логоFacebookTwitterYouTubeeMail

HRISTOS.KP8Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.
Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл. Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.
„Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“

Zvonko.sv.Vasa10Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

 

 

 

3.angeli.so.trubaНосењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од Црквата, од христијанскиот идентитет: поистоветувањето со државата, поистоветувањето со нацијата и поистоветувањето со политичките партии. Ова поистоветување многу му помага на демонот да ја наметне својата илузија. Полесно го сметаш за непријател оној..

3.angeli.so.trubaКога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до Бог – Еосфорос (сега паднатиот и мрачен сатана), тој обичен и непознат но верен и послушен ангел Михаил, застанал храбро на средината од Небото и рекол: „Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ – повикувајќи ги на тој начин останатите ангели да останат со доверба, љубов и послушание во воспоставениот ред и поредок од Бог, да останат во заедница со својот Создател.

3.angeli.so.trubaEвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку за Чoвeкoт Исус, кoгo Бoг гo вoскрeснал oд мртвитe и гo вoздигнал, нe самo над сиoт oвoј видлив и смртeн свeт, туку и над нeвидливиoт и бeсмртниoт, над ситe ангeлски чинoви и нeбeсни власти, над сeкаква јавeна и нeјавeна чудна eрархија нeбeсна, над сeкoe сoздадeнo битиe, пoзнатo или нeпoзнатo, и над сeкoe имe вo двата свeта, вo матeрјалниoт и вo духoвниoт.

3.angeli.so.trubaЗа разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач. Мислите што доаѓаат од Божја страна нѐ учат на послушание, кон Црквата, кон Богородица и кон Бог. Тоа не се мисли што нѐ затупуваат, да не разликуваме добро од зло, туку мисли кои нѐ учат како да ги покриеме несуштинските грешки на ближните и да го сочуваме мирот во Црквата.

3.angeli.so.truba Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство. Препознатливи се експонентите на таа војна, како и оние кои со своето однесување, несвесно, ја помагаат таа војна. Таквите се игнорираат без збор. Тоа е војна однапред осудена на неуспех, но добра е за тренинг на сите нас. Проверка на зрелост пред формалната автокефалност.

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7).
Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe срцe e пoтпoлнo гoтoвo да ја слeди вoлјата Бoжја. Вo тoа e и пoдгoтвeнoста на чoвeчкoтo срцe, радoснo да ја слeди вoлјата Бoжја и да нe сe збунува сo никакви свoи пoмисли и жeлби.

dedo.Naum.kp15Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега, ако си нормален, дека нема ништо од тоа? Освен милоста Божја и милоста на Пресвета Богородица, кои нѐ прават и чисти, и безгрешни, и правоверни, и спасени, иако самите по себе не сме. А Нивната милост, на дар, ја добиваме внатре во Црквата – по која ти плукаш, каде што се причестуваме со пречистите Тело и Крвта Христови. Гледаш? Не ти ја спасуваш Црквата, туку Црквата те спасува тебе.

3.angeli.so.trubaСекташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници запишани; се фаќа за една слика (на пример, со витези на виното и ги претставува како масони), наместо за безброј други; се фаќа за една случка, наместо за цел живот; се фаќа за дел што му изгледа погоден и од него обликува целина што му одговара за да ги оцрни тие што ги смета за непријатели.

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не значи дека треба да оставаме сe Бог да создава и сe Бог да чини, туку напротив – постојано ревносни во исполнувањето на Божјите заповеди да испитуваме што е она што на Бога Му е угодно, што е она што е според логиката Божја. Зошто нема посигурен пат и нема побезбедно засолниште од она да се исполнува вистински волјата Божја. Тогаш навистина според зборовите на Св.Јован Крстител ние се смалуваме,

3.angeli.so.truba   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење. Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.

 3.angeli.so.trubaБогочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е икона Христова; а почитта кон иконата се пренесува на оригиналот. Послушноста се подразбира – потврдена е и од Самиот Христос во Светото Евангелие: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).

3.angeli.so.truba Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.
Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваат и да не им судат на другите, не внимаваат дека се самооправдуваат.
Понезабележлива – затоа што, најчесто, тој што се самооправдува не го фаќа моментот на гревот на самооправдувањето.

 3.angeli.so.trubaСовремениот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено учење е единствената котва на спасението, зашто тоа претставува кулминација на морланото совршенство и возвишеност.

 3.angeli.so.trubaТраат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните ученици, пустиножителите Гаврил Лесновски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски, па Нектариј и Агатангел Битолски, Никодим Прилепски и Иларион Мегленски, ново¬мачениците Злата Мегленска, Ѓорѓи Кратовски, Спасо Радовишки и многубројните само за Господа знајни – доколку Бог не ја сведочеше постојано нивната светост, како што тие Го посведочија Бога со своите овоземни животи и дела!?

3.angeli.so.trubaДа те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и неговото слово? Посебно неговите дела, затоа што тие најмногу говорат за секого. Да ти кажам директно: од злоба, од завист, од проекција и од демоноoпседнатост.
Најчесто, ние во Црквата, и им судиме на јавните личности (Епископите), а официјалните податоци за нив ни се најлесно достапни.

3.angeli.so.trubaОткако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија со богомудри совети ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај. Таа им говорела дека небесниот љубител - Господ Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и бесмртен живот.

ВоздвижениеТоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…”

Тоа е благден на победата на христијанството над царствата, културите и цивилизациите,

светден на оној христијански свет кој се распаднал, се распаѓа пред нашите очи.

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали нашето страдање е сведоштво на Крстот Христов во овој свет или тоа страдање е празно самопромовирање и суета? И, дали од тоа страдање ја црпиме несоздадената енергија на Преобразувањето и Воскресението, или само предвкусот на смртта? Вистинско почитување и поклонување на Крстот значи вистинско сведоштво на Крстот Христов.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1130
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1262
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1130
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

« »