логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје, 29- ми септември 2017 год.

 

 

 

     

Излезе од печат книгата „Вистинската слобода: романски новомаченици и исповедници“ (28.09.2017 17:00)

Неодамна излезе од печат книгата „Вистинската слобода: романски новомаченици и исповедници“, во издание на Струмичката епархија, a по повод педесет години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ – ОА. Во книгата се опфатени житија и поуки на новомаченици и исповедници за време на комунистичкиот режим во Романија (1942 – 1964).

„Книгата е полна со потресни делови, кои произлегуваат од богатата ризница на светите срца на овие луѓе. Како што вели Димитру Бордејану: ’Сведоштва откинати од душата и разумот на група млади и чесни воини пред Бог, млади кои поставија за цел сѐ што имаа добро во нив, а во служба на правдата, слободата и верата. Свесни за нивната историска задача, храбро и до највисокото жртвување им служеа на народот и на Христовата Црква‘“ (о. Константин Митев, извадок од воведот на книгата).

Средствата од продажбата на книгата ќе бидат наменети за изградба на параклис во Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско, Струмица.

Денес, по повод Светскиот ден на преведувачот, „30 Септември“, во Скопје, оваа книга ја доби наградата „Архиепископ Гаврил“ за најуспешен превод од областа на духовната литература за 2017 година од страна на Сојузот на литературни преведувачи на Македонија.

***

 

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=56cH908nwTg[/youtube]

 

„Блажени се христијаните што на ваков начин ќе ги разберат зборовите на псалмопејачот Давид: ’Кога бев на мака, Го призвав Господ и Он ме услиши‘ (Пс. 117, 5), и подлабоко ќе размислат за настаните во нивниот живот што Божјата промисла им ги реди за совршенство во Христос, и за крстот што треба да го носиме секој ден. Блажени се тие што на ваков начин ќе ги разберат зборовите на Спасителот: ’А тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат‘ (Матеј 7, 14), и не само што на ваков начин ведро ќе ги прифатат тешките и болни случувања во животот, туку и ќе дадат сѐ од себе за да не се залажат и задоволат со млак и удобен живот, што значи да бараат да ги живеат, според своите можности, страдањата од Христовиот Крст.

Така, како што велеше еден од овие светители, отец Арсениј Папачок: ’Знаете ли што значи крстот? Да го носиш тоа што не ти се допаѓа – но со радост‘, како и: ’Ниеден христијанин на никаков начин не е ослободен од својот крст, бидејќи страдањето е дар Божји‘. Зошто? Зашто ти овозможува да ја покажеш својата љубов кон Него. И, навраќајќи се повторно на зборовите на псалмопејачот: Кога бев на мака, Го призвав Господ, за добриот и верен христијанин тоа значи не само да чека и да ги трпи маките и страдањата во животот, туку и да се подготвува за нивното доаѓање, и да се навикне да не ужива во овој минлив свет, што нѐ приковува за земјата. Оттука произлегува и поуката дека допуштањето малку страдање во нашиот живот е еден од најчестите совети на нашите Свети Отци, затоа што и Спасителот наш не нѐ спаси седејќи во фотелја, уживајќи во комфор и секаков вид сладострастие (иако, бивајќи Бог, можеше да си дозволи), туку преку Крстот и страдањето го издејствува нашето спасение.“

монах Митрофан

Манастир Сихастрија, Њамц, Романија

(извадок од предговорот на книгата)

***

Во 1954 година, Воскресението Христово го празнувавме под земја. Направивме камбани од бургиите, а ножевите за сечење камен ги врзавме со јаже, ги удиравме со една железна шипка и така го објавивме почнувањето на службата. Чуварите се исплашија и се сокрија, но не се осмелија да им јават на секуристите. А и потоа ништо не рекоа.

Сите ламби ги изгаснавме. Потоа, отец Антол ја запали неговата ламба и рече: „Дојдете да земете светлина!“, и сите ги запаливме ламбите. Службата продолжи и почнавме да пееме „Христос воскресна“. Служевме Света Литургија осумстотини метри под земја, со ламбите со карбид в раце – ни стравот, ни темнината, ни длабочината на земјата не можеа да ги спречат нашите гласови од длабочината на душата да Му воздадат слава на Бог. Неколку мигови живеевме заборавајќи дека сме затвореници.

Насред службата кон нас се приближи шефот на доушниците, Петреску; и тој беше затвореник како нас. Колегите нѐ прашаа:

– Што да правиме?

– Ништо, продолжуваме! – им одговорив.

Кога Петреску го виде нашиот спокој, ништо не се осмели да каже, и тој се нареди меѓу другите затвореници и присуствуваше на Светата Литургија докрај.

Таква сила и благодат имаа овие Свети Литургии, на кои преку смелоста да ги служиме ние самите Му се принесувавме на Бог како жртва – така што многумина од лошите ѕверови станаа кротки јагниња и беше чудо да се види како, иако не секогаш тоа го покажуваа јавно, во нивните срца настануваше промена. Духовниот меч на благодатта ги пробиваше нивните срца и ги омекнуваше овие луѓе за кои никој не би помислил дека ќе има спасение.

о. Николај Гребења

***

Најважниот опит што може да се стекне во животот е да се познаеш самиот себе во својата апсолутна зависност од Бог. И таму, во затворот откривавме дека не сме сами во своите маки, дека постои Бог, Кој нѐ следи и ни помага во борбата, само ако се има добра волја и надеж. Спознавајќи се самите себе, ја откривавме повисоката смисла на животот, неговата висока предназначеност, многу повисока од ништожноста на секојдневниот живот, ја откривавме силата над самите себе така како што никогаш не ќе се спознаевме во околностите на обичниот живот.

Во затворот Бог беше поблиску до нас повеќе отколку во кои било други околности. Во затворот се родија најсилните луѓе. Комунистите не го разбираа ова – дека на крстот душата добива вистинска слобода, дека сите нивни начини за психичко и физичко измачување и малтретирање, сите начини за „превоспитување“ направија повеќе светители отколку робови, и ја осветија земјата на татковината со маченичка крв.

о. Јустин Парву

(извадоци од книгата)

За дистрибуција на книгите можете да се обратите кај о. Константин Митев,

тел. 070-435-580.

Извор: МПЦ-ОА

фото:п.п.

 ЛАУРЕАТИ НА ПРЕВЕДУВАЧКИТЕ НАГРАДИ ЗА 2017 ГОДИНА

  • Наум Китановски- Повелба „30 Септември“
  • Виолета Јагев - Награда „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачки опус
  • Маја Јовановска - Награда Божидар Настев
  • Ахмет Селмани - Награда „Абдуљазис Ислами“
  • СЕСТРИНСТВО од манастирот во Велјуса -Награда „АРХИЕПИСКОП ГАВРИЛ“

Лауреати на „ЗЛАТНО ПЕРО“ : Ана Неверува- Христова, Даница Лозаноска, Снежана Вулгаракис и Елена Конеска

  



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

02/05/2024 - четврток

Велигденски пости; (пост на масло)

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Преп. Јован Ветхопештерник; Св. мчци. Христофор, Теона и Антонин

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная