логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1Додека свештениког го  читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.

 Романската Црква ја подготвува канонизацијата на своите прочуени духовни старци од 20 векЕпископ Варлаам, говорејќи пред црковната телевизија Тринитас, соопшти дека имињата на некои од најпознатите духовници во Романија од минатиот век се меѓу оние кои се  предвидени за канонизација. Така, на пример, старецот Клеопа (Илие), о. Димитар Станилоае и старецот Герасим (Иску) треба да бидат прославени сред ликот на светиите.

3.angeli.so.truba Само на едно место на територијата на разурнатиот регион Чернобил, законите на природата ја изгубија својата сила – во црквата Свети Илија. За разлика од околината, во внатрешноста на sидовите на црквата, уредите за мерење на радиоактивноста покажуваат апсолутно дозволено ниво на зрачење, кое не се зголеми дури и во првите години по катастрофата.

„Со голема жалост ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Српски Иринеј. Српската Православна Црква и Православието во целост, во неговата личност имаа редок духовник, посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Тој достоинствено и смирено го носеше својот патријаршиски крст и крстот на своето духовно паство, и во сè се трудеше да се покаже за достоен наследник на своите претходници. Во овие тешки мигови за вашите Црква и народ, дозволете ми,

3.angeli.so.truba„Конечно по 100 години со благослов и менторство на нашиот сакан владика Макариј од Најроби, во епархијата во Најроби треба официјално да биде отворен првиот манастир“, пишува отец Методиј Кариуки, раководител на сиропиталиштето и училиштето „Свети Варнава“ во Јужен Кинангоп, Кенија.

Како што пишува отец Методиј, Архимандритот Јован 9 години работел на изградбата на манастирот посветен на Свети Мојсеј Мурин.

3.angeli.so.trubaСестрите од Архиепископијата во Темишвар при Романската Црква се собраа во неделата вечер да им помогнат на локалните болници во борбата против КОВИД-19 пандемијата.
За една вечер, тие сошија 2600 крпи за еднократна употреба, кои потоа беа дистрибуирани до одделот за интензивна нега на локалните болници.
Донесени беа 1400 крпи во локалната болница, а други 1200 во инфективната болница Виктор Бабеш.

3.angeli.so.trubaДеновиве во тек е меѓународната теолошка конференција по повод 100 години од упокојувањето на св. Нектариј Егински. Многу почитуваниот и со бројни чуда прославениот Светија се родил во Селиврија, Источна Тракија во 1846 год и по многу претрпени искушенија и неволји, по многу испитанија на неговата цврста и длабоко вкоренета вера во Божјата промисла, која ги допушта страдањата за да го искали смиреното и во Бога вљубено срце, по долг и многуплоден труд на нивата Божја, се упокоил во крајна сиромаштија 1920 год во една Атинска болница. 

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград. Постдипломските студии ги продолжил во Берн и во Рим. Оттаму заминал за Атина, каде што за време на седумгодишниот престој,

3.angeli.so.trubaЗа време на благословениот Богородичен пост, искушеничката Латина Стаменкова од Ерусалимскиот Гетсимански манастир на Света Марија Магдалена, ги направи своите први чекори во монаштвото и беше потстрижана, добивајќи го своето монашко име Лаврентија. Инаку сестра Лаврентија е голем пријател на нашиот манастир и ценет соработник на манастирската веб страна, која долги години со голема љубов верно ги известува нашите читатели за сите новини поврзани со Светата Земја и Ерусалим.

3.angeli.so.trubaСподелувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на  храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот г. г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј.

3.angeli.so.trubaСветиот Синод на Бугарската Патријаршија создаде свој учебник по Религија (христијанство-православие). Тоа се случува за првпат после 75 години од последните задолжителни часови по Веронаука во Бугарија. Процедурата за одобрување веќе е во финалниот стадиум и претстои уште издавање на учебникот по препорака на Министерот за образование, Красимир Влчев.

Архиепископот Пимен, уважениот и возљубен наш епископ, на 90-годишна возраст, неодамна се зарази со коронавирусот. Во понеделник вечерта беше однесен во болницата Матеј Балш, во Букурешт, Романија. Чудесно е тоа што тој служеше во соборниот храм на Митрополијата, но никој од свештениците кои се причестиле од истиот путир не е заразен!

Со благослов на Корејскиот митрополит Амвросиј, во Чонџу беше поставен камен темелник за идниот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. Поради пандемијата на церемонијата присуствуваа само неколку верни од оваа парохија.

RU.CRKVA.sВо нашиот храм „Свети Никола Чудотворец“ при Центарот за борба со туберкулоза, по правило Литургија се служи двапати, во текот на седмицата и во недела. Доаѓаат и пациенти, и поранешни болни за кои храмот станал родно место, како и медицински сестри. Обично исповедам по завршувањето на богослужбата, а потоа се причестуваат сите што сакаат. Не барам од луѓето потврда, не ги прашувам од кој вид болест патат – сите приоѓаат за Причест по редот што самите го прават. На службата оваа недела присуствуваа дванаесет луѓе, шест пациенти и шест парохијани.

Hristos.blagoslovuva.Teodorov.psaltirНа прашањето дали според научниците не може а да не постои проблем со причестувањето, односно не е можно да не се пренесе зараза преку Светата Причест, отец Николај одговара: „Се разбира, и добро велат... како што велеа некогаш дека Лазар умрел и засекогаш ќе остане мртов... како што велеа за слепиот дека никогаш нема да види светлина... Бог може сето тоа да го преобрази. И на лично ниво секој од нас може да раскаже за такви чуда. И јас можам, и ќе ги опишам еден ден во мојата биографија“.

3.angeli.so.trubaСе случи она што се нема случено од постанокот на светот: прекин на заедничка молитва во целиот свет...
Владетелите на светот сега отворено покажаа дека во себе го носат духот на антихрист.
Свети апостол Павле вели дека антихрист, „кој што се противи и се превознесува над сé, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог“ /2. Сол. 2, 4/.

3.angeli.so.trubaГодинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.
Првпат во повеќе од 100 години за Велигден е затворена Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим. Во христијанската четврт на градот улиците се празни а повеќето дуќани се затворени.

Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.
Затворањето на Храмот било одлучено по средбата што се одржала меѓу претставници на израелската полиција и претставниците од црквите, рекол Уади Абу Насар, претставник на Синодот на католичките епископи на Светите Места, откако израелската влада претходно донесла построги мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.

Денес, 9 март 2020 година, Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги прогласи за преподобни светите Старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиски и Ефрем Катунакиски.
За време на својата посета на Света Гора минатата есен, Патријархот Вартоломеј ги навести овие канонизации.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2505
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1691
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2168
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »