи? Кога си спомнуваме за руските новомаченици и ги читаме сведоштвата на затворениците, кои биле заедно со нив во затворите, се чудиме каква неверојатна цврстина на духот покажувале тие луѓе, како трпеле разни лишувања, обидувајќи се да им помогнат на другите затвореници. Која била смислата на нивните страдања и длабоката душевна болка што ја чувствувале? Ако животот се сфаќа како стремеж кон задоволства, тогаш промените на животните околности, како што се разни болести, природни катаклизми и слично, се примаат негативно. Верниците, се разбира, ја сфаќаат спасителната сила на душевната болка и болестите, дека сето тоа што се случува со нас ни е дадено за спасение.
Често, длабоката душевна болка станува почеток на духовна преродба на некој човек, етапа на преосмислување на животот, формирање на правилен светоглед и промена на односот кон луѓето и настаните во светот. Почеток на покајанието. А без покајание, без молитва, без учество во Светите Тајни на Црквата човек не може да биде духовно здрав.
Во својата практика често се среќавам со случаи кога на некој човек долго време му се случуваат непријатни настани или го напаѓа тешка болест, па не можејќи да се носи со сите тие околности, тој се обраќа за помош кај психијатар. Потоа настапува етапа на преосмислување, покајание, и по некое време човекот вели: „Боже мој, како живеев порано? Седев на вреќа со злато и подавав рака за милостина!?“  

Што им советувате на луѓето што не можат да се носат со стресна ситуација?

Да си спомнат дека Господ не ни праќа искушенија над нашите сили – за тоа читаме во Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните – на секој човек му се дава крст според силите. Сепак, нема да му се пратат ни помалку искушенија, затоа треба да сме подготвени да трпиме. Свети Теофан Затворник ја споредува мерата на страданијата во животот со тоа како домаќинката пече пита: ако само за пет минути не ја допече питата – таа не може да се јаде, но ако само за пет минути ја препече, исто така, питата не е добра за јадење, односно Господ душата на човекот „ја пече до моментот кога е готова“.

Дали постојат начини за борба со стресот?

Пред сѐ, треба да се трудиме подобро да се однесуваме еден кон друг. Треба да запомниме дека православниот христијанин е добар човек, покрај кого е лесно, добро и спокојно да се живее, тој е строг кон себе и снисходлив кон другите луѓе. Денес во нас има многу непотребна напрегнатост. Ако погледнете отстрана како мајките разговараат со своите деца, како сопружниците се караат за ситници – станува јасно дека сме се одучиле да трпиме дури и сосема малку.
Што да се каже, не водиме здрав живот: во тоа спаѓаат здрав сон, движечка активност, зајакнување на организмот (свеж воздух, бањи, сауна и друго), правилна исхрана, откажување од штетни навики, позитивни емоции. Спомнете си за Првото послание на светиот апостол Павле до Солунјаните: Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас (1 Сол. 5, 16–18).
Забораваме да Му заблагодариме на Бога за сѐ што ни е дадено. А ако не Му благодариме на Бога, тогаш сѐ ќе ни биде малку: имаме една кола, ќе посакаме втора, и така – до бесконечност.
Главниот рецепт е христијански начин на живеење. Тоа е верата во Господа, борбата со страстите, тоа е воцрковеноста. Но, барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде (Матеј 6, 33).
Ако болестите, како што се психозата, епилепсијата, детската церебрална парализа и други бараат специфично лекување со фармацевтски препарати, тогаш во стресните ситуации е многу важно да се процени што се случува со човекот.
Понекогаш е нужно не само да се смени односот кон ситуацијата, туку и самата ситуација. На пример, ако условите за работа не одговараат на здравствената состојба на човекот, тогаш треба да се смени работното место, и тоа, исто така, ќе биде чекор на  смирување, разумност.
Ако во центарот на нашиот живот е Христос, светото Православие, спасението на душата, тогаш нашиот живот ќе се изгради правилно, човекот ќе има правилен однос кон јадењето, кон празниците и кон работата, кон дружењето и љубовта, кон семејството и децата, како и кон целиот живот.

Дали стресот може да биде позитивен?

Ќе се осмелам да кажам дека, во својата длабочина, стресот секогаш има знак „плус“, затоа што во животот никогаш нема случајности. Се разбира, и клеветата, и болеста, и тагата, и некои природни катаклизми – не нѐ радуваат, но тоа секогаш се случува по допуштение Божјо, затоа што Господ се стреми да нѐ исцели од гревовните страсти. Значи, стресот има позитивно значење. Ако човек тоа не го сфаќа, тогаш лекциите се повторуваат.
Ако зборуваме за физичката компонента, има случаи кога, како последица на стрес, некој човек може да се излекува од тумор, чир, но, рака на срце, тоа се ретки случаи.  

Зошто некои луѓе се поотпорни на стрес?

Во медицината има еден термин – „отпорен на стрес“. Ако стресните ситуации им се случуваат на сите луѓе, тогаш отпорноста на стрес е индивидуален поим. Ако човек се обидува да води здрав начин на живот, разумно да ги процени своите можности, и најважно – правилно да го оцени она што се случува со него, тогаш тој е поотпорен на стрес.
Не треба да се отфрлаат и физиолошките фактори. Но, ако некој има добро телесно здравје и не разбира од каде доаѓаат душевните болки и зошто се тие дадени, односно каква исцелителна сила носат, човекот цел живот ќе биде осуден на страданија, зашто стресот (тагата, искушенијата) нѐ следат цел живот.

Често стресните ситуации се појавуваат на работа? Зошто?

Животот на човекот, во принцип, многу зависи од неговата работа. Особено, ако некој човек го издржува своето семејство и се плаши дека ќе остане без приходи. И ако се случи некој да остане без работа, излез од таа ситуација секогаш има, и тој е едноставен: треба човек да се обиде да разбере што се случило, да ја анализира ситуацијата, можеби да се обрати кај психолог, можеби само да се смири и да се помоли. Во никој случај не треба да се паничи, да се бара излез во алкохолот, или да се падне во болест и страдание, туку треба да се погледне на ситуацијата „отстрана“. Решението сигурно ќе дојде.

Можат ли честите стресови да станат причина за некакви заболувања?

Да, честите стресови можат да станат причина за такви функционални нарушувања, како што се главоболки, несоница, чувство на притисок во градите, болки во стомакот. Ако стресот трае подолго време, физичката состојба преминува во стадиум на органски нарушувања и се формира заболување (на пример, хипертонија, чир, инфаркт). Особено се зголемува ризикот од заболувања кон кои организмот има генетска предиспозиција.

Какви психички проблеми повлекува со себе долготрајниот стрес?

Стресовите создаваат разни психички проблеми, а еден од најраспространетите е – „осаменост среде луѓето“, кога човек практично со никого не општи, не се поздравува дури ни со соседите. Како резултат на таквата осаменост се јавуваат алкохолизам, страст кон коцкањето, зависност од телевизијата и други психички заболувања и зависности.
Неодамна на преглед кај мене беше еден човек, кој ми раскажа за својот проблем: „Докторе, веројатно, тоа не е нормално, јас веќе неколку години одам во црква, но со никого не се поздравувам, а и со мене никој не се поздравува“. Секако, тоа не е нормална ситуација. Да си спомнеме за првите христијани и нивниот заеднички живот во заедницата! Всушност, осаменоста е лесно решлив прооблем. Колку незгрижени, бедни луѓе има наоколу, на кои им е потребна вашата топлина и сочувство. Дарувајте им ги својата топлина и љубов, и тоа стократно ќе ви се врати. А, во срцето ќе чувствувате радост, која не можете да ја стекнете со ништо друго.

Што можете да предложите во смисла на „брза помош“ при стрес?

Ако човек се најде под струја ледена вода, прво што треба да направи е да се тргне еден чекор настрана. Односно, да се оддалечи од изворот на стресната ситуација: да прекине остар разговор, да излезе на улица, да направи неколку длабоки вдишувања, да се помоли или само да помолчи.
Може, на пример, да направи прекин во работата: да земе пауза или одмор, ако има викенд – да организира излез во природа, или, на крајот од краиштата, да се наспие. Но, ако тоа не е доволно, треба да се обрати кај психолог или лекар-психотерапевт. Ако има духовник, да поразговара со духовникот, да се исповеда, да го замоли да се помоли за него. И, да не паѓа во униние! Да се сети на тоа дека Господ не дава искушенија над силите, дека нема безизлезни ситуации.

Докторе, каков совет можете да им дадете на луѓето што страдаат од чести стресови?

Не се самоповредувајте, не се повлекувајте пред проблемите. Сетете се дека од секоја ситуација има излез, дека Господ не нѐ остава ни минута, а особено не во сложени животни ситуации.

 

  превод од руски: Оливера Павловиќ

 

Преземено од: ПРЕМИН бр 125/126

Јануари 2018 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 533
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 603
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 556
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »