Скопје , 1-ви август , лето Господово 2014- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на св. Макрина
На 1-ви август 2014 година, во седмата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на св. Макрина , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Свети Теофан Затворник
Само немојте да мислите дека подвигот на молитвата е некоја тешка и замрсена работа. Кога е гладно, детето оди и ѝ вели на мајката: „Дај ми леб“. Му треба ли за тоа остроумност и спретност? Така е и со молитвата кон Бог. ...Доверувај Му ја секогаш својата потреба на Господ, во простотата на срцето.
Преминпортал(к.т)