Црквата на Св. Стефан била изграден од страна на византиската царицата Евдоксија, жената на царот Теодосиј II, и се претпоставува дека е на местото на мачеништвото на свети Стефан. Осветена е во 460год. н.е.
Црквата била толку голема што може да прими до 10 илјади луѓе.
Сестринството веќе многу години работи на репатријација на отуѓеното ракописно наследство на манастирот и до денес во дигитална форма се повратени околу 200 ракописни книги,
Ова е православниот манастир Христови искушенија на Планината на искушувањата, т.е. на планината на која ѓаволот го однел Христос за да Го искуша покажувајќи и ветувајќи Му ги сите земни царства ако му се поклони, кога Тој постел 40 дена.
Преку презентацијата на Апостолот кој до средината на 19 век се чувал во манастирот, по што е распарчен и отуѓен и денес се наоѓа во 5 библиотеки во Украина, Русија и Бугарија, сестринството и отец Серафим, преку привлекување на вниманието на јавноста кон Слепченската книжевна ризница, во која веќе ги откупија и комплетираа дигиталните копии од
Слепченскиот апостол е еден од најзначајните книжевни споменици, не само од богатата ракописна збирка на Слепченскиот книжевен центар туку и општо во славистиката. Тој претставува најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот пишуван со убаво кирилично писмо врз пергамент.
Од почетокот на пештерата до малиот отвор со Света Вода се доаѓа преку еден низок премин кој е 20м. долг и 80см. широк. Од десната страна на изворот има просторија со правоаголна форма каде што посетителите можат да застанат. Факт е дека оваа соба била мала црква со монограми и други претставувања. Денес, многу малку траги од сликите се видени во аглите на
Сумела е грчки православен манастир посветен на Богородица
и се наоѓа на планината Мела во провинцијата Трабзон во Турција.
Тој претставува едно од најважните православни светилишта во светот.
Секој ден го храниме нашето тело дишејќи воздух, за да живее. На душата пак, и е потребен Господ и благодатта на Светиот Дух, без којашто таа е мртва. Како што сонцето ги огрева и ги разлистува полските цвеќиња, очекувајќи ги неговите зраци, така душата што Го љуби Бога, копнее по Него. Таа се ублажува во Него, и исполнувајќи се со радосност сака сите луѓе така да се чувствуваат. Господ заради тоа не создаде, за со Него вечно да живееме на небесата, љубејќи.
"За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа.
Манастирот на Воведение на Пресвета Богородица-Елеуса, денес - повторно, како пред десет века, стана духовен расадник на монаштвото во Македонија. Спонтано, во духот на илјадогодишната традиција, прво беше возобновено машкото монаштво во него, за една година подоцна да продолжи да живее како женски општежителен манастир. Тогаш, во 1996-та година, беше возобновен прво Водочкиот манастир на Св. Леонтиј како машки манастир. Потоа, по 1998-та до сега, уште повеќе од дваесет машки и женски манастири низ териотријата на Република Македонија.
Сакаме ние или не, страдања ни се испраќаат, зашто се спасителни. Бог го прави тоа од љубов кон нас, откако ќе не симне од широкиот пат и ќе не постави на тесниот и мачен пат. Луѓето во светот, исто така, носат маки, и тоа, уште потешки од нашите. Ние имаме грижа само за себеси и за својата душа, а тие се сврзани со брачни врски и имаат деца!... И така, увери се, дека причината за нашите маки се нашите страсти - главно гордоста, а по неа и другите, кои не мачат безмилосно.
Еве што забележав. Во староста времето лета побргу, бидејќи се има чувство дека се е завршено и дека се наближува времето на преминот во вечноста, па некако и сите интересирања се гаснат. А ако загледаме во душата на младите де-војки, ќе видиме како фантазираат дека ќе бидат среќни, ќе најдат добри сопрузи, ќе бидат богати и дека семејниот живот ќе им биде добар, како и многу други работи на таа тема, тие сликички се прострујуваат низ нивната глава и повторно — остануваат сами.
Уште треба да се знае, дека човекот не може постојано да биде во едно исто расположение. И тој се менува, како и времето. Добро е да се биде на Тавор, но понекогаш мора да се биде и на Голгота; внимателниот и расудлив човек има многу можности тоа да го разбере. Ах, колку добро зборува за тоа Исак Сирин во 46. беседа.
Ти пишуваш: „Мала е надежта јас да достигнам таму каде што сте вие". Повлечи ги зборовите! Божјиот суд не ни е познат, не знаеме кој каде ќе стигне.
Вечерта излегов на балконот од својата ќелија. Се загледав во небото посеано со безброј ѕвезди. Отец Ефтимиј дојде тивко кон мене: -Гледате во небото? Видете какво е великолепието и убавината на созданието. А како тоа, и зошто, за тоа не треба да се размислува. А ќе дојде време, многу од тоа ќе се разбере, па и тоа како да ја достигнеме големата молитва. Со разум тоа нема да го сфатиш. Неопходно е просветление (со Духот).
Дали сте знаеле дека Струмица е најбогата со цркви, дури и повеќе од Охрид? Неоткриеното богатство сè уште не е доволно истражено, а тоа се наоѓа под самиот град, кој изобилува со најстарите храмови уште од самите мугри на христијанството.
Базиликата која е подигната над гробот на Светите Петанесет Тивериополски маченици е најстариот вид на христијански храм на Балканот.
Еднаш, рано наутро, околку 5 часот, за време на одморот после утрената служба, монахиња Татјана се наоѓала во својата ќелија. Тоа било време на краток одмор пред наредната служба. Само што заспала, имала таинствено видение. Како на јаве видела како се подготвува да оди на Божествената Литургија во храмот Св. Никола во Петроград. Била облечена во целосна монашка одежда. За да стигне на службата, седнала во некаква кочија,
Ние, воопшто, многу се грижиме за нашата слободна волја. А сега, одеднаш, треба да ја оставиме нашата волја и да ја исполнуваме волјата на другиот. Многу е тешко да се скриеме пред другите. Тоа можат само големите души, а слабите цврсто инсистираат на своето. Обврзи се — во растројство никако да не донесуваш одлуки за ништо. Така советуваат св. отци.