логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Dragan.Markov16.jpg


За неспокојното спокојство… 
Јован Корнаракис
 
          Кога би можело да се проникне во срцевината на човечката егзистенцијална агонија, која се раѓа од копнежот за единство, тогаш би се открило дека тој копнеж ја открива човечката душевна жед за стишаност (тишина). Факт е дека растроениот и внатрешно расцепен човек, дури и да живее во потреба за единство како основен стремеж во животот, во длабочината на своето внатрешно душевно суштество копнее за стишаност (тишина). Од друга страна, човек кој е пореметен од внатрешни конфликти и кршења може на крај да ја познае душевната собраност и интегрираност, прво добро во кое би уживал, секако би било духовната безмолвност, како израз на хармонизирање на неговите душевни состојби и содржини. Од таа причина подвижничкото доживување, трезвеноумната отечка пустина, би му понудиле на оној кој е жеден за единство и копнее за апсолутот, во душевниот простор на самотијата да вкуси подвижничко тихување и “отшелништво” од светските нешта. И овде би можело да се сретнат некаква можеби “апсурдна” реалност, специфична состојба на стишаност и душевна самотија.

          Според општата концепција на светот, но и во духот на многумина кои се одлучуваат да се предадат на живот во подвиг, безмолвноста на монашкиот живот се сфаќа како напуштање на нешто реално и како откажување од социјалната функција на животот. Вистина е дека монашкото живеење често го карактеризираат како начин на живот, кој се избира како последица на душевен притисок и потреба за бегање, за “напуштање”, за барање телесен и духовен мир таму каде нема светски грижи и бучава. Во тој случај, човекот уморен од животот, разочаран од лажностите кои тој му ги донесува, згаден над лажните меѓучовечки односи, бара да се заштити и воздивне, да отпочине во прегратките на монаштвото. Но токму тука е потресното недоразбирање, кое Исаак Сирин подробно го разобличува во своите силни опишувања.    

          Според свети Исаак Сирин, монашкото или подвижничкото тихување не е душевно спокојство кое претпоставува угодно, апатично опуштање на нервниот систем и воопшто на духот човечки. Тоа не е никаква мирност во хедонистичка смисла некоја ориентална опуштеност. Тоа е динамичен духовен процес кој се проживува, иако во својата прва фаза во истоштувачки и исцрпувачки простор на искушенија и жалости, во распалената печка во внатрешноста која вкруг го уништува секој негативен душевен елемент и подготвува терен за истенчено самонабљудување. Во тој случај се среќава “апсурдот” во најдлабоката смисла на монашката и подвижничката стишаност. Тоа безмолвие не претставува напуштање на светските нешта, туку најдинамична форма на живот во подвиг и искушенија. Тоа претставува едно неспокојно спокојство.       

         Според светиот Исаак, “тихувањето на сетилата ги умртвува надворешните движења, а внатрешните ги поттикнува; завртеноста кон надворешното го прави спротивното на тоа – ги поттикнува надворешните сетила, а внатрешните движења ги умртвува.” Тихувањето ја активира внатрешноста на личноста и ја воведува во една мошне тешка и крвава борба. Затоа само оној кој вистински ќе ја сфати смислата на тихувањето, знае во што ќе се впушти и таа свест го следи во целиот тек на непоштедната борба на која тој се одлучува за доследно да ги вкуси подвижничките неспокојства на спокојот. Како што капетанот на бродот ги гледа ѕвездите за да знае право да ја одржи насоката на својот брод, “така и монахот во внатрешното самонабљудување, на с# гледа во текот на патувањето кон целта која ја замислил во својот ум, од првиот ден кога се одлучил да го помине непредвидливото море на тихувањето, с# додека не го најде бисерот заради кој се спуштил во неговата недогледна длабочина”. 

           Стапувањето во подвижничкото тихување е, некој би рекол, опасен потфат кој се состои од безбројни и непрестајни нурнувања во “недогледната длабочина” на внатрешноста. Тоа е тежок потфат кој се одвива под површината на внатрешното море, а целта е да се открие бисерот на самопознанието и истенченото самовидување.

            Големината и размерите на внатредушевниот потфат јасно нагласуваат дека “влегувањето” во тихувањето треба да се смета за небесен повик. “Да се посветиш самиот себе на Бога е дар” и затоа “твоето влегување во тихувањето нека биде со расудување; испитај го тоа делање и не брзај само заради тоа што е тухување”. Копнежот и итањето за подвижничко тихување треба да се сфати како небесен дар, како таинствен духовен пат кој е веќе пробиен пред нозете на вистинскиот духовен борец и пред да го почне неговото патување. Оној кој е повикан “во невидливо мачеништво да прими венец на осветување” во неописливо пустинско душевно злострадање, повикан е на непрестаен подвиг на самопознание и душевно очистување. Тој, значи, не е одреден да тихува, туку да се бори! Но ако стапи во подвиг, тој и ќе се стиши…   

          Најдлабоката смисла на стремењето кон безмолвие секако дека е средбата и заедницата со Бога. Тихувачот не мирува за да ги задоволи човечките потреби за душевен мир. Тој тихува динамично и активно за да го помине особениот духовен пат кој ќе го доближи до Бога, кој ќе го соедини со “женикот Христос”. Подвижникот и монахот, кои се предаваат на очистување и освојување на својата внатрешност, одат по законитиот пат во разговор и соединување со Бога.                   

         Во секој случај, меѓутоа, духовно неупатениот човек го изненадува крвавото инсистирање за освојување на внатрешноста, како претпоставка за соединување со Бога. Трезвеноумниот борец избрал посебен, но и тежок пат по кој ќе оди до небото. Човекот од светот можеби не може лесно да се ослободи од критичкото настроение кога ја набљудува длабочината и размерите на внатрешноста по која подвижникот трага за бисерот, за доживување на таинствениот Божји Ерос.            

          При сето тоа, подвижничкото искуство на внатрешноста, во духовниот простор на тихувањето, фасцинантно е и потресно за нашиот, секуларно искварен, дух. “Чесното дело на тихувањето е пристаниште на тајната”; и на тој брег на тајната, во таинственото искуство на тихувањето, ние се восхитуваме на величественоста на подвижничката внатрешност во која вистински се крие небото.          

          Да го слушнеме со скрушеност подвижничкиот глас:
         “Ревнувај да влезеш во својата внатрешна ризница и да ја видиш ризницата небесна, бидејќи тие двете се едно. Од една врата ги гледаш двете. Скалата кон горното царство е скриена во твојата душа. Нурни се од гревот во себеси самиот и таму ќе ги најдеш скалилата по кои ќе можеш да се искачеш”.                                                        

         Таа духовна слика на сместување на Царството Божјо во внатрешноста претставува напреден чекор во подвижничкото тихување. Таа претставува величање на духовните вредности на самопознанието и самонабљудувањето, кои се стекнати со огромен душевен труд и низ подвижнички искушенија. Тоа е индивидуализација на Царството Божјо со помош на тихување и подвиг.          

         Од друга страна, самонабљудувањето, влегувањето во ризницата на внатрешноста, е токму “посета” на подвижникот во тихување на храмот каде пребива Светиот Дух, односно највнатрешната длабочина на неговата личност. “На оној кој се грижи за својата душа во секој миг, срцето му се радува за она што таму ќе го најде. И кој го собира созерцанието на својот ум во себеси, го согледува одблесокот на духот. Кој се згадува над секое превознесување, го гледа својот Владика во своето срце. Ете го небото во тебе. Ако си чист, во себеси ќе ги видиш Ангелите во нивната светлина.”
         Тоа доживување на поразителната внатрешност е самовидување на апсолутното душевно единство и истовремено задоволување на копнежот за апсолутот. Тоа доживување е, значи, потресна спротивност на духовната пустина на (апсурдистот) Алберт Ками и одговор на современиот човек кој гледа како да ја состави својата душа од петте ветрови.     

         Кој бега од себеси, ги умножува своите внатрешни кршења и се предава на милоста и немилоста на сеуништителниот безизлез. Оној кој, напротив, ќе прифати да влезе во својата “ризница”, да се врати на самиот себе, ја открива тајната патека до единството и душевната и духовната хармонија. Повеќе од тоа, тој согледува неистражени и неописливи тајни, бидејќи на “оној кој се познал себеси му се дава познанието на с#; бидејќи да се познаеш себеси е полнота на сите знаења.” Затоа “оној кој се удостоил да се види себеси е подобар од оној кој се удостоил да ги види ангелите”. Така познанието и толкувањето на светот опитува во нуклеосот на личноста, и тоа откако во духовниот процес се оствари извесно единство на сопството. Во подвижничката идеја современиот човек наоѓа решение за Камиевата загатка.      

        Она што Ками го потресува, што го наведува на тоа да вкусува сеуништителна празнина, е “молчењето на светот”. Светот не му зборува – или затоа што нема што да му каже, или затоа што не може да проговори “од себе”. Значи, молчењето на светот ги интензивира внатрешните кршења на личноста, ја прави да се расејува на пет ветрови, бидејќи трагањето за единство, но и за смислата на светот, ги троши силите на душата во непрестајната борба, борбата Сизифова. Затоа во митот за Сизиф, Ками ја гледа сета таинствена смисла на апсурдот кој се “раѓа од контрадикцијата која постои помеѓу човековиот копнеж и апсурдното молчење на светот”.  

        Ако внимателно се погледне, технолошкиот човек со својот незадоволен копнеж за “напредок” и “технички развој” изгледа дека денес го воплотува многустрадалниот Сизиф. Тој “компулзивно” работи во прогресивното растројство на своето сопство, кое го блокира во апсурдот. Тихувањето претставува некое далечно искуство, носталгија во светлите моменти на “механичката” самокритика. Како ќе успее тој човек за момент да ја прекине својата сизифовска брканица за да ја ослушне таинствената порака на подвижничкото тихување?
Тоа е прашалност од чиј одговор навистина е тешко да не се трепери.

 

Подготви: Михаила Поповска
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5644
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная