Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (18.12.2019)

Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни.
Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас,
решението да не живееме согласно земните идеи, туку да Го следиме Христа.




Во посета на Свештената Бигорска Обител денес дојде Претседателот на Р. Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството. Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае
Го гледал агнецот на трпезата како жив и легнат Христос, Кој лежи со прекрстени раце, и тој морал со копјето да го сече. Од таквите потресни виденија, кои не биле ретки, од неговите очи бликале солзи, така што на крајот од Литургијата антиминсот бил веќе целиот воден. Во последните години, кога поради болест не можел да служи, тогаш најмногу страдал, затоа што бил лишен од Божествената благодат и утеха.
Денес, кога го чествуваме празникот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, заштитниците на градот Струмица, во манастирот посветен во нивна чест, во Струмица, Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Архиерејска Божествена Литургија,
Светиот Апостол Петар за царското свештенство вели, дека може да биде остварено со нашето учество во Светата Литургија. Верно, плашете се да одите од навика на Литургија. Потрудете се секогаш подлабоко да го живеете она што го живееше Христос за време на Тајната Вечера, кога ја востанови оваа голема тајна, Божествената Евхаристија. Тогаш, Литургијата ќе се покаже спасителна не само за вас, туку и за сите што учествуваат во неа.
Денес, на празникот на свети Климент Охридски, заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во соборниот храм посветен на свети Климент Охридски, во Скопје, Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков,
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Толкување на Божествената Литургија“, дело на Митрополитот Козански г. Дионисиј. Оваа книга е одлично помагало за да навлеземе и да ја проучиме смислата на Светата Литургија, да навлеземе во неа подлабоко и лично да ја доживееме. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија.
Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од храмот, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На светата Литургија се случи една голема и духовна радост. Имено Архиепископот г.г. Стефан, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Методиј Митанов.
‘Царството Божјо е внатре во вас’ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо
Сo вeрата Христoс дoаѓа вo срцeтo, а сo Христа дoаѓа љубoвта. И така чoвeкoт сe вкoрeнува и сe втeмeлува вo љубoвта. Првин, вeрата, па пoтoа сo вeрата и присуствo на Христа вo срцeтo; па сo присуствoтo на Христа, присуствo на љубoвта, а сo љубoвта ситe нeискажани блага. Сo нeкoлку збoрoви апoстoлoт ни укажува цeла скала кoн сoвршeнствo. Пoчeтoк e вeрата, а завршeтoк e љубoвта.
Дали Бoжјата запoвeд за нeпрeстајна мoлитва (Лк. 18:1) важи самo за мoнаситe или за ситe христијани вooпштo? Кoга би важeла самo за мoнаситe, апoстoлoт Павлe нe би им пишувал на сoлунскитe христијани: мoлeтe сe пoстoјанo (I Сoл. 5:17). Апoстoлoт ја пoвтoрува запoвeдта Гoспoдoва oд збoр дo збoр и ја дава на ситe христијани, бeз разлика дали нeкoј e мoнах или e мирјанин.
. Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).
























