логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 8 декември (МИА) - По повод патрониот празник свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква денеска пред Соборниот храм во Скопје што го носи името на светецот е откриен и осветен споменик на архиепископот Доситеј, прв поглавар на МПЦ.

- Овие двајца архиепископи, Свети Климент и блаженоупокоениот Доситеј се личности за радост во МПЦ. Свети Климент е основоположникот на Охридската архиепископија, а блаженоупокоениот Доситеј е нејзин возобновител во МПЦ. За оние кои недоволно го познаваат ликот и делото на првиот поглавар на МПЦ и особено идните наши генерации овој споменик ќе им биде како отворена книга и постојана проповед за тоа кој бил архиепископот Доситеј и какво место му припаѓа во поновата историја на македонскиот народ, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

За Доситеј, истакна г.г. Стефан, е речено дека е „втор Свети Климент“ и „Мојсеј на нашето време“ за македонскиот народ и Црква.

- Нека му е вечен споменот на првиот поглавар на Македонската православна црква и дај Боже достојно да продолжиме по неговиот и Светиклиментов пат. Амин, рече г.г. Стефан.

На осветувањето на споменикот, меѓу остантите присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставрески, членови на Владата и претставници на локалните власти и научно-образовните институции.

naum.dositej2.jpgАрхиепископот Доситеј е роден во Мариово во 1906 година, се замонашил спроти Благовештение во 1924 во манастирот „Света Пречиста“, Кичевско, завршил богословија во Битола во 1937 година и Богословски факултет во Белград 1942 година. Од 1946 година бил поставен за управник на Патријаршискиот двор во Сремски Карловци, а во мај 1951 година бил избран за епископ и на 22 јуни хиротонисан за викарен епископ на српскиот патријарх. Во октомври 1958 година на Црковно-народниот собор во Охрид бил избран за поглавар и возобновител на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Оттогаш па се до упокојувањето во мај 1981 година Доситеј раководел со Македонската православна црква. Под негово раководство се оформил Светиот архиерејски Синод, се организирала Црквата, се зголемиле епархиите и се отвориле Богославијата и Богословскиот факултет.

Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски. Изработката на споменикот ја донираше градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје изутрината во рамките на одбележувањето на патронот на Црквата се одржа света архиерејска литургија со која што чиноначалствуваше архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на архиереите на Светиот архиерејски Синод на МПЦ.

По повод патрониот празник Свети Климент Охридски синоќа во Соборниот храм беше отслужена богослужба во чест на 101-годишнина од раѓањето на архиепископот Доситеј.

По повод празникот, на пригодна свеченост во Собранието на Македонија денеска е доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2007 година. 

Добитници на наградата се Елисавета Кушовска, професор, балетски педагог - во областа на воспитанието и образованието, Димитар Ќорнаков, историчар на уметност и Љупчо Маленков, културен работник - во областа на културата и уметноста, Медицинскиот факултет во Скопје и академик Илија Васков, максилофацијален хирург - во областа на здравството.

Наградата „Свети Климент Охридски“ е највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од интерес на Република Македонија.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата академик Луан Старова во обраќањето пред присутните истакна дека личностите што годинава ја добија наградата „Климент Охридски“ ги обединува Светиклиментовата идеја и длабока посветеност во својата работа.

- Република Македонија и нејзините граѓани денес се пред еден катарзичен историски предизвик, од разликите да ги извлечат вредностите и обединувачката енергија на патот кон заедникиот европски дом. Личностите како што беше и останува и Свети Климент Охридски покажуваа на овој пат уште пред векови. Овој мисионерски принцип во знакот на великиот и Свет Климент Охридски секако треба да остане во сржта и суштината на оваа значајна државна награда, рече Старова.

Од името на добитниците на наградата се заблагодари Маленков, кој посочи дека добивањето на наградата исполнува со чувство на благодарност, но и со гордост за укажаното признание за досегашното издигнување на достоинството на трудот и мислата во чекор кон сестраниот духовно-културен напредок кој придонесува кон сеопштиот прогрес на нашата држава.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, членови на Одоборот за доделување на наградата „Свети Климент Охридски“, академици, министри, пратеници и црковни великодостојници.

Елисавета Кушовска е познат и признат професор и балетски педагог кој со голема посветеност, љубов, висока професионалност и оргинална креативност се занимава повеќе од 35 години. Во нејзината класа се едуцираат 90 отсто од балетските уметници чии вредности и креации се препознатливи по творечкиот опус и уметнички стил на плајада македонски истакнати примабалерини. Таа со својата долгогодишна работа се стекна со реноме на педагог-експерт за меѓународни примабалерини од Република Македонија. Нејзиниот професионален ангажман етаблира и изгради цели уметнички ансамбли кои ја афирмираа македонската балетска уметност во светски рамки.

Димитар Ќорнаков е научен и културен деец кој својот творечки пат го посветува на средновековната уметност во Македонија со посебно внимание кон македонската резба. „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 и 19 век“ е докторска дисертација на Ќорнаков со која докторира на Универзитетот во Белград. Специјализацијата во Централниот институт за реставрација во Рим го насочува кон конзервација и тој повеќе од 30 години интензивно работи во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Автор е на голем број книги, на концепцијата и комесар на презентирањето на изложбата „Македонска резба“ која беше претставена во повеќе европски центри.

Љупчо Маленков ја отпочнува својата работа на полето на културата во далечната 1980 година. Големиот број проекти, изложби и концерти говорат за визијата и енергијата која ја поседува во градењето на нови облици на културна комуникација. Тој се ангажира во претставувањето на културното богатство на Македонија надвор од границите на државата. Една од неговите големи заложби е и подобрувањето на меѓуетничките односи во Република Македонија, подобрување преку проекти од областа на културата, културата која хуманизира, ослободува и ја гради толеранцијата и космополизмот. Малнков е добитник на 13 Ноемвриската награда на градот Скопје, а од Лајос Интернационал е добитник на медал за хуманист и за развојот на лајонизмот во Република Македонија.

Медицинскиот факултет во Скопје е формиран во 1947 година со запишани 150 студенти, чиј број денеска изнесува 3.950. Во изминатите 60 години Медицинскиот факултет во Скопје се разви во современа врвна високо-образовна, научно-истражувачка и диференцирана терцијарна здравствена институција во Република Македонија. На Факултетот дипломирале 9.150 доктори по општа медицина, 2.500 специјалисти по одделни гранки на медицината, 320 одбранети магистерски трудови и 450 докторски дисертации од разни области на медицината. Денеска има 265 редовни наставници, 370 соработници, 12 почесни професори и двајца визитинг професори од Канада, САД, Франција, Германија, Велика Британија, Израел и други.

Академик Илија Васков е познат и признат стручњак на полето на максилофацијалната хирургија и енергична личност, космополит и човек заслужен за издигнувањето на максилофацијалната хирургија во Република Македонија на едно респектабилно ниво. Тој во Република Македонија ја воведе и разви реконструктивната естетско-функционалната хирургија во максилофацијалната регија, ја разви и унапреди хирургијата на туморите и трауматолошките повреди во ова посебно деликатно подрачје од човековиот организам. Васков има голем придонес во афирмација на македонската максилофацијална хирургија, а пошироко гледано и на стоматолошката и мадицинската наука.

Во Домот на АРМ вечер во 20 часот ќе се одржи свечена академија на која ќе се обрати заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, а слово ќе одржи поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.

Во рамките на програмата ќе бидат врачени црковните одличја „Орден на Свети Климент“ за особен придонес во остварувањето на мисијата и животот на возобновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ. Со одличја од прв ред се наградени Македонската православна богословија, митрополитот полошко-кумановски г.Кирил, академиците Цветан Грозданов и Петар Илиевски, Трифун Костовски, Глигорие Гоговски. Со одличја од втор ред се наградени митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, Васил Влашки, Јоне Мишевски, Весна Таковска, Ѓорѓи Ристов, Раде Трајковски, Киро Камчев, Никола Матлиевски, Мите Јовановски и Мите Николов. Одличја од трет ред ќе им бидат врачени на Ден Дончев и Благоја Дојчиновски.

На свечената академија ќе настапи хорот „Свети Климент Охридски“, а во рамките на културната програма изведба ќе имаат македонскиот византиски хор „Јован Хармосин“ и пијанистот Симон Трпчевски.

По повод патрониот празник Свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ, синоќа беше отслужена богослужба во Соборниот храм, која се одржа во чест и на 100-годишнината од раѓањето на Архиепископот Доситеј.

Денот на Свети Климент Охридски - 8 Декември првпат оваа година во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Малку се знае за Климент, а реконструкцијата на неговиот животен пат во науката се прави, главно, врз Пространото Климентово житие што го напишал на грчки јазик охридскиот архиепископ Теофилакт во последните години на 11 век, како и Краткото житие на охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, напишано на грчки јазик 300 години по смртта на Климент. Не се знае кога и каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон. Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име. Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир. Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.

Од биографијата на Климент се дознава дека тој заедно со уште двајца ученици бил ракоположен за свештеник во Рим. Се претпоставува дека монашкото име Климент го добил во чест на откривањето на моштите на папата Климент, кој умрел во прогонство на Крим. Моштите ги нашол Кирил за време на исполнувањето на мисијата кај Хазарите (859-861) во која веројатно учествувал и Климент. Тие ги пренеле во Рим каде што биле опеани и свечено закопани. Покрај Климент и Наум, ученици на солунските браќа биле и Горазд, Ангелариј и Сава. Петтемина ученици заедно со своите учители Кирил и Методиј кај народот се познати како седмочисленици.

По смртта на Кирил (869), а подоцна и на Методиј (885), учениците се судираат со германско-латинското свештенство и се прогонети од Моравија. Климент, Наум и Ангелариј дошле во Бугарија каде што Ангелариј починал. Наум учителствувал во близина на столицата на бугарскиот кнез Борис, а Климент бил испратен за учител во областа Кутмичевица. Името не е познато во денешната топонимија на Балканот, но со оглед што Охрид се спомнува како населено место во таа област, се работи за денешното тромеѓе на Македонија, Грција и Албанија. Таму, според житието на Теофилакт, Климент имал 3.500 ученици, кои ги оспособувал за црковна богослужба. Тоа е импозантен број за просветителска акција на преминот од 9 кон 10 век. Таа активност е наречена Охридска книжевна школа или прв словенски универзитет. Просветителско-црковната активност на Климент таму траела цели седум години.

По смртта на кнезот Борис и доаѓањето на првиот бугарски цар Симеон, на учителското место во Кутмичевица бил испратен Наум, а Климент бил назначен за епископ во Дрембица и Велика, за кои се уште се претпоставува каде точно се наоѓале. Климент бил прв меѓу Словените што добил епископски чин. Го описменувал сиромашното, грубо и запуштено население и го подучувал да живее подобро, ги учел луѓето да садат дрвца и ги лекувал. Како епископ велички често доаѓал во својот манастир во Охрид и неуморно и бил посветен на просветителската дејност. Според Теофилакт, Климент до смртта работел на преводот на „Цветниот триод“ од грчки на словенски јазик.

Се смета дека е автор на опширните житија на Кирил и Методиј познати како „Панонски легенди“, најзначајниот извор за проучување на животот на солунските браќа. Покрај преводи на црковна литература, напишал и пофални слова за христијански светители. Пред да умре, својот имот - книжевните дела, ги поделил и завештал на епископијата и на својот манастир. Теофилакт спомнува чудесна и исцелителска моќ на св. Климент по смртта. Свети Климент Охридски е заштитник на Охрид и, според преданијата, тој го спасувал градот и неговите жители секогаш кога биле во неволја. Се претпоставува дека Охрид е и родно место на Климент и оти поради тоа го избрал за работа до крајот на животот. Не е утврдено ниту дали Климент и Наум се родени или браќа по конфесија.

Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија. Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државна награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството. рп/сп/14:00


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная