логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Осум вредни икони од Македонија ќе бидат дел од големата изложба насловена како "Византија 330-1453" која од 25 октомври годинава до 22 март 2009 ќе биде поставена во Кралската Академија на уметностите во Лондон. Бесценетите предмети се од Галеријата на икони од Охрид и потекнуваат од 12 до 14 век.

 Вселенската патријаршија не го признава томосот, но ниту која било друга православна црква

 БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА- Утрински весник

 Официјален црковен Белград молчи и не го коментира пишувањето на грчкиот ведник „Црква-Дипломатија“ во кој се објаснува зошто и по добивањето на томосот за автономија кој на т.н. ПОА на Вранишковски и' го даде српскиот патријарх Павле, оваа „црква“ и по три години не е призната во православниот свет. Причините за молкот се едноставни. На врвот на Српската православна црква не му е од полза да обелодени дека издале томос кој нема вредност кај православните цркви, како и тоа дека не истрајале на ветувањето дека во овој документ се спомнува и уставното име на нашата држава. Овој факт особено му пречи на грчкиот блок-цркви, вклучително и на Вселенската патријаршија и оттаму го игнорираат фамозниот томос. Не помалку значајна причина заради која не говорат е и сознанието дека „проектот Вранишковски“ не ги задоволи нивните очекувања, ниту пак успеа да ги оддалечи македонските верници од нивната Македонска православна црква. Посебна прикаска е тоа што од т.н. ПОА се разбегаа петнаесетина духовници, вклучувајќи и едно цело сестринство. „Кај нас за ова нема никакви коментари и реакции“, вели во изјавата за „Утрински весник“ познатиот црковен аналитичар, проф. Мирко Ѓорѓевиќ. Професорот нагласува: „Целата работа околу таканаречениот црковен проблем со Македонија мирува, но лично сметам дека односите ќе се затоплат на крајот од пролетта, бидејќи се покажа дека ваквите случувања ги отежнуваат меѓудржавните односи. Едноставно, ќе мора да се сфати дека државата Србија ја призна Македонија под уставното име и дека оваа реалност мора да ја прифати и епископатот на СПЦ, поточно еден негов порадикален дел, кој некои го нарекуваат босанско лоби и дека негирањето на Македонската православна црква не им оди во полза на нашите доближувања до Европската унија“. Нашиот соговорник објаснува дека во црковните списанија, Македонија и натаму се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија, наспроти мислењето на културната јавност кое, за разлика од некои од епископатот, е недвосмислено: Црквата не може да се однесува поинаку од официјалниот став на државата. Дека СПЦ не е таа која треба да издава „томоси на т.н. ПОА“ повеќе од јасно им е и на двата православни центра - на Вселенската и на Московската патријаршија, но за да не нема дополнителни конфронтирања, тие отворено не се занимаваат со ова прашање. СПЦ не е осамена во православниот свет кога станува збор за издавање томоси. Руската православна црква своевремено и' издаде томос за автокефалност на Американската православна црква, но Цариградската патријаршија никогаш ниту го потврди, ниту пак ја призна оваа Црква. Уште попарадоксален е примерот на Чешката православна црква која до педесеттите години на минатиот век била под јурисдикција на Српската црква, но во меѓувреме преговарала со Руската православна црква да премине под нејзина капа. Во 1951 година РПЦ и' дала томос за автокефалија на Чешката црква, но повторно овој документ Цариград не го признава, зашто смета дека само Вселенската патријаршија може и треба да издава томос. Така, во 1999 година Цариград и' издава нов томос за автокефалност на Чешката црква и таа е единствена што има два томоса за ист црковен статус. Ова препукување се должи на одредени канонски недоречености, ама и на антагонизмот меѓу Москва и Цариград. Црковните познавачи велат дека секогаш кога Цариград нешто ќе признае, Москва ќе го негира и обратно. Слично е и со „проектот ПОА“. Црковна Москва смета дека со тоа не се решава црковниот прашање во Македонија, додека Цариград декларативно го признава Вранишковски (иако никогаш не ја користи титулата што ја доби од СПЦ), но не ја признава неговата ПОА. Грчкиот блок-цркви знае дека Вранишковски отворено ја негира Македонија и македонскиот јазик го нарекува славомакедонски, но и тоа не е доволно за официјално прифаќање на т.н. ПОА. Од друга страна, сето ова можеби и им ја олеснува работата на македонските судови, пред кои на пролет ќе се најде барањето на Вранишковски за признавање на ПОА. Законот за верски заедници кој ќе стапи во сила во мај е либерален, меѓутоа, ќе може ли т.н. ПОА да стане правен субјект ако нејзиниот „водач“ не ја признава државата во која сака да дејствува и нејзиниот официјален јазик?

Посети:{moshits}

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 842
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »