Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)
Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри ловците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.
Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри ловците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата.
Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој нé спасува од распадливоста со твоите молитви.
Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи, ангел во тело на столб се возвиси, болни лекувајќи, демони изгонувајќи.
Иако жедтта на душата за Љубовта Божја, е поголема од потребите на телото, ти оче Михаиле од Бога измоли напојување на сувите усти човекови, но Бога го прослави, кога силно застапувајќи се за Светите икони,
О Велики Господи, о Сило незнаена,
Ти даде лик на свештенството преку праведниот Мелхиседек,
а покажа совршенство во Себе Самиот преку Синот Твој Единороден
затоа еј ти Мелхиседек Божји свештенику,
праобразу на јереите,
Си се вознел во слава, Христе Боже наш,
и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух,
а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји,
Избавителот на светот.
Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,
о голем столбу на православието,
ревноста по Христа ја привлече благодатта,
и со неа мноштво чудеса сотвори,
Рамноапостолни учители на словенските земји,
богомудри Кириле и Методие,
Владиката на сите молете Го,
да ги утврди сите словенски народи
Велики угодниче Божји, Николае свети,
чии молитви нѐ закрилуваат нас кои
пловиме по морето на овој живот.