логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SV.ANDREJ.PRVOPOVIKAN

Акатист на светиот Апостол Андреј Првоповикан


Кондак 1
Со песни го прославуваме преславниот првоповикан апостол Христов Андреј,проповедник на Светото Евангелие,од Бога бдахновениот просветител на руската земја,кој стои на врвот на брегот каде со неговата десница го подигна крстот.Нему како врховен следбеник кој со својот пример го посочува патот кон Христа,умилно му воскликнуваме:
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!
Икос 1
Апостоле Ангрее,беше ангел благовесник на јагнето Христос,Кој ги зеде гревовите на Себе и со Него секогаш пребиваш на небото;погледни оттаму на песната која ти ја принесуваме,во твојот храм на местото каде стоеја твоите нзе,и беше богат со Божјата благодат.Дај ни добар збор за да ти воскликнувамe:
Радувај се,ѕвездо денице кој ни засветли од градот Витсаида
Радувај се,ти имаш еднаква честн со брат ти,врховниот Петар
Радувај се,учениче на големиот Претеча Христов
Радувај се,ти којпрв сиповикан од апостолите за апостолско служење на самиот Господ
Радувај се,и другите со радост ги повикуваше:дојдете,го најдовме саканиот Месија
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!
Кондак 2
Учителе,каде живееш?-го запраша ти Андрее,Спасителот на нашите души;поминувајќи со Него еден ден,го засака за сиот живот Месијата Кој го пронајде,и твојот постр брат го приведе кај Него.Затоа и нас како мали браќа твои не престанувај да не водиш кај Него,та следајќи ги твоите стапки,да воскликнуваме кон Бога:Алилуја!
Икос 2
Свети Андрее,однапред гледајќи го пламенот на верата и љубовта,Господ повторно ве најде на Генисаретското езеро како рибари со твојот брат како фрлате мрежи во длабочината и ви рече:одете по Мене и ќе ве направам ловци на луѓе.Ти веднаш појде по Него и вдахновен од Бога со зборови како мрежа ги ловеше луѓето за Христа.Со нив и ние уловени од тебе за спасение,воскликнуваме:
Радувај се,од самиот Господ се научи на духовниот лов
Радувај се,на тоа езеро заедно со останатите апостоли,се спаси со вера во Господа кој им запреи на ветровите на морето
Радувај се,стекна голема вера кога виде како чудно со шест леба се наситија пет илјади
Радувај се,Грците слушнаа глас од небото гледајќи го Христа со тебе
Радувај се,на Елеонската гора и на тебе ти беше откриено што ќе биде при крајот на светот
Радувај се,Андрее,првоповикан Апостоле Христов!
Кондак 3
Насладувајќи се со гостопримството од владичната бесмртна трпеза на горното место на Сион,како верен пријател Христов,заедно со останатите апостоли го виде Твојјот Господ и Бог од кого прими Свет Дух,за да можеш да ги врзуваш и разрешуваш човечките гревови.И повторно во таа горна Сионска соба беше изобилно излиен на тебе ветениот Дух во вид на огнен јазик.Затоа се зачудија сите народи како на нивниот јазик и зборуваше за Божјата големина,пеејќи:Алилуја!
Икос 3
Добивајќи од Господа заповед за проповед на Евангелието на сите луѓе,апостоле Андрее,посети многу градови и земји,повикувајќи ги луѓето да го спознаат вистинскиот Бог,крстејќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,со него и ние се удостоивме со благодатно крштение.Затоа благодарно воскликнуваме:
Радувај се,гласник на Христовите чуда
Радувај се,громок проповедник на Светото Евангелие
Радувај се,разорите на службите идолски
Радувај се,сеач на вистинското богопочитување
Радувај се,луѓето по твоите зборови со вода и Дух повторно се раѓаат
Радувај се,преку тебе верните се причестуваат од бесмртна трпеза
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!
Кондак 4
Првоповикан апостоле,Божјата сила те осени да ја проповедаш силата и славата на Божјиот Син и ги утврдуваш сите да веруваат во Пресвета Троица и да ја повикуваат.Затоа и за нас кои се поклонуваме на единиот Бог во три лица,сочувај ја на тревната паша верата Христова,секогаш осветени со благодатта на Светиот Дух гласно да му пееме Нему:Алилуја!
Икос 4
Првоповикан,приведувајќи го твојот брат Симон Петар кај Христа,со него отиде на своето апостолско служење.Прво во Антиохија и Синоп,победувајќи ги таму полковите демонски го ослободи од темните узди твојот сопатник запостолот Матиј,и ги крст затворениците кои беа со него.На врховниот апостол Петар кој брзаше на запад му даде братски целив,а самиот добро се подвизуваше на Исток.Затоа и ние,луѓето на истата Црква ти повикуваме блажено:
Радувај се,Божја сило која ги прогонуваш демонските полкови и ги раскинуваш затворските окови
Радувај се,живеалиште на апостолската благодат со која тајно не ослободуваш од пеколните узди
Радувај се,со жрепка со твојот брат ги поделивте Запад и Исток поради проповед на Божјото слово
Радувај се,во градот Синоп го изобличи неверието на Јудеите со силата на твоите чуда
Радувај се,таму беше тепан поради Христа од безбожниците
Радувај се,на тебе ти се даде исцеление на раните од самиот Господ кој ти се јави
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!
Кондак 5
Враќајќи се двапати во светиот град заедно со апостолите за да ја прославиш Педесетница,двапати повторно заминуваше од Светиот Сион на вселената до го проповедаш Христа ,прво со возљубениот Господов Јован,а потоа со Симон Кананит и Матиј,со жрепка избраниот за апостол,и сите краишта на Азија и Понт ги посети,учејќи ги со словото за спасение да пеат на Бога:Алилуја!
Икос 5
Од Галилејското до Црното море,простирајќи ги твоите апостолски мрежи,сето приморје наоколу го научи на твоите проповеди,поита Првоповикан во земјата Скит насекаде поставувајќи го Христовиот крст како знак на нашето спасение.Затоа и ние како и идните поколенија,слушајќи ги твоите проповеди и сеќавајќи се на твоите подвизи воскликнуваме:
Радувај се,ти кој во Никеја ги скроти лутите разбојници и најлутиот ѓавол го умртви
Радувај се,како претеча среде овој град двапати го подигна Христовиот крст на собраните богоносни отци
Радувај се,во Азија и Понт засветли Христовата светлина
Радувај се,со твојот апостолски жезол го отвори предгорјето Кавказ за Христовата светлина
Радувај се,со тебе се осветли мракот Кимериски
Радувај се,преку Тебе вселената се напои со тек на жива вода
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов
Кондак 6
Апостоле,ги приведе кон тивкото пристаниште Христово племињата обеземени од бурите на страстите,фрлани како бранови на океан.А нивните срца како рѓосан брод на неверие фрлан од бура,како котвите на бродот ги утврди во православната вера.Затоа и ние како православни чеда со благодарно срце и усни воскликнуваме на Бога:Алилуја!
Икос 6
Некогаш Андрее на Елеонската гора со останатите апостоли го запраша божествениот учител:кажи ни каков е знакот на твоето доаѓање.На Киевските гори,како орган од благодатта на Светиот Дух,ти ја претскажа идната слава на ова место.А ние,удостојувајќи се на прорречената ни милост,умлно ти воскликнуваме:
Радувај се,од Сионската Гора ни го донесе евангелскиот закон
Радувај се,Божји апостоле кој ни дојде по Ворисентските води
Радувај се,на таа река ја даде јорданската благодат поради наше крштевање
Радувај се,на Киевската гора подигна крст за наше спасение
Радувај се,преку тебе овде изобилно се претскажа изливањето на Божјата благодат
Радувај се,со неа овде прорече за создавањето на големиот град и многуте цркви
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!

Sv.Andrej.matka.freska


Кондак 7
Како исполнување на твојот пророчки глас,се всели овој преславен храм на местото каде по дарот на Светиот Дух однапред го виде она кое сеуште не постоеше како постои:околу него град со големи цркви и златни врвови,ја потврдуваа вистината на твоите зборови и нему до денес му објавуваш мир од горното место.Затоа и ние гледајќи го исполнувањеето на твоите зборови од Бога вдахновени воскликнуваме кон Него:Алилуја!
Икос 7
Првоповикан апостоле,примајќи од светлосната зора светлина на богопознание,светата Олга засветли во руската земја како ѕвезда Деница на нашето спасение,подигајќи го на себе како сјајна светлина својот внук Владимир,просветителот на сите северни земји.Затоа и ние подигајќи ги нашите очи кон тебе Андрее богомудар,како прв гласник на нашето спасение,ти оддаваме пофалби:
Радувај се,на Деницата за нашето спасение,светата Олга и се дарува познавање за божествената светлина
Радувај се,со нејзината побожност се отвори Христовото Царство
Радувај се,со твојот благослов произлезе преславната виделина од таа Деница
Радувај се,по твоето апостолско претскажување се јави кнезот рамноапостолен
Радувај се,со тебе замното царство на светиот Владимир се присоедини кон небесното
Радувај се,киевските реки Дњепар и Почаина ни беа спасонсни бањи
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!

sv.Andrej.Prvopovikan.jpg


Кондак 8
Богомудар апостоле Андрее,пастирите и овчарите на преславниот град Киев и сета руска земја зборуваат за сеќавањата на твоите дела.Во бедрата на пештерата почива нетрулежното тело на Божјиот угодник,со Антониј и теодосиј непрестано како живи ја разгласуваат твојата слава во вековите и на народите.А ние како духовни пилиња на твојата рајска градина,од тебе научивме да Му пееме на Бога:Алилуја!
Икос 8
Првоповикан апостоле Андрее,не беше гласен за спасение само во Русија туку и кај сите словенски народи.Собирајќи ги како кокошката пилињата под своето крило ги приведе кон Христа.Гредајќи го од Херсон мракот на северните предели за да тамошните луѓе ги научиш на Божјата наука,со твоите проповеди ги подготви многу векови однапред премудрите учители Кирил и Матодиј.А ние како усти на овие наши просветители гласно ти воскликнуваме:
Радувај се,Ти кој од искона ги благослови словенските народи
Радувај се,нивниот разум го умудри со Божјата наука
Радувај се,слушајќи го Божјото слово станаа разумни чеда на Црквата
Радувај се,во Херсон каде ти си проповедал светиот Кирил ги најде првите руски букви и ги прими
Радувај се,со тоа го објави алфа и омегаа,почетокот и крајот,Христос.Божјата премудрост
Радувај се,овие учители ни ги дадоа на словенски јазик сите од Бога вдахновени списанија
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле!
Кондак 9
Првоповикан,не плашејќи се од пустинските скитови,го исполни своето апостолско патување во длабочината на северните предели,од каде дојде во стариот Рим,кој тогаш беше центар на незнабожниот свет.Го остави поради идолската темнина и дојде на левиот браг на Босфор и таму во градот Визант,кој станал новиот Рим и мајка на христијаните,го јутврди својот апостолски престол,за да од него на исток и север по целиот свет се шири верата,а верните чеда на Хрситовата црва со една мисла воскликнуваат кон Бога:Алилуја!
Икос 9
Мајката Сионова,се вели во псалмот бидејќи човекот духовно се раѓа во него,а новиот Сион ни беше Киев,бидејќи во него се јави Божјата благодат и светлина на сите руски синови од престолот кој си го утврдил во Визант,првоповикан апостоле.Затоа и ние осветлени со незалезната светлина ти воскликнуваме:
Радувај се,ти кој слезе од гората Сион и го заблесна Киев на многуте брегови со небесната светлина
Радувај се,со твојот благослов на овој град се испратија многу духовни плодови
Радувај се,твојот престол се утврди среде вселената
Радувај се,под негова заштита во новиот Рим ги собра сите народи
Радувај се,со тебе се утврди православието во нивните души
Радувај се,ти кој од исток ја одби темнината на западот
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов
Кондак 10
Кога дојде времето на твоето претставување,блажен апостоле,дојде во древното племе Ахајско за да бидеш таму жртвуван.Патот го заврши,со добар подвиг подвизувајќи се,проповедајќи го на сите распнатиот Христос,за Јудеите соблазна,за Елините безумие,а за нас избраните-Христос,Божја сила и Божја премудрост,од која се научивме да Му пееме на Бога:Алилуја!
Икос 10
Апостоле Христов,исцелувајќи болени со името на Господ Исус,вискреснувајќи мртви,изгонувајќи бесови во Патрас претсмртната твоја проповед ја утврди со чуда,а проконзулот Лезвиј го обрати кон познавање на вистината.Кога беше поразен со ударите поради спротиставувањето,ти го подигна од одарот на болеста,а сите луѓе гледајќи ја во тебе Божјата сила ги срушија своите идоли.Потоа на Тебе ти се јави Господ како некогаш на Павле во Коринт и ти заповеда да го земеш твојот крст назначувајќи ти го твоето страдање во Патра поради Него.А ние восхитувајќи се на големата благодат во тебе,побожно воскликнуваме:
Радувај се,голема сило на семоќниот Бог
Радувај се,ризницо на скапоцени чуда
Радувај се,просветување и украс на древните отци
Радувај се,неверието на проконзулот го обрати во вера
Радувај се,таму повторно ти се јави Господ,повикувајќи те на подвиг
Радувај се,тебе гти се подготви венец на правда
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!

SV.ANDREJ.PRVOPOVIKAN1


Кондак 11
Како некогаш Ирод,царот Нерон почнувајќи го гонењето на сите верници,Павле во Рим го посече со меч,Петар го распнаа на крст,така и тебе во Патрас на местото на кроткиот Лезвиј,ти го поставија бесниот судија Егеат,кој не трпејќи крштевање на својот брат,ниту омекна со исцелувањето на својата жена,те фрли во затворот и како врховниот апостол Петар те осуди на распнување.А ти бивајќи затвореник во мрачниот затвор како во светол храм го прорече изборот на проконзуловиот брат Стратоклис за епископ на Патрас со сите верни среде затворот воскликнувајќи:Алилуја!
Икос 11
Гледајќи го подогнатиот крст во костурницата на кого ќе бидеш распнат,не се исплаши апостоле,туку до смртта сведочеше за Христа Кој Те љубеше и Кој Ти го љубеше,а кон овој знак на спасение пружејќи раце умилно зборуваше:
Радувај се,сечесен Крсте пред кој стојам со радост,ти си мојата надеж
Радувај се,животворен Крсте чиј врв го достигна небото,а со подножјето ги уништи вратите на пеколот
Радувај се,Крсте достоен на поклонување кој го прими мојот Владика како најслатко грозје Кој ни источи спасение
Радувај се,благословен Крсте кој го спаси разбојникот и му даде плодови од исповедта
Радувај се,беше исполнување на мојата радост
Затоа радувај се и ти мачениче кој Твојата вера во твојот Христос ја запечати на крстот
Радувај се,Андрее,првоповикан апостоле Христов!

sv.Andrej.Prvopovikan.moshti1
Кондак 12
Дојдете сведоци на мојата радост,ги повикуваше апостоле извршителите на волјата Егеатова,исполнете ја волјата на двајцата,распнете ме и како јагне принесете ме за жртва на Творецот кој ме создаде.Ова кажувајќи го се качи на крстот како на горниот престол од кого три дена и три ноќи го проповедаше Божјото слово на луѓето коишто стоеја да не се плашат од смртта,исповедајќи го Господа Христа.Кога твојот лик засветли со небесна светлин,се исплаши мачителот и нареди да те симнат од крстот,но ти,мачениче,не сакаше да се одвоиш од крстните маки до твојот крај,повикувајќи непрестано кон Бога:Алилуја!
Икос 12
Андрее првоповикан,славејќи ги твоите апостолски подвизи,ја славиме твојата света смрт,со живоносни маки го прослави Синот Божји,со умилно срце ти пееме:
Радувај се,пријателе Христов за Кого со радост претрпе крстно страдање
Радувај се,верен апостоле кој од крстот им проповедаше на луѓето слово за вечниот живот
Радувај се,во часот на симнувањето од крстот те осени како молња светлина од небото
Радувај се,на оние кои православно го исповедаат Христа Синот Божји,кого ти го проповедаше им вети голема благодат
Радувај се,апостол на горниот Ерусалим
Радувај се,ти кој со апостолите седиш на еден од дванаесетте престоли,од кои ќе им се суди на сите колена израилски
Радувај се,Андрее,првоповикан Апостоле Христов


Кондак 13
О,првоповикан апостоле Христов Андрее,погледни на овие пофалби од сите нас кои го почитуваат твојот свет спомен и како што го подигна крстното дрво на гората на градот Киев,секогаш оссипувај не и нас со тој спасоносен знак,та чувани со крстот на нашиот Бог и Спасител,да достигнеме мера на Христовата полнота и да се удостоиме со тебе и сите светии со радосен глас во бесконечните векови на пееме на Бога,нашиот Спасител:Алилуја!
(овој кондак се чита три пати,а потоа повторно Икос 1 и Кондак 1)

 +++

 sv.Andrej.Prvopovikan.moshti

Ако се плашев од крстот, немаше да го проповедам...
(Свети апостол Андреј)

 13 декември
СВЕТИОТ АПОСТОЛ АНДРЕЈ ПРВОПОВИКАН
Син на Јoна и брат на Пeтар, рoдeн oд Витсаида и рибар пo занимањe. Првo бил учeник на св. Јoван Крститeл, нo кoга св. Јoван пoкажал сo прстoт кoн Гoспoда Исуса, вeлeјќи: Eвe Гo Јагнeтo Бoжјo! (Јн. 1:36), тoгаш св. Андрeј гo oставил свoјoт прв учитeл и тргнал пo Исуса. Пoтoа Андрeј гo привeл и свoјoт брат Пeтар кoн Гoспoда.
Пo слeгувањeтo на Свeтиoт Дух, на oвoј прв апoстoл Христoв му сe падналo да гo прoпoвeда Eвангeлиeтo вo Византија и вo Тракија, пoтoа вo дунавскитe зeмји, па вo Русија и oкoлу Црнo Мoрe и најпoслe вo Eпир, Грција и на Пeлoпoнeз, кадe штo и пoстрадал. Вo Византија гo пoставил првиoт eпискoп вo лицeтo на св. Стахиј; вo Киeв пoставил крст на висoчина и му прoрeкoл свeтла христијанска иднина на рускиoт нарoд; пo Тракија, Eпир, Грција и Пeлoпoнeз прeвeл мнoштвo нарoд вo вeрата и им пoставил eпискoпи и свeштeници.
Вo градoт Патрас направил мнoгу чуда сo Христoвoтo имe и мнoгу придoбил за Гoспoда, пoмeѓу кoи билe и братoт и жeната на царскиoт намeсник Eгeат. Eгeат сe разлутил, па заради тoа гo стави св. Андрeј на маки и пoтoа гo распнал на крст. Дoдeка бил жив апoстoлoт на крстoт, им кажувал пoлeзни пoуки на христијанитe кoи сe сoбиралe oкoлу нeгoвиoт крст. Нарoдoт сакал да гo симнe oд крстoт, нo тoј нe дoзвoлил. Најпoслe апoстoлoт пoчнал да сe мoли на Бoга и притoа нeкoја нeoбична свeтлина гo oсвeтлила цeлиoт. Тoа oсвeтлувањe траeлo пoлoвина час и кoга исчeзналo, апoстoлoт ја прeдал свoјата свeта душа на Бoга. Така гo завршил свoјoт зeмeн вeк првoпoвиканиoт апoстoл, кoј прв oд 12 гoлeми апoстoли гo пoзнал Гoспoда и тргнал пo нeгo.
Св. Андрeј за свoјoт Гoспoд пoстрадал вo 62 гoдина. Нeгoвитe мoшти билe прeнeсeни вo Цариград. Пoдoцна нeгoвата глава била прeнeсeна вo Рим, а eдната рака вo Мoсква.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5859
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6469
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5654
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная