логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Monahinja.namolitva1.jpg

БЕСЕДА НА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО СО СВЕТИТЕ ТАЈНИ

Веселете се, љубени! Тајната се изврши. Вечерата Божествена заврши! По заповедта Христова, во Неговото невидливо присуство и со Неговата рака Владетелска предадено ви е Телото Пречисто и Крвта Животворна.
Веселете се, заедничари на Тајната Вечера. Прославете Го многу Оној што ве засака: "Благословен си Ти, Кој дојде во името Господово, Боже Господе и ни се јави!" Благословен нека е Христос, Кој незабележливо доаѓа овде во Пречистите Тајни! Навистина - Бог и Господ ни се објави и ние Го примивме Господа, "Го примивме Духот Небесен".
Веселете се, браќа, веселете се! Тајната се изврши! "Телото Христово примете го, Изворот на бесмртноста вкусете го"...Телото Христово Го примивме, Изворот на бесмртноста го вкусивме. Испрана е калта од нашите души, нечистотијата е поништена, облеката е избелена. На раните е ставен лековит мелем. Влеан е во нас балсамот на спасението.
Болеста е запрена, распаѓањето е прекинато, победен е здивот на смртта. Обновена е прекинатата врска со лозата - Христос и животните сокови повторно течат во нас. Пропаѓањето е завршено! Го вкусивме Изворот на бесмртноста. Па веселете се вие, што Го примивте Христа, што го вкусивте животот вечен, животот небесен.
Браќа, сега чувајте! Чувајте ја светињата! Не расфрлајте го скапоценото миро! Станавте како драгоцен сад. Немојте да го изгубите миомирисот небесен.
Го прифативте Духот Небесен, па и останете во населбата на Единиот Дух и немојте повторно да станете живеалиште на гревот. Во домот на својата просветлена душа го примивте Христа и чувајте го овој дар за да бидете во сенката на крилјата Негови. Не враќајте се во нечистиот, неприродниот грев! Живејте во светињата и од вас како од. оган нека бега секој грев и секоја страст (од молитвата при причест).
Вие Го примивте Бога, па немојте да живеете во својата духовна изолираност, туку живејте со Бога, со својот Владика и Добродетел. Живот примивте. Па во животот и останете. Нека расте во вас семето на животот, на бесмртноста и вечноста. Не враќајте се назад, во нечистотија, слабост и смрт! Останете со Бога, браќа! Останете со Него до крајот!
А што значи тоа? Како да се остане со Бога и да се избегне болеста - гревот? Како да се зачува светињата што е примена и засекогаш да се остане заедничар на животот и на бесмртноста? Одговорот на ова прашање е едноставен: да се остане со Бога, значи да се биде со Него секој час, секој миг.
На друг начин речено: не треба само да се нарекуваш верник и христијанин, туку тоа и да бидеш во животот, и тогаш секогаш ќе бидеш со Христа. Потребно е целиот наш живот, сите наши дела и постапки, секој ден и секој миг да не го минуваме како било, туку христијански. Потребно" е секој од нас да не биде напросто лекар, учител, земјоделец, столар, бравар, татко, брат, управител, потчинет, туку секој да биде христијанинлекар, христијанин-учител, христијанин-земјоделец, христијанин-татко, христијанин-управник и сл. Така гледајќи на себе, секој чекор во животот, секој, дури и малечкиот секојдневен чин, треба да се преиспитува: како треба да постапам како христијанин?
Од утро, станувајќи од постела, во домашните работи и грижи, а потоа и надвор од куќата, на пат, на работа, на одмор и забави, христијанинот постојано останува христијанин и постојано се преиспитува: дали се однесувам така како што доликува на христијанин? Таквата контрола треба да биде не само целодневна, таа треба да постои целиот живот. Токму тогаш христијанството целосно ќе го обои нашиот живот,
Христос засекогаш ќе го има во нашиот живот како Раководител. Семето на благодатта што го добиваме во Светите Тајни, ќе расте и ќе се продолжува нашиот внатрешен развој за да можеме да станеме наследници на Царството Божјо.
Браќа, ние мора да бидеме свесни дека нашиот живот се одвива на сосема друг начин. Тој се одвива скоро независно од секакво влијание на Христа и на Неговата благодат. Од утро до вечер, од месец во месец, од година во година, двигатели на нашиот живот се секакви мотиви, но само не оние со кои би го усогласиле своето однесување со волјата Христова. Животот минува од година во година сам по себе и за христијанството во него е одвоено исто толку место, колку и за десетина други работи што се исполнуваат по традиција, ако не дури и помалку од тоа. Христијанството зазема едно од најскромните катчиња од животот, што се покажува или само во утврдени животни моменти (голем празник, крштевка, погреб) или во случај на некаков екстремен животен потрес (животни неуспеси, смрт на блиските и сл.) Во обично време, кога животот се одвива по утврден поредок, кој уште мисли за христијанството, па и зошто да се мисли на него?
Лекарот за себе мисли како за лекар и така живее, занаетчијата како за занаетчија. Мислите и однесувањето на човекот се одвиваат во склад со неговата професија. Така и минува животот во утврдените рамки на земниот поредок: лекуваме, учиме, обработуваме земја, служиме, тргуваме, одмораме, се забавуваме, а на Бога Му се обраќаме тогаш кога тоа го бара утврдениот поредок или од пригода до пригода.
Разбирливо е дека при таков однос кон христијанството нашите односи кон Бога во животот се исцрпуваат во механичко извршување на вообичаените секојдневни чинови: прекрстување неколку пати на ден, на големи празници да се сврати во црква, да се запали свеќа, на именден да се отслужи молебен, да се закаже парастос на денот на сеќавањето на нашите ближни. Нашето христијанство се свело, на тој начин, на еден обред (покрај тоа и лошо извршуван), а нашиот живот тоа речиси и не го допира. Нашето христијанство не е во животот, туку покрај него, како што е ред со секој друг обичај кој ни е туѓ и не ни е интимно близок.
Ние толку се препуштивме на надворешното, земското и толку сме беспомошни во христијанската работа - на развојот на сопствениот вистински човек, што остануваме површни дури и во најважните моменти на допирот со христијанството. Да ја земеме за пример макар и Светата Причест. Големата смисла на примањето на Телото и Крвта Христови е позната, секако, на секого, а истовремено, не допира ли оваа Света Тајна во длабочината на нашите души и се одразува ли на нашиот живот? Одговорете сами. Зарем не се случува ние да ги губиме благодатните мигови во најкусо време? Зарем не се случува нашите возвишени чувства, што ги предизвика примањето на Светата Тајна, многу бргу да исчезнат? Зарем не потонуваме ние токму во таа секојдневна суета, оставајќи Го Христа на страна до новата претпоставена потреба од Него?
Ова е илустрација на тоа дека христијанството само површно го допира нашиот живот и дека дури и најодговорниот момент на тој живот - примањето на Христа - речиси и да не се одразува на нашиот интимен свет. Во нас преовладува просечна надворешност и ние со леснотија потонуваме во просечната земска надворешна активност. Површниот однос кон христијанството и нашата неспособност да му пријдеме се посебно впечатливи ако ги споредиме со нашата одлична ориентација во земските работи од кои живееме.
Во деновите на Причест ние не знаеме како да и пријдеме на својата душа, не знаеме како да се однесуваме, што од нас бара примањето на семето на вечноста, како да ја зачуваме светињата. Во исто време, присетете се како сме верзирани и упатени во грижата за физичкото здравје, како одлично знаеме како да се однесуваме кога ни е препишана оваа или онаа процедура на лекување. Ние строго ги почитуваме часовите и минутите и го земаме лекот, внимаваме на исхраната, на облеката, точно знаеме што ни штети и што треба да се избегнува. Јасно се покажува дека нашиот живот целосно минува во кругот на надворешните појави, а внатрешниот живот со грижите за душата и христијанството, што ја воспитува душата, само површно се придружени на животот и воопшто, воопшто не влијаат на неговиот тек.
Ова животно пренебрегнување на христијанството дава, секако, свој плод. Човекот го претворил христијанството во едноставен обред. Кога христијанството доаѓа во животот само како традиционална форма, тогаш силата на христијанството умира за душата и, природно, душата апсолутно ништо не добива од површното извршување на обредот. Со површниот однос кон христијанството човекот ја претвора во обред дури и Тајната и тоа од моќно средство за примање на Божјата помош се претвора во една формалност, во истиот обред, заморен и досаден, што на човекот ништо не му дава.
Со формалниот однос кон христијанството човекот го направил мртво за себе и, допирајќи го само површно, од него ништо не добива и само по традиција ја одржува врската со него.
Еве до што доведе начинот на живот и односот кон Бога на кои човекот се придржува кога неговиот живот се одвива сам по себе, а на Бога се сеќава само во посебни моменти од животот, и обраќањето кон Него е само еден од вообичаените животни обичаи што веднаш се заборава, за да отстапи место на друг, редовен обичај. Ете, браќа, од каде доаѓа празнината и формалноста на вашата вера, нехармоничноста на душата, душевниот немир и оние рани на душата и нејзината слабост, од кои би сакале да се исцелите преку Тајната на Телото и Крвта Христови.
Ако сакате да останете во здравје, тогаш отстранете ја причината за својата слабост - отстранете го животниот дуализам и нехармоничноста на душевните сили. Останете со Бога и направете Го Бога Оној Кој го одредува секој ваш чекор!
Не фрлајте го настрана семето на животот што го добивте од Бога, тоа ќе закржлави; не враќајте се само на мртвиот обред. Станете христијани не само по име, туку и по живот. Примете Го Бога во мислите, желбите, постапките, во самиот свој здив и семето на животот во вас ќе расте, а животот ќецвета и ќе мириса на миомирис.
Веселете се, заедничари на Тајната Вечера! Веселете се!... Срцата исчистувајте ги, животот просветлувајте го и нека причестувањето со вечниот живот небесен ве поведе на бескрајната Вечера на Отецот Небесен, во Царството Негово и на Синот и на Светиот Дух во вечни векови. Амин.

 

 Прот. Владимир Амфитеатров- КУСИ ПОУКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ

Извор: Ѓаконија, Скопје 2002

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 vozdvizenie.jpg

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5864
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6667
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6473
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5657
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная