Икона (26.10.2018)
Излез баравме од бедата
Лик чист за разговор во вревата
Место без притеснение
Вистина со уверение.
Излез баравме од бедата
Лик чист за разговор во вревата
Место без притеснение
Вистина со уверение.
Во рамките од прославата на 100-годишниот јубилеј од првата независност на Летонија, Сенатот на Летонската христијанска академија и Советот за високо образование на Летонија, со благослов од архиепископот на Летонската православна црква, синоќа 4. октомври 2018 година ..
Бог не не‘ создал сите подеднакви, еднакво умни, прекрасни, богати, силни, затоа што тогаш не би останало на земјата место за љубов. Љубовта ги покрива сите недостатоци: Ти си богат, другиот е беден- љуби го и Љубовта ќе ја исполни неговата сиромаштија. Ти си умен, образуван, а другиот неумен, неук- љуби го и Љубовта ќе те натера да му дадеш знаење.
Нема посилен страв
кој умот го вжештува
кој срцето го стега,
душата ја ранува –
од разделба безпокојна.
Разделба безверна,
разделба таговна,
разделба осамена,
онаа која нe дарува
за пријател да немаме замена.
Гледав и се прашував
Зарем е можно да е судба,
На оние кои лазеа- ги гледав
Како да живееа во дупка.
Само така можам да прифатам
Се борам да не ја посрамам
Верата ослабува и зајакнува
Грижите мои ги објаснува
Да Те молам да ги отгрнеш
Знам – не заслужувам
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Кој ли ме разбуди во ноќва?
Кој ли немир се спушти над мојата глава сонлива
Дали е тоа заборавен грев
Несознаен во моето срце
Или е тоа голем змев
Чиј здив треба да ме заплаши.
На патот од Ерусалим кон Ерихон, помеѓу планините лежи пустината Хозев. Помеѓу голите пустински ридови денес се наоѓа Хозевитскиот манастир кој наликува на оаза среде пустина. Веднаш над манастирот се наоѓа и пештерата во која некое време живеел свети Илија.
Возвеличуваме величина
стокмена во маленкост,
се радуваме на телесна недооформеност
води младешки запреа во нерамнина.
Зборот кој мирно се слеваше
од твоите усни како да самуваше,
до нас тивко наминуваше
на тивок летен ветер наликуваше.
Спиеш ли
додека ноќта ме гуши ?
Дишеш ли
додека денот ме заслепува ?
Гледаш ли во виделина
додека те држам во темнина ?
Наутро немир подмолен
пладне замка на стишување
приквечер, на која страна сум навален ,
ноќта не е утеха на несмирените.
Од кога знам за себе
Секогаш те барав на небото
Ја прифатив и замената
Во ноките да биде луната
Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?
Господар кој ти е
На кого припагаш
Кој се грижи за тебе
На кого плодови даваш ?
Она што е интересно е што до ден денес смоквиното дрво на коешто се искачил Закхеј за да Го види Спасителот стои во Ерихон. Пред седум години дрвото било пред целосно уништување – нападнато од термити и со исушени гранки. Со помош на руски ботаничари,...
Ги газеше овие патишта
Околчуваше ниви и умови
Не знаеше кои алишта
Ги носиш на средби со чеда духовни,
Радувај се свети Кипријане Слепченски !
Ме следиш
Како роса утринска
При небесна ведрина,
Никогаш не се двоумиш
Близок,
За Таков те знам
И така Име Ти изговарам