Тропар на светиот Божји пророк Софониј 3 декември / 16 декември 2023
Смирението твое о, Божји пророче,
умот кон висините Господови го подигна
о, Софоние ти кој ја виде мерзоста
во светите места,
на сето тоа срцето ти запеа, устата проговори:
Смирението твое о, Божји пророче,
умот кон висините Господови го подигна
о, Софоние ти кој ја виде мерзоста
во светите места,
на сето тоа срцето ти запеа, устата проговори:
Угодниче Божји, пророче свети Авакуме,
преку тебе во тело како без тело,
пренесана беше видливо помошта,
за оној кој на Бога угодува.
Mоли се јасновидче нашето време,
да се исполни со покајание и молитви,
Божји човеку и пророку Науме,
тебе Господ ти ги откри патиштата на благодатта,
Он простува но не заборава,
сѐ додека сокот од гранката на гревот не се исуши,
по твоите молитви Тој нека нѐ заштити,
спаси и сочува во вечни векови.
Како првоповикан меѓу апостолите,
и брат на врховниот апостол,
Андрее, моли го Владиката на сите,
мир да ѝ подари на вселената,
и на душите наши милост голема.
Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,
оправдание на твоите триста и седумдесет
Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,
ерарсите, свештениците и левитите:
зашто откако идолската прелест ја разобличија,
победници над нечестивите се јавија.
Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален
го покажа во неискажливите страдања: прекрасни
благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Од војвода на земните војски,
војник Христов постана, кој во својата крв сe крсти,
приведен да ја исповедаш вистинската вера која спасува,
Меркурие миленику на Мајката Божја,
моли се за нас подвигот спасоносен да го завршиме,