логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Bogorodica.Kapina.nesog.jpg

РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


Покрај Благовештение, во Црквата постојат уште три, од дванаесетте празници, посветени на Божјата Мајка. Првиот од нив е Нејзиното Рождество, кое се одбележува 8/21 септември. Самиот настан не е опишан во Евангелието, а расказот за него е земен од апокрифниите писанија. Тој послужил како основа за Богослужебниот поредок на празникот.
Црковното Предание говори, дека Јоаким и Ана биле благочестиви еврејски сопружници од средина на бедните и сиромашни верници, кои го очекувале ветениот Месија. Тие биле стари и без деца, и многу години топло се молеле на Бога, молејќи за дете, бидејќи меѓу јудеите бесплодноста се сметала како знак на Господова немилост. И ете, како одговор на нивните молитви и како награда за непоколебливата верност кон Бога. тие биле благословени со раѓањето на ќерка. предназначена. благодарејќи на Својата лична светост, да стане Мајка на Христа-Месија.

Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата - Христос, Бог наш; уривајќи ја клеп1вата, ни даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен. (тропар).
Со Твоето свето раѓање, Пречиста, Јоаким и Ана се ослободија од укорот што немаат пород, а Адам и Ева од смртното гниење: тоа го празнува и твојот народ, кога избавувајќи се од прекорот на согрешението Ти клика: Неплодната ја раѓа Богородица и хранителката на нашиот Живот. (кондак).

Тоа што настаните, поврзани со раѓањето на Марија не се потврдени со Светото Писмо, нема значење за смислата на празникот. Дури и ако тие можат да бидат подложени на сомненија од историска гледна точка, нивниот Божествен смисол за нас луѓето и за нашето спасение не се менува. Таа, Која била духовно достојна да стане Христова Мајка морала да биде родена од тие, кои и самите биле духовно достојни, за да станат нејзини родители.
Следователно на тоа, празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка и Нејзините благочестиви родители. И во исто време тој е почеток на приготвувањето на светот кон спасение, затоа што Садот на Светлината, Книгата на Животот и Речта, Вратата испточна, Престолот на Премудроста, сето тоа самиот Бог го припреми на земјава со раѓањето на девојчето Марија.
Стихирите на празникот се полни со разни имиња за Марија, слични на погорните. Тие се засновани од изворната инспирација на Стариот и Новиот завет. Ние го гледаме тоа и од празничните библиски читања. Така трите библиски цитати, читани на Вечерната, пророкуваат за Неа. Јакововата Скала која што го соединува небото и земјата и местото што се нарекува дом Божји и врата небеска (Мој. 28, 10-17), е земено да го означи единството меѓу Бога и луѓето што е остварено најиотполно и најсовршено - и духовно и физннки - во Марија Богородица, Божјата Родителка. Така и визијата на храмот со врапшше кон Исток по стојано затворени и и полни со славата Господова ја симболизира Марија. наречена во празиичните химни дом Господов полн со слава Господова (Ез. 43. 27-44, 4). Според приказните Соломонови (9, 1-11) Марија се поистоветува со куќа којашто Премудроста за  себе ја создала.
Евангелското читање на Утрената е исто како и на сите Богородични празници:

Мојата душа Го велича Господа, и мојот ду.х се аарадува во Бога, Сиасителот мој, оти јс погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лк. 1, 47).

Апостолското читање на Литургијата е прочуениот цитат за доаѓањего на Божјиот Син, Кој прими лик на слуга и постана ист со луѓето (Фил. 25-11), а од Евангелието се чита местото како и па сите Богородпчни праз пици: Една жеиа во народот ја величала Ису¬совата мајка, а самиот Господ , одговори дека истата таа благодат што ја примила неговата мајка е наменета на сите што ја слушаат Божјата реч и ја одржуваат (Лк. 11, 27-28). Затоа на празникот Рождество на Богородица ние го прославуваме и тоа што со Божјата благодат сето човештво. секој христијанин го прима тоа што го примила Богородица - великата милост, што им е дадена на луѓето затоа што Христос е роден од Дева.

sv.Ana1.jpg

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1107
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1045
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…