логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT302

ЗА СВ. ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И ИСИХАСТИЧКИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

           Свети Григориј Палама на многу карактеристичен начин го бранел исихазмот. Тој го усвоил целиот опит на светите отци, на кој го додал и сопственото искуство, со што станал чувар на светите преданија на Црквата, спојувајќи го старото и новото. На околу дваесет години го напуштил светот и се замонашил на Света Гора (1316). Неговото лице беше озарено од божественоста скриена во него.. Неговите очи беа како прозорци низ кои Бог се откриваше.
              Свети Григориј говореше дека го проповедал исихазамот и дека поради тоа бил клеветен. Се борел против царевите и кралевите, против епископите и непријателите на верата. Отишол  во Константинопол и успеал да ни го остави во аманет исихазмот како неоспорно наследство на Црквата, бидејќи она што го зборувал доаѓаше од Бога, кој живееше во него. Тој ни го пренесе она што го прими од Бога и нè направи наследници на патот што води кон заедницата со Бога.
               Во тоа време, величието на Византија започнало да опаѓа, а свети Григориј предвидел дека тоа нема долго да трае. Турскиот окупатор напредувал од Мала Азија, а Западот се одвраќал од него. Византија го бранеше не само интегритетот на империјата, но и Бога, бидејќи низ целата земја беше извесно дека Бог е Оној кој ја воздигна Византија.
              Затоа, исихазмот не е предназначен само за монасите: тој е светлината Христова, нашето наследство, „она што ни е предадено“ (1. Тим. 6,20). Исихазмот е наследството што го добивме од Света Троица и од Светото Писмо; а светите отци - вклучувајќи го и свети Григориј Палама - го задржале недопрено. Сите ние, без исклучок, можеме по наша мерка да станеме богоносци, да бидеме совршени Божји луѓе. На патот на исихијата сите можеме да се соединиме со Светиот Дух; секој од нас може да го придобие Бога, Оној кој ги исполнува земјата и небото. Самиот Бог ни дал можност преку исихазмот по благодат да станеме беспочетни, бесконечни, вечни.
             Како можеме да стапиме во заедница со Бога преку исихастичкиот начин на живот? Ќе ви дадам пример кој ќе ви помогне да го разберете ова. Се сеќавам на еден човек кој се трудеше да ги достигне височините на светоста. Колку и да пребиваше во смирение, овие негови напори не водеа никаде. Тој беше опколен со тешкотии, постапуваше немудро, се соочуваше со многу проблеми. Имаше грла за хранење и души на кои требаше да им го предаде небесниот живот. Неговите молитви кон Бога беа бесплодни. Сè му се чинеше темно, а во неговото срце имаше празнина. Во одреден момент, кога го обзеде очај, почувствува како му трепери раката: беше изненаден, не разбираше што се случува со него. Ја зеде бројаницата, ја стави на левата рака за да ја ослободи десната и рече: „Боже мој, нема да го завршам мојот пост и молитвата додека не ме посетиш. Боже мој, знам дека си тука, затоа дај ми знак за Твоето присуство“. Треперење помина низ неговото тело. Му се чинеше дека пред него помина сенка. Почувствува како нечија рака му ја брише потта и солзите. Се загледа во таа светла сенка и ја здогледа избледената силуета на Божјата мајка. Ова во миг  го преобрази и го врати во живот. Од „мртовец“ стана лав. Запалените солзи, солзите на болка и очај, се претворија во небесни солзи, во солзи радосници. Кој беше тоа? Господ!Господ,  Бог како што ни го открива Светото Писмо.
             Нашиот Бог е „ Оној, Кој вечно постои! “ (2. Мој. 3:14). Тој е беспочетен, вечен и неспознатлив  за нас. Сепак, Тој доаѓа и наоѓа начин да го успокои човекот, да ни го обнови срцето, нашиот дух, нашиот ум, нашите чувства; да ни ја обнови душата и да не соедини со небото. Бог има многу карактеристичен начин да ги подаде рацете кон нас: тоа е Неговата несоздадена енергија. Секогаш кога Бог происходи од Себе, тоа е дејство на нематеријална божествена енергија. Светата Причест, на пример, нè прави соучесници на божествената природа (2. Пет. 1:4), божествената благодат влегува во нас, Божеството во Својата полнота - но без да се одвои од Неговата суштина - се соединува со нас и ние се соединуваме со Бога. Божјата љубов и Неговата праведност се несоздадени енергии. Божјиот пристап, Неговото слово, Неговиот однос со нас - тоа се божествени енергии и преку нив го познаваме Бога.
               Ова се однесува и на светите мошти. Кога им се поклонуваме, се соединуваме со Бога и светителите преку несоздадената енергија што ја носат во себе. Кога пиеме света вода, нашите срца се прочистуваат. Кога свештеникот прави крсен знак над на нашето тело со осветеното масло, ние се исцелуваме. Зошто? Бидејќи несоздадената енергија дејствува преку светата тајна. Сето ова произлегува од учењето на Црквата за благодатта.
               Да дадеме уште еден пример. Кога зборува за бракот, Црквата вели дека се однесува „на Христос и на црквата“ (Еф. 5:32), што значи дека во бракот не сме двајца, ние сме и нешто повеќе што не се гледа: ние сме Христос. Но, како да веруваме во ова кога секој ден се караме и навредуваме, кога секој ден размислуваме како да се разделиме, а потоа ... се помируваме. Нашите проблеми се: како да ги воспитуваме нашите деца? Како да живееме? Како да го надминеме нашиот карактер? Како да се справиме со тешкотиите? Светлината на исихазмот и искуството на Црквата ги решаваат сите наши проблеми до најмалите детали. Свети Григориј Палама ни го открива тоа со голема едноставност. Кога живеам во тишина, чувствувам дека Божјата енергија е зрак кој ме просветлува и ми дозволува да гледам. Исто како што, без да осознаам, ја гледам ѕвездата кога зрак од нејзината светлина ќе допре до мене, така знам дека оваа божествена светлина е Светиот Дух, Светата Троица, Царството Небесно во моето срце, сите небесни добра. Кога би го разбрале ова, би рекле: „ Сега го отпушташ Својот слуга со мир “ (сп. Лука 2,29). Боже мој, пушти ме да си одам во моментот кога ќе се соединам со Твојата божественост.
              Оттука божествената благодат влегува во нас како светлина која понекогаш е видлива, а понекогаш невидлива. Колку светии, но и колку луѓе грешни ја виделе Божествената светлина како што ја гледале апостолите на гората Тавор, а Мојсеј на гората Синај? Ќе ми речете: „Сигурно сте го читале  дневникот на Макрианис, тој херој на револуцијата, кој и покрај обврските, грижите, болестите и и покрај војните ја созерцувал светлината на Света Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух! " Ги видел светителите кои го прашале: „Зошто се чувствуваш мртов поради својата болест? Стани! Ако си вистински херој, ќе ја победиш болеста“. Или кога ѝ рекол на сопругата: „Оди си! Оди долу, сакам да бидам сам“, го прашале: „Каде е твојата жена? Зар не сте едно тело?“. Духот на исихазмот што ја оживува  нашата Црква ги поправа сите аспекти од нашиот живот.
               Нетварната светлина, невидливата благодат проникнува во нас и ние стануваме нејзини соучесници. А кога ќе се потрудиме да се осветиме, ќе стекнеме внатрешно познание и духовна визија како свети Григориј Палама. Честопати нашите телесни очи ја гледаат светлината, а нашето тело и просторијата во која се наоѓаме треперат. Понекогаш се случува дури и да одиме, а светлината да не следи, како и благоуханието  на Света Троица. Бог е надсуштински, но Тој е и зрак што влегува во нашето најдлабоко битие. О, браќа мои! Колку е дарежлив Бог кон нас!
             Кога нашата ревност ќе порасне, она што штотуку го кажавме ќе стане опиплива реалност. Знаеме дека Бог е таму, го живееме и додека одиме со Него, Тој ни го дава она што ни треба. И ако Исусовата молитва пребива во нашето срце, Бог уште полесно ни го дава она што го сакаме, бидејќи покојот и молитвата го оживуваат нашиот однос со Него. Затоа, да веруваме дека Бог се пројавува преку Своите енергии и преку нив ни го открива местото и начинот на Своето присуство во нас. Кога не можете да го видите сонцето низ прозорецот, земате огледало и го прилагодувате додека некој зрак не падне на него. Така е и со Бога. Ние не Го гледаме во Неговата суштина, но можеме да Го восприемаме преку Неговите несоздадени енергии. Овде на земјата, додека сè уште сме во темнина, до денот кога ќе Го видиме лице в лице (1. Кор. 13:12).

               Извадок од беседата во црквата „Св. Димитриј Солунски, 8 април 1984 година

Автор: архим. Емилијан Симонопетритски


Извор: „Prairie Spirituelle“/bogonosci.bg

За Преминпортал  Симеон Стефковски

13март 2023 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5844
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6455
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - петок

Велигденски пости; ( пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная